Соопштенија
СДСМ: 36.000 членови досега го ажурирале своето членство

„СДСМ секојдневно расте, се менува, развива и модернизира, се дигитализира за уште подобро да им служи на граѓаните и на државата.Процесот на ажурирање на членството на СДСМ се одвива со одлично темпо, членовите се силно мотивирани.За три недели околу 36.000 членови направиле ажурирање на своите податоци го потврдиле членството во СДСМ, а процесот продолжува до 25 февруари“, соопшти партијата.
Според нив, голема е заинтересираноста на нови членови, на многу млади кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ, кон најсилната, најмодерната и најдинамичната партија.
„Граѓаните препознаваат дека само со СДСМ може да продолжи напредокот, интеграцијата, да се обезбеди правда и развојот на нашата држава.За СДСМ најважни се вредностите, визиите, политиките, кои значат напредок, еднаквост, социјална држава, ефикасно здравство, институции, повеќе пари кај граѓаните, повеќе инвестиции, капитални проекти, поголеми плати и пензии, повеќе мерки и пари за фирмите, поголеми шанси за младите и систем, ред, правда и поредок.Нашата партија е креатор и гарант на концептот Едно општество за сите граѓани, затоа во СДСМ пристапуваат и Македонци и Албанци, но и Турци, Срби, Роми и Бошњаци.СДСМ е единствената партија која има организирано политичко делување во сите општини низ државата. Во секоја општина направивме општинска организација.СДСМ продолжува да работи уште поодговорно, посветено за интересите на граѓаните и државата“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Левица: Правда ќе има само со конфискација на нелегално стекнатиот имот на Мијалков

Правда ќе има само со конфискација на нелегално стекнатиот имот на Сашо Мијалков, реагира Левица по денешната пресуда од 12 години затворска казна за поранешниот директор на УБК.
„После фијаското со самопријавувањето на Мијалков во Обвинителството и скандалозната изјава на премиерот Заев дека тој лично координирал со акцијата, како да е обвинител, а не премиер – денес беше изречена 12 години затворска казна за поранешниот директор на УБК. Се работи за еден од најголемите криминали и злодела на претходниот режим, преку кој масовно беа нелегално прислушувани тогашни критичари на власта, вклучително и претседателот на Левица – Димитар Апасиев“, велат од партијата.
Со падот на тогашната власт, додаваат од Левица, Сашо Мијалков продолжи да биде продолжена рака на новиот режим, директно учествувајќи во недемократските процеси на новата Влада, како што беше насилната промена на уставното име. Впрочем, додаваатод партијата, семејните фирми на Мијалков неколкукратно ги зголемија своите профити преку државни тендери доделени токму од власта на СДСМ.
„И покрај помпезните изјави на власта дека со оваа одлука правдата е задоволена, политичката пракса во Македонија го покажува спротивното. Впрочем, денеска како главен преговарач со Бугарија и ревизор на учебници е поранешен премиер кој беше осуден на три години затвор, пресуда која никогаш не стапи на сила. Да не заборавиме дека токму денешниот премиер на Македонија е аболицирано лице, додека пак како амбасадор во САД е испратен Фрчковски – лице со кое се врзуваат многу скандали и контроверзии, особено од времето кога токму тој беше Министер за внатрешни работи при што се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, случај кој никогаш не беше расчистен. И на крај, разните случаи на бегство и застарување на делата, како што е случајот токму со премиерот од претходниот режим Груевски, остава голем сомнеж дека и во овој случај ќе се создадат слични околности кои ќе значат прикриена амнестија на криминалецот или негова привилегирана положба на „издржување“ на казната“, се наведува во соопштението.
За правдата да биде задоволена, Левица сметта дека потребно е спроведување на конфискација, односно како што предвидува член 97 од Кривичниот законик: „Од сторителот ќе се конфискува имотната корист прибавена со кривичното дело што се состои во пари, подвижни или недвижни предмети од вредност, како и секоја друга сопственост…, а ако нивната конфискација не е можна на сторителот ќе му се конфискува друг имот што одговара на прибавената имотна корист. Имотната корист се конфискува и од трети лица на кои е пренесена без соодветен надоместок, ако не знаеле, а можеле или биле должни да знаат дека е прибавена со кривично дело.”
„Јасно е дека Мијалков ја злоупотреби својата политичка моќ, преку која прибави огромна економска корист и политичко влијание при што постана еден од најбогатите олигарси во државата. Токму концентрацијата на политичка и економска моќ ги предизвикува сите девијантни појави на системот – како неказнивост, корупција, уцени и сеење страв спрема граѓаните. Затоа, не е доволно да се лиши Мијалков од слобода, туку нужно потребно е истиот да се лиши од плодовите на неговите криминални дејствија“, се наведува во соопштението.
Соопштенија
Левица: По чија мерка се прекројува образованието?

Неприфатливо е политичари да дискутираат за содржини во учебници и да најавуваат промени и цензура, реагираат преку соопштение од политичката партија Левица.
Осврнувајќи се на реформите во образованието од оваа партија велат дека основна особеност на образованието и науката е објективноста.
„Содржините во учебниците треба да бидат јасни, илустративни, соодветни на возраста и степенот на образование, засновани на потврдени и прифатени научни факти, а не дали тие се прифатливи или неприфатливи за дневнополитичките манипулации и трибалистичкиот популизам на одредени политички групации. Тоа што е неприфатливо е дневната политика и тесните партиски интереси да ги кројат наставните програми и учебниците, според кои ќе се образуваат децата и младите во Македонија“, велат од Левица.
„Да не заборавиме дека Арбр Адеми, довчерашниот министер за образование, денешен преговарач за квалитетот на учебниците, се има стекнато со научно звање надвор од законски дадената рамка на криминален начин, што ни малку не го препорачува за лице соодветно за преговори, освен ако и измените не подразбираат некое незаконско дејство“, стои во соопштението од таму.
Додаваат, дека Левица во својата изборна програма и низ своето дејствување се залага за образование и учебници по мерка на личноста, бесплатно, јавно и достапно за сите, затоа што само такво образование според нив може да креира личности кои ќе успеат да создадат пристојно општество за живот.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков бил во Србија, од таму преговарал со Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција за случајот со Сашо Мијалков.
„Крими-коалицијата Сашо Мијалков-Зоран Заев го урива системот. Мијалков од Србија преговарал со Заев, а Заев лаже дека Мијалков не го напуштил Скопје. Доколку е така, зошто е распишана национална, а потоа и меѓународна потерница? Заев ја претвори државата во тезга“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму прашуваат: „Доколку Мијалков бил во Скопје, тогаш зошто МВР не извршила претрес во станот или куќата каде што бил сместен Мијалков и што нашле таму?! Што крие Заев и дали мисли дека јавноста верува во приказните за качување и симнување на температура“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија идната година, како што велат „наместо на 111. би била на 150. место“ по стапката на корупција.
„Македонија тоне во корупција. Со Заев никогаш нема ниту да излезе“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер