Контакт

Соопштенија

Шекеринска во Битола: Инвестициите во енергетиката, ја вратија назад ефтината струја

Објавено пред

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Битола беше на увид на градежни работи на реконструкцијата на трафостаницата Битола 2 која е дел од проектот за Ревитализација и модернизација на преносната мрежа.

„Навистина ми е драго и овие неколку дена сум на посета на проекти кои го прикажуваат пристапот на Владата. Не се сликам пред жални врби, не давам изјави пред скапи споменици, туку секој ден присуствувам на завршени проекти кои значат помош за економијата за инвестициите за побрз развој и повисоки плати“, рече вицепремиерката при посетата.

Реконструкцијата на трафостаницата опфаќа замена на стари прекинувачи, демонтaжа на стари системи за управување, инсталирање дополнителна опрема која чини еден милион евра.

„Во оваа трафостаница, до крај на годинава ќе се постави и нов трансформатор од словенечката компанија Колектор-етра, а инвестицијата чини 2,4 милиони евра, а дополнително уште 4 милиони евра преку ЕБОР се предвидени за замена на раставувачи, изолатори, мерни трансформатори“, истакна Шекеринска.

Таа посочи дека денеска Битола се развива и како производствен, но и преносен џин, која со РЕК Битола ја поврзува државата со своите соседи, но и дава голема шанса и за локален развој и создавање на работни места во овој крај.

Соопштенија

ДУИ: Нова двојазична химна најдобро ќе го одразува нашето општество

Објавено пред

Еден од врвните приоритети на првиот премиер Албанец ќе биде усогласување на државните симболи, особено на химната на нашата земја, која секако треба да претставува репрезент и на мултиетничкиот состав на населението, велат од ДУИ.

Според партијата, тоа би значело вклучување и на дел од културното наследство и традицијата на Албанците во рамките на химната, како и употреба на албанскиот јазик соодветно на учеството на Албанците во заедничкото општество.

„Онака како што со имплементацијата на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија се гради надворешната интеграција на земјата, така и со заокружување на општествената рамка од Охридскиот договор, ќе ја засилиме и внатрешната интеграција и ќе го зацврстиме унитарниот карактер на земјата“, објаснуваат од партијата на Ахмети.

Од таму порачуваат дека еден од партиските приоритети во следниот мандат ќе биде целосното интегрирање на Албанците, на албанската традиција, култура и јазичен израз во сите сфери на општественото живеење.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократски сојуз: Чекор поблиску до ЕУ

Објавено пред

Демократскиот сојуз го поздравува објавувањето на предлог-преговарачката рамка од страна на ЕК за Македонија, со што нашата држава го направи решавачкиот исчекор за почеток на преговорите со ЕУ, кои, според најавите, ќе започнат веќе кон крајот на годинава.

„Исклучително важен момент е што во предлог-рамката повторно се користи терминот ‘македонски јазик’ без никакви условувања и додавки, што претставува промоција на македонскиот како иден официјален јазик на Унијата“, велат од ДС.

И покрај задоволството од документот на ЕК, Демократскиот сојуз предупредува дека новата методологија предвидена во предлог-рамката подразбира мошне ригорозна контрола врз неопходните реформи, како и механизми за прекинување на преговорите со ЕУ доколку не се покажат очекуваните резултати.

Тоа, како што додаваат од Демократскиот сојуз, значи дека македонските власти ќе мораат максимално ангажирано и искрено да се посветат на преговорите, особено ако се знае дека тие ќе почнат со отворањето на поглавјата кои се однесуваат на исклучително болни точки во државата – реформи во јавната администрација, демократските институции и јавните набавки.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ предвидува нови градинки за најмалите и засилена грижа за најранливите

Објавено пред

Благостојбата на сите граѓани е еден од најважните сегменти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Во програмата Проект Обнова се предвидува реална помош на ранливите групи граѓани.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на нови детски градинки со кои ќе ги зголемиме капацитетите за згрижување на децата. Ќе се отворат детски градинки во Битола, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Кочани, Кичево, Ресен, Гостивар, Маврово-Ростуше, Аеродром. Отворање градинки во состав на државните институции, како и финансиска помош на приватни компании коишто би сакале да го направат истото. Со овој проект ќе се отворат и нови работни места. Поради зголемена безбедност на децата, како и поголема контрола и надзор над вработените во овие установи, ќе се воведе видеонадзор чиј начин на употреба и располагање ќе биде усогласен со Законот за заштита на лични податоци и нема да се дозволи злоупотреба. Бесплатни градинки за сите деца од семејства со минимални приходи.

Дополнително за ранливите групи граѓани предвидуваме субвенционирање на трошоците за потрошувачка на енергенси да биде во висина на износот по фактура, а најмногу до 1.000 денари месечно за платените сметки во тековната година. Ветуваме бесплатна возачка дозвола за лица со статус деца без родители и родителска грижа“, соопшти партијата.

Еден од најважните проекти на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отворање дневни центри за деца и лица со пречки во развојот. Овие центри ќе даваат услуги за дневно згрижување, престој, нега, исхрана, психо-социјална рехабилитација и ресоцијализација, советодавна работа и организирано поминување на времето на децата со пречки во развојот кои живеат во своите биолошки семејства или се сместени во згрижувачки семејства. Предвидуваме бесплатна бањско-климатска рекреација за лица со инвалидност. Бесплатна рехабилитација на деца и млади со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци и возрасни лица со телесен инвалидитет. Стипендии за студенти со телесен инвалидитет. Ослободување од давачки за набавка на возило за лица со инвалидитет. Бесплатно користење спортски објекти за децата со посебни потреби. Предвидуваме финансиски грант од домашни или меѓународни извори реализиран преку јавен оглас за отворање на 5 домови за стари лица од приватни компании.

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе формира комбиниран систем на квотно вработување на лицата со инвалидитет, како и активни стимулативни мерки за работодавачите кои ќе вработуваат лица со инвалидитет. Исто така, задржувањето на овие лица ќе се поддржи со даночни ослободувања, како и обуки за стручно усовршување и доквалификување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави нулта толеранција за различните облици на насилство на кои се изложени жените. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на свивањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа25 минути

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија41 минута

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ2 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет2 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија3 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет4 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија4 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија4 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион5 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа5 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет5 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија6 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет6 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија7 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион7 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија18 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет21 час

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт21 час

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија21 час

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија23 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Досие