Контакт

Соопштенија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов призна дека „Вардариште“ го загадува Скопје

Објавено пред

Петре Шилегов денес призна дека „Вардариште“ го загадува Скопје и ја уништува животната средина. „Вардариште“ е депонија направена од Град Скопје и со години го труе градот, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Тие велат дека Шилегов три години ветува решавање на проблемот со „Вардариште“.

„На ‘Вардариште’ се гори секаков отпад, а тоа го дишат граѓаните. Од миризбата и запалената депонија страдаат жителите и на Гази Баба и на Аеродром. ‘Вардариште’ е проблем за цело Скопје, особено сега кога Скопје се задушува. Мерните станици во Скопје веќе неколку дена по ред покажуваат 2-3 пати повеќе загаденост над дозволеното, а ниту една мерка не е преземена. Шилегов три години преспа. Три години не е направено ништо за животната средина. Од ветениот чист воздух, нови зелени површини и почиста животна средина нема ништо. Време е за одговорност“, пишува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Со апсурдните амандмани опозицијата го девалвира Собранието

Објавено пред

Со илјадници апсурдни амандмани ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата го девалвираат Собранието и им нанесуваат штета на граѓаните, наведува владејачкиот СДСМ во соопштение.

„Срамно и неодговорно е однесувањето на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, за блокирање на работата на законодавниот дом, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, додека бојни категории граѓани, претпријатија, чекаат носење на важни закони за да добијат помош од државата.

Со поднесување на стотици, илјадници апсурдни амандмани на измените на Деловникот и на повеќе закони опозицијата првенствено им нанесува штета на граѓаните, бидејќи во Собранието треба да се донесат законски решенија за да им се помогне на пензионерите, на самохраните родители, на социјално ранливите категории, на невработените, но и на компаниите и на здравствениот систем.

Несериозно е да се поднесат 3.000 амандмани на измена на неколку членови на Деловникот, со кои треба да се обезбеди функционално собрание, со учество на далечина на пратениците кои се во изолација, или да се блокира носење на Законот за здравствена заштита со 500-600 амандмани.

Опозицијата во собранието, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса, со амандманите како покажување бојадисано јајце, или неносење автомеханичарски ознаки кога пратениците учествуваат во работата на законодавниот дом на далечина, си поигруваат со чувствата на граѓаните и го газат достоинството на Собранието.

Пратениците земаат плата од народните пари, бидејќи граѓаните им ја дале довербата да ги застапуваат нивните интереси, а не да ја опструираат и кочат работата на Собранието и од парламентот да прават циркус, институција за потсмев.

Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на опозицијата во Собранието нема да спречи, граѓаните со парламентарното мнозинство на СДСМ, да добијат функционален Парламент посветен на интересите на државата и на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Бучковски носат смрт за државата, а Филипче и Ангелов за пациентите

Објавено пред

Дури Заев и Бучковски носат смрт на Македонија, Филипче и Ангелов поради неспособноста се одговорни за катастрофалната смртност од коронавирусот. Ова, за жал, е рецепт за пропаст, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Дури премиерот во заминување Зоран Заев и екипата ја убедуваат јавноста дека епидемијата дека е под контрола, починаа 33 лица за само едно деноноќие, а околу 35% од тестираните се заболени. Дури власта убедува дека сè е под контрола бројот на заболени достигнува до 64.000 лица, а бројот на починати дојде до 1825 лица. Со оваа бројка Македонија е на врвот земји во светот по смртност на милион жители.

Власта одлепена од реалноста, наместо да носи конкретни мерки за заштита на здравјето и животите на граѓаните ги одбива и оние мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлага. Го одбија амандманот за обезбедување средства за набавки на амбулантни возила, го одбија амандманот со кој се бараа средства за бесплатни ковид-текстови за граѓаните. На власта ѝ е важно само да обезбеди привилегии на функционерите среде епидемија на сметка на граѓаните. За функционерите има бесплатни и експресни тестови, бесплатно лекување, а народот е оставен сам на себе.
Затоа народот бара оставка од Заев. Неговата неодговорна власт чини здравје и животи на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Обидите на Мицкоски да го блокира Собранието се опасни и штетни за граѓаните

Објавено пред

Очајните обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се блокира работата на Собранието во услови на сериозна светска пандемија на коронавирус е опасно, штетно, неодговорно и срамно однесување, велат од СДСМ.

„Немањето сопствен став, мерка или политика, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата.

Затоа бесрамно се обидуваат да блокираат носење важни закони, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застануваат спротивно од интересите на граѓаните, на стопанството, на државата.

Очигледно дека очајот и нервозата кулминираат во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста дозна за одработувањето на Мицкоски за странски цели и интереси, па затоа поднесуваат илјадници нелогични амандмани преку кои се обидуваат да го блокираат Собранието.

Залудни се обидите на Мицкоски. Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните“, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија57 минути

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на македонскиот народ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија4 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен4 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ4 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет6 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет6 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија6 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет7 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион7 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ8 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа8 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет9 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет9 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион9 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа20 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет21 час

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт21 час

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија22 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија23 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Досие