Контакт

Соопштенија

Стоилковски: Врие од партиски вработувања пред избори, но за тоа ќе има одговорност по 12 април

Објавено пред

Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев распишуваат огласи за вработувања во администрацијата, која ја нарекуваа трома, а сега ја полнат и ја партизираат без срам, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, нема јавна институција каде што одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.

„Сега ‘Царината’ распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како што е наведено, поради зголемен обем на работа до крајот на годината. Од нив еден е за кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време“, посочи партискиот портпарол.

Според него, ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа.

„Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборниот поткуп за СДСМ досега минуваше неказниво и без понесување одговорност. Но, одговорност ќе има“, рече Стоилковски додавајќи дека сите измами и криминали ќе бидат казнети по 12 април.

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Брзата одлука за строг полициски час предизвика хаос во Куманово

Објавено пред

Од политичката партија Алијанса за Албанците реагираат дека строгиот полициски час, со кој Владата забрани движење во општина Куманово во текот на целиот викенд, попладнево предизвикал хаос во општината бидејќи, како што велат, оваа мерка ја зголемила загриженоста кај граѓаните.

„Препораките за одржување на оддалеченост воопшто не се почитуваат од напнатоста на граѓаните во последен момент да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад хок повикот на Владата за полициски час, што создаде паника и конфузија“, велат од политичката партија.

Владата попладнево воведе построг полициски час кој се однесува само за Куманово, односно целосна забрана за движење за викендот, со почеток од 21 часот (денеска) до 5 часот наутро во понеделник.

Од паријата на Зијадин Села апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и без паника да се приджуваат до заштитните мерки.

Потсетување, ваквата одлука на Владата следува откако денеска беше соопштено дека заболени со коронавирус се 11 доктори од тамошната болница, при што од новозаразените 46 лица за кои беше информирано денеска, половината, односно 23 се од Куманово.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стојаноски: Наумоски во ек на епидемија ќе потроши 10.000 евра за кетеринг

Објавено пред

Во време кога компаниите ги отпуштаат вработените, кога граѓаните се соочуваат со огромна економска неизвесност, Општина Ѓорче Петров расипнички ги троши парите на граѓаните. Општина Ѓорче Петров на чело со градоначалникот Александар Наумоски во екот на епидемијата донела одлука да потроши пари за кетеринг, обвини Бојан Стојаноски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, Општина Ѓорче Петров на 19.3.2020 донела одлука за избор на најповолна понуда за набавка на угостителски услуги во проценета вредност од 500.000 денари, без ДДВ.
Наместо да се алоцираат средствата за подобро справување со кризата од вирусот, Општина Ѓорче Петров ќе потроши безмалку 10.000 евра на јадење и пиење“, рече тој.

Според Стојаноски, оваа набавка е уште една, како што рече, од низата непродуктивни трошење во кризен период, како што беше онаа за привремени вработувања, исто така склучена во екот на кризата во март во вредност од речиси 11 милиони денари.

„Меѓутоа, и оваа набавка ја потврдува неспособноста на локалната власт за менаџирање со локалниот буџет. Очигледно е дека СДСМ нема намера да се откаже од своите навики за расипничко трошење, а одговор за ваквите навики секако треба да дадат градоначалникот и Општина Ѓорче Петров“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Бачев: Стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е да се расправаат кога земјата е во криза

Објавено пред

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на денешната прес-конференција зборуваше за, како што рече, најновата срамна кавга меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоси за тоа дали треба или не треба да се стопира исплатата на пари од буџетот за партиите во 2020 година.

Според него, стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е секогаш кога земјата е во криза да се расправаат меѓу себе за сè и сешто.

„Кај народот владее страв и паника од коронавирусот, се бара начин како животот на луѓето да се врати во нормала, само Зоран Заев и Христијан Мицкоски три дена се расправаат дали да се стопираат парите за финансирање на партиите за 2020 година“, истакна претседателот на Единствена Македонија.

Според него, расправијата во која Заев божем бара, а Мицкоски божем не се согласува со откажувањето од парите за партиите, е само евтин пропаганден трик и навреда на интелегенцијата на народот.

„Прашањето е што ќе покрие Заев со 1,5 милион евра во кризата кога и самиот рече дека му требаат дури 2 милијарди и 200 милиони евра, а не е лошо да потсетиме дека Заев на изборите во 2016 потроши фантастични десет милиони евра во кампањата, а сега и на изборите што следуваат, ќе потроши десетици милиони евра“, посочи Бачев.

Единствена Македонија бара Заев да каже од каде ќе ја финансира кампањата, штом се откажува од легални пари од буџетот и порачува дека коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот со секојдневното предлагање мерки за борба против коронавирусот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион5 часа

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа6 часа

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија9 часа

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија11 час

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет11 час

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Свет13 часа

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет14 часа

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија15 часа

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет17 часа

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија17 часа

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет17 часа

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет17 часа

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија1 ден

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет1 ден

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет1 ден

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија1 ден

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија1 ден

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ1 ден

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија2 дена

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Досие