Соопштенија
Спасовски: Од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава

Денес, по 2 и пол години од преземањето на одговорноста да управуваме со институциите, можеме да констатираме колку е различна нашата држава, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, на трибината „На прав пат“ во Кичево.
„Дека државате е променета и на прав пат, треба само да го споредиме тоа време од пред 2 години кога граѓаните немаа право на слобода на говор, а денес секој слободно и храбро може да даде критика, идеjа и сугестија.Од заробена држава, денес имаме комплетно сменета држава, затоа што комплетно ги променивме политиките што ја држеа заробена и денес нашата држава гради добрососедски односи“, истакна Спасовски.
Тој порача дека како држава направивме многу реформи, ги откочивме процесите и државата тргна кон правиот пат кој го заслужува.
„Многу скоро Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ќе ги започнеме преговорите за ЕУ, иако се јавуваат дилеми кои ги слушаме од надвор, сепак одлуката ќе биде позитивна. Верувам дека искрено ќе се израдуваме на 17 и 18 и ќе го добиеме стартот за преговори“, истакна Спасовски упатувајќи порака дека деструктивните обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да успеат да ја оддалечат државата од интеграцијата во ЕУ и НАТО.
„Ќе победи напредна и просперитетна Република Северна Македонија“, порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод 30. роденден на партијата.
„Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците. Заев не кажа ништо за ‘Рекет 1 и 2’, за чантата со рекетирани пари, која, според зборовите на Бојан Јовановски, завршила кај Зоран и Вице Заеви. Заев не кажа ниту за ‘Мафија 1 и 2’ и за тоа како светски наркобосови зеле македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците од пасошкото“, стои во писмената реакција од оваа партија.
Од таму додаваат дека Заев, додека славел, ниту еднаш не ги спомнал над 4.600 загубени животи поради, како што истакнуваат од таму, лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини.
„Заев молчи и за илјадниците штедачи што останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банка. Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства. Додека Заев слави, над 150.000 семејства, чии членови го прележаа Ковид-19, се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на вратата. Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од Ковид-19, а немаше ако Заев набавеше вакцини навреме“, пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Лицемерство без граници, ВМРО-ДПМНЕ поддржува угостители на кои досега им ги блокира мерките за помош

Нема граница лицемерството на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ.
„До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството.
Токму поради таквиот однос, граѓаните не ѝ веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски и токму поради таквиот однос, ВМРО-ДПМНЕ шестпати е казнувана на избори и токму поради таквиот однос, уште долго ќе биде во опозиција“, велат од партијата.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави

Фрустрирани што помошта конечно стигнува кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави, велат од владеачката СДСМ на најавите на овие две партии за поднесување на кривични пријави поради неодамнешните случувања во Собранието.
„Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност. Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина“, потенцираат во писменото соопштение од оваа партија.
Според СДСМ, присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на Ковид -19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација.
„И ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица можат да прават сè, да продолжат со деструкциите, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата. Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните“, стои во писмениот допис од СДСМ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?