Контакт

Соопштенија

СДСМ: Сите граѓани и политички партии да дадат придонес за пописот

Објавено пред

Сите граѓани и политички партии да дадат придонес за пописот, по 19 години, државата да добие прецизни и целосни податоци, повика СДСМ.

Од таму велат дека Законот за попис на населението што го усвои парламентарното мнозинство предводено од СДСМ гарантира спроведување на оваа статистичка операција по сите меѓународни пракси и стандарди од страна на Државниот завод за статистика, кој има капацитет и подготвеност да спроведе успешен попис по 19 години.

„Успешно реализираниот попис ќе донесе прецизни, целосни податоци за демографската, социјалната, образовната, верска и национална структура на населението и ќе обезбеди релевантни податоци и насоки за тоа како треба да се движат економијата, образованието, социјалната политика, детската заштита… Со успешно реализиран попис точно ќе ги мапираме потребите на регионите и единиците на локалната самоуправа, кои ќе добијат релевантни и точни информации, на кои ќе го базираат локалниот и регионалниот развој“, велат од СДСМ.

За да се спроведе оваа обемна статистичка операција, додаваат од таму, потребно е секој поединец, секоја политичка партија, да даде придонес во реализација на оваа операција важна за развојот на државата.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски нема капацитет за заедништво

Објавено пред

Од владејачкиот СДСМ велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека нема никаков капацитет за заедништво, ниту дека сака да придонесе за доброто на државата.

„Воден од наредбата да го брани криминалот на Сашо Мијалков и на Никола Груевски, Мицкоски ја кочеше правдата во државата и затоа беше против Законот за Јавно обвинителство со цел да спречи правна разврска на предметите од СЈО, но не му успеа и сега патот на правдата е чист, и изречени се и судски пресуди. Преку своите министри и заменик-министри во техничката Влада, Мицкоски работеше и на штета на институциите кои се бореа со вирусот“, анализираат од СДСМ.

Според нив, Мицкоски ниту во време на светска здравстена криза не покажа, како што велат, капацитет за сплотеност, за заедничка работа во интерес на граѓаните и државата.

„Мицкоски со месеци ги лажеше граѓаните дека има мнозинство и дека ќе стане премиер, но доживеа уште еден дебакл во Собранието, кога се изгласа доверба на Владата предводена од Зоран Заев. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да прекинат со блокадите по желба на Мицкоски и да застанат на страната на граѓаните и на државата“, напоменуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Нема услови СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да формираат заедничка влада

Објавено пред

Демократскиот сојуз цени дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што велат од оваа политичка партија, ниту понудата е сериозна, ниту, пак, одговорот е искраен.

„Поради ова, нaместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализација, стабилност на државата и економскиот развој“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава и дека опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашања.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Грижата за земјоделците и инвестициите во аграрот продолжуваат

Објавено пред

Владата и премиерот Зоран Заев продолжуваат со вистинска грижа и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка, потенцираат од СДСМ.

Oд владејачката партија информираат дека досега преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплатени се над 512,5 милиони денари на 23.524 субјекти.

„Се работи за исплата на директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. Во текот на 2020 и 2021 година се доделија 540 договори за набавка на нови трактори, со што 540 земјоделци ќе добијат можност да ја обноват својата механизација за подобра обработка на нивните посеви и за оваа цел одвоени се 206 милиони денари“, информираат од СДСМ.

Од таму додаваат дека и во време на криза не изостанува поддршката за земјоделците и агросекторот од ИПАРД-програмата.

„Во текот на 2020 година и почетокот на тековната 2021 потпишани се 507 ИПАРД-договори за инвестиции вредни 1.35 милијарда денари. Во период од 15 месеци кога беше отежнато работењето и функционирањето на институциите се склучија договори и партнерски однос со над 1.280 субјекти за нови инвестиции вредни 30 милиони евра. Поддршката е реална и неселективна и е достапна до секој земјоделец “, велат од владејачкиот СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Американците тврдат дека пронашле лек за коронавирусот, во употреба за шест месеци

Новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да го смени текот на епидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е...

Македонија47 минути

Комисијата предлoжи воведување полициски час во Македонија од 22 навечер до 5 часот наутро

Министерстeрот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска до Главниот координативен кризен штаб предложи воведување...

Регион1 час

Словенија ги отвора кафулињата, рестораните и средните училишта во пробен период од седум дена

Од денес, кафулињата и рестораните во два региона, во Посавје и на југоисток од Словенија, ќе можат да работат нормално...

Европа2 часа

ЕУ очекува двојно повеќе вакцини од април

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Унијата очекува двојно да се зголеми снабдувањето со вакцини од...

Забава3 часа

Меган тврди монархијата одбила да го направи Арчи принц поради бојата на кожата

Меган, сопругата на принцот Хари, изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде...

Македонија3 часа

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет15 часа

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет18 часа

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија19 часа

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија19 часа

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија19 часа

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Европа20 часа

Скандал во Бундестагот: Пратеници профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет20 часа

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија21 час

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија21 час

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија22 часа

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа22 часа

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од...

Свет1 ден

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката...

Македонија1 ден

Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од...

Досие