Контакт

Соопштенија

Шекеринска: Македонија секој ден добива по 260 илјади евра неповратни средства од ЕУ

Објавено пред

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска го посети Радовиш, каде што се сретна со градоначалникот и со граѓаните од општината.

„Задоволство ми е што денеска и од Радовиш можам да ги испратам пораката за обединување и пораката за вистинска одлука на 30 септември. Нашата татковина Македонија помина низ убави, но и низ многу тешки моменти. Се мачевме заедно, стравуваме, видовме што значи да си сам и оставен од другите. Видовме што значи државата да биде изолирана и да нема перспектива и за тоа плативме голема цена“, рече министерката.

Додаде дека сега ја добиваме шансата да го надоместиме пропуштеното, ја добиваме шансата Македонија да стане членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ. Ја добиваме шансата да бидеме дел од двата најмоќни и најуспешни сојуза, рече министерката, и дополни дека Македонија секој ден добива околу 260 илјади евра неповратни средства од Унијата, но и дека како членка Македонија многу повеќе европски пари ќе може да искористи за улици, за бизниси, за подобро образование, за подобра социјална заштита.

„Она што го направивме во изминатиот период е фокус на домашните реформи, но и решавање на сите билатерални проблеми со соседите. Договорот со Грција ни дава шанса на европско и светско ниво да го заштитиме нашиот македонски идентитет и да го заштитиме, потврдиме, засилиме нашиот македонски јазик“, истакна министерката.

Шекеринска рече дека со членството во НАТО и ЕУ македонскиот јазик ќе биде рамо до рамо со најголемите, најважните, најчесто користените јазици како официјален јазик на Европската Унија. Министерката ги повика граѓаните да излезат на референдумот зашто токму тие ќе ја носат одлуката за иднината на државата.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски свесно ги прекршил забраните, а структури на Чулев се обиделе да го сокријат

Објавено пред

Мицкоски свесно ги прекршил забраните, а структури на Чулев се обиделе да го сокријат, незрелото однесување на ВМРО-ДПМНЕ нема крај, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

„Новите информации кои излегуваат во јавноста за случајот кога Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата покажуваат дека незрелото и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ не престанува. Според најновите информации објавени од високи фукционери во МВР, униформирани полицијаци дошле до ресторанот каде седел Мицкоски во обид да го спасат Мицкоски од одговорност.

Во обид најверојатно да го одбрани Мицкоски еден од сопствениците тврдел дека снимачот од безбедносните камери бил украден, но по претресот снимачот бил пронајден.

Ваков степен на ангажираност за да се прикрие тоа дека Мицкоски ги прекршил забраните докажува дека Мицкоски многу добро знаел дека не смеел да биде во затворен дел од ресторан и дека неговото тврдење дека не бил доволно запознаен со протоколите е целосно лажно.

Ова однесување на Мицкоски освен што е незрело и неодговорно, во исто време е и опасно по здравјето на граѓаните. За него поважни се кафеаните и теретаните, отколку јавното здравје.

За таквото негово однесување, одговорност мора да има, а граѓаните ќе ги ценат и судат неговите срамни постапки во време кога сите капацитети се насочени во броба притв коронавирусот“, наведува СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема стратегија за справување со коронавирусот

Објавено пред

Бројката на новозаболени со Ковид- 19 енормно се зголемува од ден на ден, а власта нема никаква стратегија, реагира ВМРО-ДПМНЕ по пресот на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Министерот за здравство, Венко Филипче ја споделува лудоста на Зоран Заев. Се случува тотално фијаско во справување со кризата произлезена од корона вирусот. Додека луѓе умираат секојдневно од Ковид-19, Филипче и Заев ни велат не умираат. Според нив вирусот слабее. Заразата се шири со енормна брзина, на ден има по троцифрена бројка на заразени, а Филипче и Заев ни велат ја победиле заразата.

Ако Филипче и Заев велат дека сме ја победиле заразата и дека вирусот слабее, дека се е супер зошто тогаш го држат народот затворен три дена.
Дека требаше масовно тестирање, скриниг пред се на ризичните групи меѓу кои се и здравствените работници покажува и бројката на новозаразени здравствени лица. Од ден на ден има се повеќе заболени со што се десеткува здравствениот кадар, со кој и онака кубуриме поради лагите на Филипче и Заев. Хоророт со корона вирусот во Македонија продолжува, а во другите, меѓу кои и соседните земји скоро нема ни заболени.
Лудоста на Филипче и Заев мора да запре“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса за Албанците: Ахмети зборува за албански премиер, додека бојкотира албански претседател

Објавено пред

Али Ахмети зборува за албански премиер, додека бојкотира албански претседател и бега од гласањето на албанскиот претседател на собранието, реагира Алијанса за Албанците преку соопштение.

„ДУИ нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните, а камо ли за легитимно претставување на волјата на народот. Вие ја изгубивте оваа легитимност со своите постапки, затоа што денес Албанците немаат соодветна застапеност, немаат еднаков третман, немаат иднина и немаат живот затоа што вашиот незаситен стомак сè уште продолжува да се засити на штета на луѓето! Ако Демократската унија за интеграција ја исполнеше својата обврска кон граѓаните за сите дадени ветувања и ако беше искрена во идејата за албанско владеење а не консензуално, вие би го поддржале кандидатот за албански претседател на претседателските избори.

Но, вие се одлучивте за консензуален претседател, а оваа поддршка беше само ваша политичка игра во замена за партиски интереси со цел да победите неколку општини на локалните избори што знаевте дека сте ги изгубиле.

Кога Али Ахмети имаше шанса да докаже дека навистина го поддржува албанското раководство, тој избега како кукавица на 27 април откако бил свесен за можните напади на собранието, а токму Зиадин Села ги запре неговите зборови што се вртеа како расипана лента! Разликата го направи гласот на Зиадин Села, а не на Али Ахмети.

Граѓаните не забораваат и знаат да ја направат разликата, затоа што и по 18 години сè уште се справуваме со истите проблеми. Денес се соочуваме со масовна миграција на младите кои се убедени дека со вас иднината им е украдена, денес Албанците се казнети само затоа што се Албанци, денес на Албанците им се работните места од други! Денес, по 18 години, Али Ахмети е лидер напуштен од многу искрени и кредибилни припадници на поранешната ОВК! Денес, Албанците желни за промена не може да ги изманипулирате, затоа што знаат дека со вас тоа што се вели никогаш не се прави“, велат од Алијансата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Македонија13 часа

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија14 часа

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија14 часа

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија15 часа

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија15 часа

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија16 часа

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија17 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет18 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ19 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа21 час

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет21 час

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион1 ден

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион1 ден

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија1 ден

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ2 дена

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија2 дена

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија2 дена

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија2 дена

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион2 дена

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Досие