Контакт

Соопштенија

СДСМ: Со шарената револуција народот си ја спаси државата

Објавено пред

Со шарената револуција илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет, велат од владејачката партија СДСМ по повод петгодишнината од почетокот на ова граѓанско движење.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда сè додека оваа партија не беше поразена од граѓаните“, истакнуваат од СДСМ од каде додаваат дека политиките на Владата од 2017 година па до денес останале доследни во почитувањето на барањата и заложбите на шарената револуција.

„Денес предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните. Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и денеска како партија знае, како што велат, само за режим, само да брани криминал и да шири лажни вести.

„Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат сè додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго“, посочуваат од владејачката партија.

Соопштенија

Алијансата зa Албанците – Алтернативата: Овaа е антиевропска и Влада штетна за граѓаните

Објавено пред

Деновиве, кога беше одбележан Денот на Европа, слушнавме десетици изјави и објави на функционери од оваа Влада, кои да не ги познававме и да не ги знаевме нивните дела, ќе поверувавме дека целиот товар на ЕУ паднал врз нивните плеќи, реагираат од коалицијата „Алијанса за Албанците/Алтернатива“.

„Оваа Влада е формирана врз парадигмата на измамата ‘албански премиер’, со што станува извршната власт што го уништил секој демократски и морален критериум за учество на избори, оваа Влада е резултат на изборите од 15 јули 2020 година, кои за нас се нелегитимни бидејќи на тие избори манипулацијата на гласот, кражбата, купувањето и другите форми на нарушување на демократската волја станаа стандард на држава, која, барем официјално се стреми да биде членка на ЕУ, оваа власт му издаде градежно земјиште во вредност од 200 милиони евра на контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ, кој спонзорира антиевропска агенда во регионот“, потенцират од коалицијата.
Според нив, Владата потфрлила со образовниот процес во време на пандемија, а резултатите од овој неуспех, како што велат, ќе се чувствуваат уште долго во иднина.

„Оваа Влада се однесува кон пандемијата во стилот ‘нека се спаси кој како може!’, па затоа денес стапката на смртност во РСМ е највисока во Европа, а имунизацијата е меѓу најниските во нашиот континент, оваа Влада овозможи да добијат пасоши над 200 меѓународни криминалци, кои се бараат во светот, со што потврди дека РСМ стана засолниште на криминалците и дека оваа власт е длабоко вклучена во меѓународниот организиран криминал“, потенцираат од оваа партија.

Од таму сметаат дека ваквите состојби се најдобриот доказ, како што велат, дека оваа држава креира друга агенда и се откажала од евроинтеграциите.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левицата поднесе предлог-закон за намалување на платите на уставните судии

Објавено пред

Пратениците на Левицата, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на Собранието на Република Македонија, поднесоа предлог-закон за измена и дополнување на Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица на РМ.

„Целта на овој предлог-закон е да се анулира додатокот за плати, кој уставните судии си го изгласаа со промена на Деловникот во октомври 2020 година, а со кој ќе може да примаат додатоци до 35 % од основната плата, кои ќе изнесуваат дури до 500 евра! Имено, овој специјален додаток се однесува на: посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост!? Сметаме дека во случајов нема никаков правен основ за овие додатоци – бидејќи уставните судии работат апстрактни спорови (т.е. судир на акти), а не конкретни спорови меѓу странки“, реагираат од оваа партија.

Според Левицата, тие го кршат Уставот по неколку члена, и тоа: чл. 113, каде што со акт на судот им е дозволено да се уредува само „начинот на работа и постапката“, а не и платата и чл. 109, каде како што посочуваат од партијата е нагласено дека се избрани од Собранието и со тоа за нив важи Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица на РМ, а материјата за плата не може да се уредува со менување на Деловникот.

Од таму потенцираат дека постојат индиции за вршење кривично дело по чл. 353 од КЗ, односно „злоупотреба на службената должност и овластувањето“, за што, како што посочуваат тие, преку правен тим ја разгледуваaта можноста за поднесување кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска насила спроведува промени иако учениците сакаат хартиени учебници

Објавено пред

Да имаше Мила Царовска барем малку чувство за потребите на сопствениот народ, ќе прошеташе меѓу него и ќе разбереше дека насилната реформа, која ја спроведува во образованието, е осудена на пропаст. Наместо тоа, таа повторно не најде време да се соочи со претставниците на речиси 75.000 родители, се вели во соопштението на опоизициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Дигиталните учебници без хартиен учебник се неприфатливи за поголем дел од населението иако само 75.000 се осмелиле, во тоталитарниот режим, да го објават своето мислење. Оние што немаат дигитални уреди и припаѓаат на ранливите категории нема ни каде ни кому да му се обратат“, се навадувва во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, дополнително не се слуша ниту гласот на учениците.

„Тие бараат, децата бараат, хартиени учебници и настава во училиштата со физичко присуство. Тие самите се повеќе свесни за социјалната разлика што се создава со ваквиот непромислен проект. Тие самите се борат за знаење, а арогантната министерка упорно натура свои идеи“, стои во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија4 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија4 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија6 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија7 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија7 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет9 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија10 часа

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион11 час

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија11 час

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет12 часа

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет12 часа

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион22 часа

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија1 ден

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија1 ден

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија1 ден

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија1 ден

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија1 ден

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет1 ден

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Досие