Контакт

Соопштенија

Царовска: Ги унапредуваме социјалните права во духот на ЕУ

Објавено пред

Mинистерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска разговараше од врата до врата со жителите на Тетово на теми поврзани со социјалната заштита, унапредувањето на социјалните услуги за граѓаните, борбата против сиромаштијата и правата на работниците.

„Воведуваме минимален гарантиран приход. Овој приход ќе биде шанса најранливите да се извлечат над линијата за сиромаштија, но и нивните деца да се вклучат во образовниот процес. Со приближувањето до ЕУ поддршката за социјална заштита постојано расте. Европската социјална повелба ги гарантира социјалните и економските човекови права. ЕУ вложува во унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани“, изјави министерката Царовска во Тетово и додаде дека в година четиричлено домаќинство во социјален ризик со едно работно неспособно лице ќе има можност да добива месечен надоместок од 11.700 денари.

Министерката истакна и дека за повеќе од 70 отсто од корисниците на социјалната помош зголемувањето е повеќе од 300 отсто или три пати повеќе од тоа што досега го добивале.

Посетата на Тетово министерката ја искористи да се сретне со вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, како и со пензионерите од градот.

Соопштенија

СДСМ: Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска

Објавено пред

Дурловски по третпат избега од дебата со Шекеринска, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштеие.

„Како одговорна партија чии носители на листи се поборници за слободата на говор, демократските придобивки би сакале да ја информираме јавноста и медиумите за постојаното назадно однесување на дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 5 Радмила Шекеринска.

Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно влегување во Собранието и физички напад врз Шекеринска отколку да застанат лице в лице и да ги спротивстават своите ставови.

Бегството од соочување е потценување на граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Крушево и другите општини во ИЕ 5 кои Дурловски сака да ги претставува.

Со откажувањето на учество во дебати Дурловски покажува и како ја сфаќа демократијата и односот кон граѓаните и медиумите. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое може да ги обнови само стравот, насилството и медиумскиот молк“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Џабе сега Спасовски ветува кули и градови, кога неговата Влада беше неспособна

Објавено пред

СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека се неспособни ништо да изградат, велеат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ваквиот став го поткрепуваат со тврдење дека на актуелната власт ѝ требале две години само за да ги пушти автопатиташта што ги изградила претходната влада.

„Станува збор за Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица, каде уште без срам играа чочек во тунел. Три години еден метар асфалт не ставија на автопатот Кичево – Охрид и редица други директни показатели на нивното неработење“, се наведува во партиската реакција,

Во неа се додава дека тоа што Спасовски сега пред избори се слика и помпезно најавува проекти, не поминува кај граѓаните, бидејќи тие виделе дека СДСМ ништо не направил.

„Народот на овие избори поддршката ќе ја даде на Обновата, затоа што во неа се предвидени 1.000 конкретни и остварливи проекти, како изградба на автопат до Битола и експресен пат до Меџитлија, доизградба на автопатот од Кичево до Охрид, доизградба на експресните патишта кои СДСМ не беше способна да ги направи и реконструкција на над 1.000 километри магистрални, регионални и локални патишта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со Михајло Маневски, ВМРО-ДПМНЕ може да го обнови само сваровски-судството

Објавено пред

Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска-Давкова и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го обноват режимот на Никола Груевски преку најголемиот уништувач на правосудството – Михајло Маневски, велат од СДСМ.

„За што ли се советуваше Силјановска-Давкова вчера со човекот, кој заедно со Гордана Јанкулоска, е креатор на заробеното сваровски-судство, човекот што го партизира судството, кој нарачуваше судски пресуди, кој местеше партиски судии, само за да го заштити криминалот на Груевски и фамилијата. Дали Силјановска побара совет од Маневски како заедно со Мицкоски да ги спречат сите процеси што се водат против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како да го заштитат нивниот ментор Груевски, како да ги зачуваат парите што ги украдоа од граѓаните?“, прашуваат од партијата.

Од СДСМ велат дека Силјановска-Давкова, исто како и Мицкоски, одработува за Груевски.

„Таа е дел од шемата на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и очигледно ги дели истите вредности и ставови на Маневски, симболот на неправдата, со кого нема проблем да седи на иста маса. На 15 јули граѓаните масовно ќе излезат на гласање, целосно ќе расчистат со остатоците од режимот и ќе се определат за СДСМ и коалицијата ‘Можеме’, која носи европска иднина, стабилност и правда. Граѓаните нема да дозволат враќање на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски затоа што знаат дека тоа е опасно за државата. Граѓаните гласаат за сигурност, за стабилна иднина со СДСМ и коалицијата ‘Можеме’“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ2 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион2 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија3 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион3 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија8 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија8 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија8 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија8 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија9 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија9 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион20 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет21 час

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион23 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Досие