Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Заев не ги дава Дончев и Филипче иако „Рекет 2“ е класичен случај на висока корупција

Објавено пред

Октоподот на власт во Македонија бара можност да бидат забошотени скандалите „Рекет 1“ и „Рекет 2“, порача денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додаде дека „Рекет 2“ е класичен случај на висока корупција, во кој владини функционери спречувале странска компанија да инвестира и да купи домашна компанија.

„Постои сомневање за рекетирање, сомневање дека државни функционери наметнувале кому да биде продадена компанијата, постои сомневање за злоупотреба на позиции и на институции како Обвинителството и на Управата за Финансиско разунавање, поведени чисто од лукративни причини. И истрагата на обвинителството за тоа тапка во место, или молчи“, рече партискиот портпарол.

Како што кажа тој, Заев се уште не ги дава Ден Дончев и Венко Филипче, односно не бара нивни оставки кои би довеле до кредибилна истрага.

„Додека се на функции влијаат на докази, на сведоци, може да го повторат делото, може да вршат слични злоупотреби врз други компании, на штета на здравјето на граѓаните. Ниту власта се откажува од нив, ниту, пак, обвинителството тоа го бара“, нагласи Стоилковски.

Додаде дека Заев, Дончев и Филипче практично ги признале наводите во кривичната пријава за Рекет 2.

„Признаа дека спротивно на нормите пред странски инвеститор навеле наводен криминал и истрага за него пред воопшто истрага да почне – што се толкува како намерно лажење, се демантираат па се признаваат контакти со Зоран Милески Кичеец лицето обвинето во Рекет 1, се признава дека финансиите добиени од продажба на приватна компанија се замрзнати речиси цела година, а нема резултат од наводната истрага за криминогено работење“, посочи портпаролот и порача дека Македонија мора да расчисти со октоподот, за што како што кажа, веднаш се неопходни фер и демократски избори.

 

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога умреа 78 лица од ковид, Филипче и Заев се возеа со мотори во Крушево, Охрид, по течението на Радика

Објавено пред

Додека граѓаните умираат и се заразуваат, Зоран Заев и Венко Филипче си тераат прошетки со мотори, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Во овој викенд кога 78 фамилии ги изгубија своите најблиски, овие двајца кои се најодговорни за катастрофата цело време шетаа на релации од Скопје, преку Крушево, по течението на Радика, Охрид и каде ли уште не.

Овој месец изгубени се над 400 животи во Македонија затоа што Филипче и Заев не набавија навремено и доволно вакцини за имунизација на граѓаните.

Над 10.000 има нови заболени затоа што наместо епидемиолошката слика на Филипче и Заев им беа битни партиски избори, ивенти и попис.

И сега како сосем одлепени од реалноста Филипче и Заев без око да им трепне се развозуваат со мотори низ Македонија во еден од најцрните викенди во КОВИД епидемијата.

Срамно и бедно. Но тие очигледно се оперирани од срам и одговорност, бидејќи дозволија Македонија да биде на врвот по смртност и на дното по вакцинација во светот“ се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мерките за помош на економијата даваат резултати

Објавено пред

Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од коронакризата, креирани и реализирани до институциите предводени од СДСМ даваат резултати, соопшти СДСМ.

„ Со четирите пакети мерки 860 милиони евра завршија директно кај граѓаните и во стопанството.

Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена.

Во однос на преткризниот период, бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека 5 отсто е растот на даноците и придонесите.

Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.

Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува.

СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија“ се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: Потребна е национализација на приватните болници

Објавено пред

Политичката партија Единствена Македонија преку соопштение порача дека е згрозена од информацијата оти 20-дневно лекување од коронавирусот во приватните болници изнесува 12.000 евра.

Единствена Македонија ја повикува владата да изврши целосна национализација на приватните болници, хотели, возниот парк и други соодветни објеки, оценувајќи дека такво нешто е потребно во ова тешко време со здравствена катастрофа.

„Ова е крајно морална и правична мерка, бидејќи, општо познато е како се збогатија македонските газди на болници и хотели со тендери и привилегии од сите власти во изминатите 30 години, а посебно транзициските бандити во криминалната и нечесната приватизација и постприватизација со грабеж на народниот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. Сега е моментот македонските газди да се одолжат на државата и народот со ставање на приватни болници, хотели, возниот парк и други соодвети објекти, бесплатно и без никаков надомест во функција на заштита на здравјето на народот. На тој начин и македонските тајкуни на конкретен начин ќе покажат дека се на страната на народот“, велат од Единствена Македонија.

Како што се додава во соопштението, Единствена Македонија очекува од Владата прифаќање на оваа мерка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирус, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет1 час

Поединци немаат чувство за вкус и мирис дури една година по заразата со коронавирусот

Три дена по позитивниот тест за коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија4 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија19 часа

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија21 час

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија22 часа

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија23 часа

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија23 часа

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет23 часа

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија1 ден

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа2 дена

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Македонија2 дена

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Свет2 дена

Кина дневно произведува 5 милиони дози вакцини, целта е да достигне 3 милијарди годишно

Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на годината, изјави официјален претставник на Националната...

Топ2 дена

Три лица осомничени за силување на 18-годишна девојка во Струмица

Против три лица поднесена е кривична пријава за силување на 18-годишна девојка од Струмичко и за помагање во извршување на...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ на протест: Од коронавирус починаа 4.150 граѓани, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево

Обвинувања за справувањето на власта со состојбата со коронавирусот и пораки за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче и...

Македонија2 дена

Вработени во обвинителството, медиумите и инспекциските служби ќе се вакцинираат следната недела

Следната недела ќе почне вакцинирањето на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Со нив, се очекува...

Свет2 дена

„Фајзер” и „Бионтек” бараат нивната вакцина да се користи за деца од 12 до 15 години

Фармацевтската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ побарале од Управата за храна и лекови на САД итно проширување на...

Свет2 дена

„Ковакс“ ќе испорача третина од милијарда вакцини до средината на годинава

Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ планира да испорача низ сиромашните земји од светот една третина од милијарда дози вакцини...

Досие