Контакт

Соопштенија

Трипуновски: Производството наместо на откуп завршува на буниште

Објавено пред

Продолжува агонијата на земјоделците производители на праска од Росоман. Трета година по ред откако СДСМ е на власт производителите на праска од Росоман немаат откуп за својот род. Производството наместо на откуп завршува на буниште, обвини Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако ВМРО-ДПМНЕ ѝ укажуваше на власта уште минатата година дека се усложнува извозот на праската, посебно за рускиот пазар, власта и ресорното министерство не пристапија кон изготвување план и стратегија за негово решавање, напротив носат ад  хок мерки кои дополнително временски го пролонгираат откупот и пласманот на праската. Власта бара од земјоделците пред да го извезат својот род на сопствен трошок да направат анализа која трае од 5 до 7 дена, а потоа да можат да извезат својот род. Имено, владата предвидела дека земјоделците откако ќе ги наберат праските и ќе ги спремат за товарење треба од истите да земат неколку мостри и да ги однесат во надлежната лабораторија. Периодот од 5 до 7 дена е период за кој праските буквално може да станат мармалад додека ја чекаат дозволата за извоз од Државниот земјоделски инспекторат“, рече тој.

Дополнителниот услов, додаде тој, е директен удар врз земјоделците, како малите, средните, така и поголемите, кои немаат ладилник каде што ќе можат во рок од 5 до 7 дена да ги складираат праските додека траат соодветните анализи.

„Власта со оваа нова регулатива дополнително го отежнува извозот и го осакатува македонскиот земјоделец. Земјоделството го прави неисплатливо и сè повеќе земјоделци ги корнат или сечат нивните децениски насади и го напуштаат земјоделството како основно занимање. Бидејќи ова се случува трета година по ред се доведува во прашање опстанокот на земјоделците во тој регион, затоа го повикуваме Зоран Заев и ресорниот министер, ако сè уште е министер, да излезат на терен и да преземат брзи и конкретни мерки за решавање на откупот, цената и пласманот на праската, бидејќи се работи за земјоделски производ што не трпи одложување на бербата“, рече Трипуновски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција

Објавено пред

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни, велат од СДСМ.

„Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис. Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го започна, поради политички калкулации го прекина а потроши над 3 милиони евра народни пари. Денес како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите“, велат од СДСМ.

За разлика од пропаднатиот попис во 2011, додаваат од таму, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат.

„Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки. За надминување на било какви пречки и негово успешно реализирање до крајот на месецов се спроведува и пробен попис во 13 општини. Очајните закани, лажни вести на Христијан Мицкоски за наводни редефинирања преку пописот, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Опозициската партија останува носител на деструкцијата, носител на лажните вести и манипулациите“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија

Објавено пред

Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија. А, СДСМ може да говори за одговорност кога Заев ќе си замине од власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку СДСМ сака да покаже морална одговорност, треба нивниот лидер Зоран Заев да си поднесе оставка од премиер поради „Евро за Вицето, евро за црквата“, матно доделување земјиште на семејството и уште многу криминали кои ги спроведе изминативе две години.
Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ поради енормниот криминал, кој што владее откако СДСМ дојде на власт. Поради тоа местото на Зоран Заев не е во политика, туку во затвор, каде што ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.
За доброто на граѓаните и Република Македонија метлата треба да заигра што поскоро и тоа да почне од Зоран Заев“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски не ги повикува Вељаноски, Милошоски и Димовски да поднесат оставки

Објавено пред

Мицкоски молчи и не сака да ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ, за кои се водат судски постапки за сериозни кривични дела, да си дадат оставки, велат од СДСМ.

„Мицкоски во белиот дворец чека наредби од својот шеф а во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се уште седат пратеници против кои се водат судски процеси за сериозни кривични дела. Илија Димовски, Трајко Вељаноски и Антонио Милошоски не поднесуваат оставки и тоа говори многу за ВМРО ДПМНЕ. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата матрицата на Никола Груевски“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците Вељаноски, Милошоски и Димовски да си поднесат оставки од своите функции.

„Тоа е најмалку што треба да го сторат, а со тој потег би се избегнала каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет се додека во некзините редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот...

Македонија47 минути

Изминатава недела 70 нови случаи на мали сипаници

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е...

Македонија1 час

Казнети 77 возачи и 11 мотоциклисти за еден ден во Скопје

Сообраќајната полиција во Скопје вчера казнила 77 возачи кои возеле со брзина над дозволената, и 11 мотоциклисти кои возеле без...

Свет14 часа

И Британија го обвини Иран за нападот на танкерите

Велика Британија го обвини Иран и Исламската револуционерна гарда на таа земја за нападите на танкерите во Оманскиот залив, наведувајќи...

Забава15 часа

Авион принудно слета поради агресивен патник

Авион „Аерофлот“ кој летал од Барселона за Москва, принудно слета во Полска поради агресивно однесување на еден од патниците, изјавил...

Спорт16 часа

Ливерпул му „набиле комплекс“ на Суарез: Сакав да исчезнам од земјата

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез вели дека поразот од 4:0 од неговиот поранешен клуб Ливерпул во полуфиналето на Лигата на...

Регион17 часа

Уапсени опозициски функционери и симпатизери во Албанија

Албанската полиција уапсила 16 претставници и симпатизери на опозициската Демократска партија во албанскиот град Пјеренџас. Тие се товарат за блокирање...

Македонија21 час

Светски ден на крводарителствотo: Да ја покажеме својата хуманост грижејќи се едни за други

По повод 14 јуни, Светскиот Ден на крводарителството, Министерството за здравство упати повик до граѓаните и во иднина да ја...

Бегството на Груевски24 часа

Заев за ФАЦ: Знаеме дека Груевски побегнал криејќи се во багажник

Во интервју дадено за угледниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) премиерот Зоран Заев обелодени нови детали во врска со...

Македонија1 ден

Втор земјотрес на подрачјето на Охрид за помалку од една недела

Земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 140 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје, бил регистриран синоќа...

Македонија1 ден

Слободата на Јанкулоска зависи од одлуката на врховните судии

Ако за 16 дена петмина врховни судии не одлучат за времената мерка на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, таа...

Свет1 ден

САД објавија снимка како Иран отстранува мина од танкер во Оманскиот Залив

Американската војска објави снимка на која, како што тврдат од таму, се гледа како Иранската револуционерна гарда отстранува мина која...

Домашен2 дена

Осуда од ФФМ откако репрезентативецот Алиоски беше избркан од прилепски ресторан

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи по информацијата дека репрезентативецот Езџан Алиоски бил избркан од ресторан во Прилеп, откако...

Свет2 дена

Америка го обвини Иран за нападот на танкерите во Оманскиот Залив

За нападот на танкерите во Оманскиот Залив одговорен е Иран, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео. „Процената на владата на...

Топ2 дена

Кумановци изнајмиле стан за да продаваат хероин во Охрид

Охридската полиција поднесе кривична пријава против двајца кумановци на возраст од 33 и 41 година поради сомнение дека продавале хероин...

Македонија2 дена

(Видео) Јанева: Ако ме викнат, ќе го презентирам извештајот и во Собранието

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на која на 15 септември ѝ истекува мандатот, два и пол часа го...

Македонија2 дена

(Видео) Меркел: Германија во септември ќе одобри старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија

Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија, согласно утврдените...

Македонија2 дена

(Видео) ГОБ „8 Септември“ доби хелиодром

Од вчера во Градската општа болница „8 Септември“ ставен е во функција хелиодромот што се наоѓа на само неколку метри...

Вести2 дена

Потпишани документите за екстрадиција на Асанж во САД

Британскиот министер за внатрешни работи, Сајид Џавид, го потпиша налогот за екстрадиција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на САД,...

Топ2 дена

Скопјанец загина во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Педесет и седумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Радовиш-Штип. Според информациите на МВР,...

Досие