Контакт

Соопштенија

ЦО на ДОМ: Продолжуваме со подготовките за локалните избори

Објавено пред

Денес Централниот одбор на ДОМ одржа седница со физичко присуство, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид 19.

„Во духот на демократијата и транспарентноста Централниот одбор ја разгледа нелигитимната иницијатива за одржување вонреден конгрес на ДОМ. Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци“, се наведува во партиското соопштение.

Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласале недоверба кон: Ана Петровска и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ.

Од ДОМ посочуваат дека се демократска партија во која се почитува мислењето на секој член кој ги негува зелените вредности.

„Зелената партија ДОМ продолжува со подготовките за локалните избори, за што Централниот одбор на ДОМ го задолжи Извршниот одбор на ДОМ да ги продолжи тековните активности“, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Поразени блокадите на Мицкоски, никој не верува во неговите лаги

Објавено пред

Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики, соопшти СДСМ.

„ Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции. Ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата. Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците.

Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски.

Како одговорна и државотворна партија продолжуваме со посветена работа, со реформи кои водат до забрзана интеграција во ЕУ и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“ додаваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари

Објавено пред

Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари, за да покрие долгови и да има за тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот.

Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери.

Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел.

Заев го соголи народот, сега сака и последниот денар да му го земе. Секаде во светот има помош од владите поради кризата, само кај нас со Заев имаме нови даноци и нови проблеми.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на дизелот за 4 денари е удар за најсиромашните

Објавено пред

Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари, за да покрие долгови и да има за тендери, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот.

Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери. Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел.

Заев го соголи народот, сега сака и последниот денар да му го земе. Секаде во светот има помош од владите поради кризата, само кај нас со Заев имаме нови даноци и нови проблеми. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“ соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 минути

(Видео) Кристијан Ериксен колабираше на теренот

Данска и Финска во Копенхаген го играат првиот меч на ЕУРО 2020, во Б-групата. Првиот дел мина во знак на...

Македонија4 часа

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија5 часа

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија6 часа

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија8 часа

„Кога пилите ќе стивнат“ – утре протест против сечата на дрвја

За утре со почеток во 12 часот, на улицата Орце Николов , најавен е протест против сечата на дрвја. Зад протестот...

Македонија8 часа

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија9 часа

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт10 часа

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт23 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион1 ден

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија1 ден

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија1 ден

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија1 ден

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија1 ден

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија1 ден

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија1 ден

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија1 ден

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ1 ден

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет1 ден

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Досие