Контакт

Соопштенија

Трипуновски: Атанасов мора да поднесе оставка зошто две недели криеше за антраксот во Македонија

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, човек кој е пулен на Заев, две недели криеше од македонската јавност дека во земјата има случај на антракс, рече во изјава за медиумите Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Атанасов, кој е и претседател на партиската комисија за земјоделие на СДСМ, годинава го оставил добитокот во 22 дистриктни подрачја во земјава невакциниран од антракс, а, како што рече, поради тоа постои сериозна опасност болеста што се пренесува и на луѓето да се рашири на целата територија на Република Македонија.

„Атанасов со своето неодговорно однесување, го прекршил и законот според кој е должен да ги извести граѓаните кога има случај на антракс во државата. Тој тоа не го сторил и свесно го криел. Зошто, сè уште не одговара“, праша членот на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски побара оставка од директорот на АХВ, истакнувајќи дека нестручното и неодговорното однесување и управување со институциите покрај економските загуби во сточарството може да предизвика и човечки жртви.

Соопштенија

(Видео) Петров: Креираме политики за младите да успеат во татковината

Објавено пред

Наша цел е да креираме и реализираме мерки и политики што ќе им овозможат на младите да успеат тука, во својата татковина. Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ за доделување младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој рече дека со оваа мерка опфатени се сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во произведствена дејност.

„Мерката ги опфаќа и младите лица вработени во произвоствена дејност преку приватна агенција за вработување, како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување. Нашата цел преку оваа мерка е поттикнување на вработувањето на младите лица во производствена дејност по завршувањето на средното образование. Со оваа мерка истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите, но и ги задоволуваме потребите на работодавците со квалификувана работна сила“, рече Петров.

Покрај младинскиот додаток, додаде тој, дел од системот мерки што успешно беа спроведени и реализирани е и „Младинската гаранција“, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега вработени се речиси 6.000 лица.

„Во Собранието е усвоен и Законот за младинското учество и младинските политики. Со овој закон првпат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади. Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младинските политики и има цел зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политиките за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната улога во општеството“, рече Петров.

Тој рече дека е намалена стапката на невработеност кај младите на 35 отсто, која во 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ била 48,2 отсто.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ: Итно да се изгласа забрана за увоз на отпад како гориво

Објавено пред

Зелената партија ДОМ бара итно да се изгласа измената на Законот за управување со отпадот предложена од пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска. Со тоа ќе се забрани увоз на отпад како гориво и ќе се отстрани тој извор на загадување во време кога аерозагадувањето е многу високо, а институциите за контрола слаби.

„Деновиве, македонското Собрание ја разгледува седницата на која се наоѓа оваа точка. На изненадување на предлагачите и на сите што го следат процесот, на вчерашната сесија претседателот Џафери ја прескокна точката, со образложение дека не се создадени деловнички услови за разгледување. На процедурална забелешка од Поповска дека законот е поддржан и од матичната комисија и од Законодавно-правната комисија и со тоа се исполнети деловничките услови, следуваше ново појаснување од претседателот дека всушност не е постигната согласност за разгледување од страна на координаторите на пратеничките групи“, велат од ДОМ.

Партијата ги повикува собраниските координатори да не го попречуваат изгласувањето на законот кој е во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Стоилковски: Врие од партиски вработувања пред избори, но за тоа ќе има одговорност по 12 април

Објавено пред

Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев распишуваат огласи за вработувања во администрацијата, која ја нарекуваа трома, а сега ја полнат и ја партизираат без срам, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, нема јавна институција каде што одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.

„Сега ‘Царината’ распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како што е наведено, поради зголемен обем на работа до крајот на годината. Од нив еден е за кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време“, посочи партискиот портпарол.

Според него, ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа.

„Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборниот поткуп за СДСМ досега минуваше неказниво и без понесување одговорност. Но, одговорност ќе има“, рече Стоилковски додавајќи дека сите измами и криминали ќе бидат казнети по 12 април.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија1 час

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија2 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија2 часа

(Видео) Достовски до Филипче и Дуковски: Бидете како Атиџе, половина канабис за вас, половина за пациентите

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија6 часа

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија6 часа

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија7 часа

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет9 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет9 часа

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија10 часа

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет21 час

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет22 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион23 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија1 ден

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа1 ден

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија1 ден

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија1 ден

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ1 ден

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет1 ден

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Досие