Контакт

Соопштенија

СДСМ: Целиот демократски свет го поздрави усвојувањето на уставните измени

Објавено пред

Со усвојувањето на уставните измени имплементиран е Договорот од Преспа со што се отвораат перспективите кон светла македонска иднина во ЕУ и НАТО, велат од владејчката СДСМ.

„Целиот демократски свет, Европската унија, САД, НАТО, Германија, Велика Британија, Европската комисија, Австрија и други го поздравија усвојувањето на измените на Уставот, честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните и ја потенцираа нивната натамошна поддршка во процесот на интеграција во двата најмоќни сојузи во светот.

Сами, без поддршка од граѓаните и целосно изолирани остана раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев и неговиот портпарол Христијан Мицкоски. Дебакл за маргинална група верна на кукавицата Никола Груевски, осамена во поразените политики на деструкција и изолација. На страна на граѓаните, напредокот и иднината е целиот демкократски свет, прогресивните демократски сили во државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека македонското едно општество се издигнало над политките на изолација и поделби, „идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена“, се посочува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Најповикан за лажни вести во белиот дворец е Николовски, кој веќе еднаш загуби на суд за клевета

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски во очај продолжуваат да измислуваат и да пласираат лажни вести, а најповикан за тоа е токму Николовски, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој обвини дека Зоран и Вице Заев два дена не кажувале што разговарале со осомничените во „Рекет“.

„ВМРО-ДПМНЕ е толку безидејно и очајно што тргна во секојдневни и неосновани напади врз претседателот Заев и членови на неговото семејство. ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски знаат дека се поразени од сите што ` мислат добро на земјата и затоа постојано измислуваат и и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести. А најповикан за лажни вести во белиот дворец е токму потпретседателот Николовски, кој веќе еднаш загуби на суд за изречена клевета. Стравот во белиот дворец кулминира со носењето на Законот за Jавно обвинителство и неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Николоски: Зоран и Вице Заев два дена не кажуваат што разговарале со осомничените во „Рекет“

Објавено пред

Зоран и Вице Заев два дена бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на прес-конференција.

„Се потврдува она за што имавме индиции пред два дена. Практично, немаме друга европска држава во која премиер се гледа со главни осомничени во најголем корупциски скандал во државата. Во ниту една друга европска држава братот на премиерот не остварува координација со главни осомничени во најголемиот корупциски скандал во државата. Од сега па натаму „Рекет“ не е изолиран случај или системски пропуст, како што сакаше власта да го објасни, туку станува државен рекет, каде што премиерот и неговиот брат се вмешани“, рече Николоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев и Вице Заев остварувале средби и се координирале со Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец.

„Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев. Не објаснуваат што зборувал Зоран Заев на средбата со Катица Јанева во август кога веќе на целата македонска јавност ѝ беше познато за случајот ‘Рекет’ и беа објавени во јавноста снимките во кои се гледа торбата ‘луј витон’. И што правел во текот на јуни и јули братот на премиерот, Вице Заев, заедно со Зоран Милески – Кичеец. Ако е вистина дека Зоран Заев го пријавил прв случајот, како тогаш се гледале тој и брат му со главните осомничени во случајот во кој тој прв го пријавил? Два дена има свесно избегнување одговори и креирање лажни вести, проѕирни спинови само за да се одбегне одговорот на прашањето што барала Катица Јанева на средба со Зоран Заев? И што барал Зоран Милески – Кичеец, веќе осуден, на средба со Вице Заев?“, праша Николоски.

Тој нагласи дека постои јасна потврда од МВР оти осомничените лица во случајот „Рекет“ биле под целосен надзор и тоа видео, фото и аудио, па јасно се поставува прашањето зошто во судот не се презентираат тонските записи од разговорите што овие лица ги правеле.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Трипуновски: СДСМ на криминален начин сака да подели илјадници хектари државно земјоделско земјиште

Објавено пред

Трајан Димковски и СДСМ на криминален начин сакаат да им поделат илјадници хектари државно земјоделско земјиште на свои партиски војници непосредно пред изборите, обвини Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Вкупно два огласа и четири јавни повици за распределба на државно земјоделско земјиште се распишани во последниот еден и пол месец, со кои спротивно на законот и подзаконските акти се предвидува можност за расцепување на земјоделските парцели помеѓу повеќе лица. Димковски постапува во спротивност на неколку закони кои ги регулираат земјоделското земјиште и Правилникот за избор на најповолен понудувач“, рече тој.

Со постапките за доделување земјоделско земјиште, рече Трипуновски, Димковски го крши чл. 3, ст. 6 од Правилникот, според кој е предвидено дека не може да се дели, односно цепи, една катастарска парцела. Со цел да го покрие криминалот, рече тој, Димковски врши измена на Правилникот на 22 јануари, последен ден од завршување на постапките.

„Истовремено, свесен дека не може да го примени ретроактивно Правилникот, по брза постапка на три дена пред распуштањето на Собранието преку група пратеници предлага и измени во законот, со кој признава дека постапките му се почнати спротивно на законските норми и противуставно бара измената на Законот за земјоделското земиште да важи ретроактивно. Обидот шверцерски да се протуркаат измените во Законот за земјоделското земјиште не успеаја. Иако свесен за незаконското постапување, Димковски продолжува да ги криши законите, моментно тој дели земјиште по однос на 2 огласа, што само по себе повлекува одговорност и за него лично, но и за комисиите“, рече Трипуновски.

Тој го повика Димковски и членовите во комисиите за доделување земјоделско земјиште да го почитуваат законот и да ја преиспитаат законитоста на спроведените постапките, особено по однос на четирите јавни повици.

„Дополнително, го повикувам Трајан Димковски да им објасни на повеќе од 1.600 земјоделци, кои потрошија време и пари за изработка на елаборати и собирање друга документација, дека поради негов пропуст и незнаење, ќе останат и без пари и без земјиште. Димковски и членовите на комисиите да не се дрзнуваат да влегуваат во криминал и да ги кршат законите, тие треба да знаат дека секое незаконие ќе биде санкционирано по 12 април“, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со Brexit придонесе за пад на...

Свет36 минути

(Видео) Деветмина убиени во пукање во близина на Франкфурт, напаѓачот е пронајден мртов

Најмалку девет лица се убиени, а петмина се повредени во вооружен инцидент во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт.Полицијата...

Свет55 минути

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово за...

Спорт10 часа

(Видео) Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет12 часа

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион13 часа

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион14 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ14 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија16 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија16 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ17 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија18 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија19 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија19 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија19 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет20 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија21 час

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија22 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија22 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија23 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Досие