Контакт

Соопштенија

СДСМ: Приоритет во преговорите за новата влада е борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа

Објавено пред

СДСМ води сериозни преговори за формирање влада со полн четиригодишен мандат, поддржана од стабилно мнозинство во парламентот, на која еден од главните приоритети ќе ѝ биде борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа, соопштија од партијата.

„Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер. За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење, следуваат санкции“, велат од СДСМ.

Тие што во име на граѓаните водат институции, додаваат од партијата, мора да бидат отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, велат од СДСМ, ќе воведеме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и во судската власт.

„Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите и затоа граѓаните на изборите на 15 јули ни дадоа мандат да се избориме со криминалот и корупцијата на сите нивоa. Во следниот четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче место за здравјето и животите на граѓаните се грижи за градежниот бизнис

Објавено пред

„Неколку дена по ред стапката на заразени во однос на бројот на тестирани е над 10%. Состојбата станува алармантно, а од министерот Венко Филипче нема ни трага ни глас.Додека министерот Филипче се занимава со градежен бизнис, здравството во Македонија колабира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, бројот на вкупно заболени од корона вирус надмина 17.600 заболени лица и достигна до речиси 730 починати, што е далеку повеќе од прогнозите на министерот. Македонија во пресрет на вториот бран од епидемијата има рекордни бројки на заболени и починати.

„Дополнително главниот ковид центар во државата, болницата 8-ми септември е пред финансиски колапс и нема доволно средства за набавка на материјали и нормално работење, а останатите болници секој ден се полнат со се повеќе заболени. Во болницата Козле бележат зголемен број на заболени деца и мајки од вирусот, а исто така се бележат секој ден нови бројки на заразени деца во градинките во Скопје и Македонија. Епидемијата се шири без контрола. На целата ваква состојба од министерството одговараат со мал број на тестови кои и покрај бројот покажуваат дека огромен број од тестираните се заразени од вирусот.

Тоа значи дека министерот за здравство станува се повеќе министер за ширење на зарази и епидемии, кој без јасен план и мерки не воведува во нов ризичен период.Мафијата на власт се грижи за своето богатење, а не и за здравјето и животот на граѓаните“, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Грижата за граѓаните продолжува, 27,6 милиони евра за платежни картички за 283.000 граѓани

Објавено пред

Речиси половина милијарда евра, како директна помош ќе завршат кај граѓаните и компаниите, во рамките на четвриот пакет мерки за справување со последиците од коронакризата, кој го креира и реализира Владата предводена од СДСМ.Една од основните компоненти на четвртиот пакет мерки вреден 470 милиони евра, е зајакнување и поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните со зголемување на опфатот на корисници на домашни платежни картички, соопшти партијата.

Според СДСМ, вкупно со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 наши сограѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

„Со новиот пакет економски мерки, платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.За дополнителен поттик на потрошувачката викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ.

350.000 граѓани, веќе постоечки корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, државата застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левицата: Владата доцни три недели со конкурсот за студентски легла

Објавено пред

Само три дена до одложениот почеток на учебната година не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата тој требаше да биде објавен пред три недели, велат од политичката партија Левица додавајќи дека стотици студенти се во неизвесност и стрес поради можното отсуство од наставата.

„МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани. Во изминатите шест месеци ресорното Министерство успеа да објави конкурс за студентско сместување на 28.7.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите што зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.9.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собранието) предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог на студентите и учениците што конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но поради намалениот број сместувачки легла, не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите“, велат од Левицата.

Како што се додава во соопштението, за да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет-платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.

По овој план, според Левицата, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување, кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Од политичката партија оценуваат дека со ова темпо на динамика на решавање круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, а учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет1 час

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија1 час

Министрите на владина седница ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12 часот во Свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет2 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа2 часа

Село во Романија по третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт11 час

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион13 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет15 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет15 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија16 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија17 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија21 час

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија21 час

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион21 час

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет22 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет22 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија23 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион1 ден

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија1 ден

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија1 ден

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Досие