Соопштенија
СДСМ: Ќе обезбедиме недела неработен ден и повисоки плати за работниците

СДСМ и парламентарното мнозинство во континуитет покажуваат дека се на страната на работниците, велат од оваа партија.
„Оттаму, целосно го разбираме барањето на Сојузот на синдикати за деблокирање на законите кои се во интерес на работниците. Работниците со право бараат заштита, а СДСМ и стабилното парламентарно мнозинство се единствената опција за заштита на работничките права“, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги исполни барањата на синдикатите и работниците.
„За недела неработен ден, за повисока минимална плата, единствено решение е ново парламентарно мнозинство и Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период“, порачуваат од паритјата и нагласуваат дека блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Комити купуваат дел од ФК Вардар: На ваков чекор се одлучивме од повеќе причини

Навивачите на ФК Вардар, во договор со сопственикот на клубот Слободан Крстевски, отпочнуваат постапка за стекнување на 25% од акциите на клубот, напишаа тие на социјалните мрежи.
„Во склоп на договорот, членови на нашата група ќе станат дел од сите структури, и ВОЛОНТЕРСКИ ќе ги извршуваат сите тековни задачи, а се со цел нормално функционирање на клубот. НЕ ЗА ПАРИ – ЗА КЛУБОТ!“, се потенцира во објавата.
На ваков чекор, како што појаснуваат, се одлучиле од повеќе причини.
„Првенствено, затоа што не можевме повеќе да ја гледаме катастрофалната ситуација во која се наоѓа нашиот Вардар. Предолго веќе трае агонијата. Сите визии и планови кои ни беа презентирани се мртви. Сите рокови во кои требаше да бидат исполнети, се одамна поминати. Вардар низ годините, од спортски гигант, стана предмет за пресметка помеѓу разни струи, кои преку нашиот клуб единствено сакаа да си ги исполнат личните цели, кои по нас, немаат допирна точка со она како ние гледаме на работите, како ние гледаме на Вардар.
Како група помагавме и максимално се трудевме, клубот и покрај сите проблеми, да продолжи да функционира, да оди напред. Но, околностите во овој момент, бараат од нас радикална одлука. Главната цел на ваквиот наш чекор е целосно расчистување на долгот на ФК Вардар кон сите институции и физички лица, воспоставување на здрав долгорочен систем, во кој главен удел ќе имаат кадарните лица, чија главна цел ќе биде, спортскиот успех на клубот и создавање подобра иднина, за која сите ние заедно ќе треба да се избориме!“, подвлекуваат во напишаното.
Ќе тропнеме на секоја врата, појаснуваат понатаму.
Покани, како што велат, нема да чекаат а планот ќе го презентираат секому.
„Веруваме дека ќе наидеме на конструктивност и желба за соработка. Пред секој состанок, со секоја надлежна институција, јавно ќе ги обзнаниме нашите конкретни барања. По завршување на секој состанок, јавно ќе го озбаниме исходот, односно резултатот од средбата. Веруваме дека на ваков начин, јавноста, народот, ќе има најдобра прилика да увиди кој конкретно го помага, а кој го минира и одмага спроведувањето на нашиот план.
Радува фактот што, веќе денес, заедно со Општината Аеродром, успеавме да изнајдеме решение, со кое на ФК Вардар, му се препишува фудбалскиот терен, лоциран во близина на С.Ц. Јане Сандански, кој по завршување на законската рамка, ќе стане достапен за нашите фудбалери. Благодарност до Општина Аеродром, до советот и градоначалникот, за конструктивната соработка и желбата да му се помогне на ФК Вардар. Веруваме дека сите институции и општини ќе го следат овој пример, ќе ја имаат истата волја, и ќе придонесат кон побрзо решавање на проблемите поврзани со клубот“, се нагласува во напишаното.
Доколку, како што додаваат, во периодот што следи, се појават одредени спонзори, чии цели би биле во дослух со нивните, тие како засегната страна, би биле отворени за разговор, и за можен потенцијален договор.
„Но, на секого нека му биде јасно дека ќе мора да се исполнат одредени критериуми. Нема да дозволиме ФК Вардар да стане полигон за остварување на личен профит, и нема да дозволиме преку грбот на клубот, да се пазари!
За крај, сакаме да потенцираме, дека нашиот легитимитет не го црпиме само од правен аспект, туку сметаме дека ова е нашето природно право, поради сите заложби и акции преку кои активно сме помогнале на клубот. Секако, најголемиот легитимитет го црпиме од народот, кој ја препозна нашата искреност, и не поттикна уште повеќе на ваков чекор. Вардар е клуб на народот, бил и ќе биде. Заедно ќе се избориме за неговата иднина“, истакнуваат комитите на ФК Вардар.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Груби е свесен дека ќе издржува затвор, дури и самиот си ја одреди висината на казната

Добро е Артан Груби што е свесен дека ќе издржува затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно денес на прес-конференција првиот вицепремиер рече: „ако се проневери и еден денар од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д на „Бехтел и Енка“, ние политичарите да скапеме во доживотен затвор“.
„Груби лаже и затоа растура пердуви.
Кога не би лажел требаше да одговори:
Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за „Бехтел и Енка“ да важи англосаксонско право?
Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени?
Зошто сите грешки од проектирањето на „Бехтел и Енка“ ќе ги плаќа државата т.е. граѓаните?
Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската која ја преземале за зголемување на часовите на работна недела?“, се наведува во писмената реакција на опозициската партија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Османи да си поднесе оставка, го прекрши Уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер

„Османи да си поднесе оставка, го прекрши Уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер.
Во согласност со Уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот. Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик. Јазикот што го говорат 20 % од населението во Република Македонија е службен јазик во државата, но не и во меѓународните односи.
Уставот е дециден. Јасна е дистинкцијата што ја прави Уставот, а тоа е дека единствен официјален јазик во меѓународните односи е македонскиот јазик.
Уставот е највисок правен акт во државата и тој може директно да се применува.
Османи треба да се извини и да си поднесе оставка“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ