Контакт

Соопштенија

Ѓорѓевски: Градиме по план, општина Ѓорче Петров добива затворен базен

Објавено пред

Во училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ со предвиденото темпо се гради затворениот базен, кој е ветување во изборната програма на СДСМ, изјави Александар Ѓорѓевски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров.

Тоj истакна дека вредноста на базенот е 38 милиони денари, а покрај учениците, ќе го користат и жителите на општината.

„Заедно со Агенцијата за млади и спорт пред седум месеци почна изградбата на овој објект, кој ќе биде одлична можност за рекреација, создавање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт“, посочи претставникот на СДСМ и додаде дека и во време на пандемија се продолжува со реализација на капитални инвестиции во општината.

Соопштенија

СДСМ: Процесот на масовна имунизација се спроведува со одлична динамика

Објавено пред

Процесот на масовна имунизација се спроведува со одлична динамика, велат од СДСМ. Партијата ги повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинација.

„Процесот на масовна имунизација против коронавирусот се спроведува со одлична динамика и темпото на вакцинација во државата расте од ден во ден, системот функционира беспрекорно и без потешкотии. Масовната имунизација освен во Скопје, се одвива и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрид, Штип и Куманово, а во наредните денови се очекува отворањето на вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп“, велат од СДСМ.

Над 119.000 граѓани се вакцинирани досега во нашата држава. Од нив 21.890 граѓани примиле две дози вакцина против коронавирус. Вкупно 256.346 граѓани се пријавиле за вакцинација.

„Граѓаните да се пријавуваат за вакцинација, сите вакцини се безбедни, нема контра индикации и нема никакви последици од вакцините. Масовната вакцинација е клучна во градењето колективен имунитет и ставање крај на пандемијата на коронавирусот“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Блокадата на Законот за клинички центар е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните

Објавено пред

По средбата на претседателот Зоран Заев со Христијан Мицкоски пред еден месец беше договорено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да се откажат од блокади на важни закони за граѓаните, вклучително со законот со кој македонското здравство по 80 години ќе добие нов, модерен клинички центар, потсетуваат од владејачкиот СДСМ.

Од таму напоменуваат дека еден месец подоцна пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сè уште не се откажуваат од блокадите.

Според СДСМ, блокадата на најкапиталниот проект во македонското здравство е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи директно на штета на граѓаните и државата. Друга причина за вакво деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ насочено кон јавното здравство не постои, велат од оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги лажеше граѓаните дека ќе изградат нов клинички центар, а од него останаа само лимени тараби во комплексот клиники. Компанијата со која ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за изградба на нов клинички отиде во стечај по само неколку месеци. Оваа Влада ќе изгради современ клинички центар, како што заслужуваат нашите граѓани и нашето здравство. Во изградбата на истиот ќе бидат инволвирани најреномирани европски компании ‘Вамед’ и ‘Буиг констракшн’. ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии и непостоечки случаи. Законот за изградба предвидува независен финансиски ревизор, односно со тој закон да се дозволи компаниите ‘Вамед’ и ‘Буиг констракшн’ да дадат една понуда за изградба на клинички“, потенцираат од СДСМ.

Од СДСМ сметаат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води проектот, но немаат доблест, како што велат, да гласаат за законот, бидејќи спасот на Мицкоски им е поважен од здравјето на граѓаните.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните, затоа ги чекаат нови порази и во Собранието и на изборите“, стои во соопштението од оваа партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска е предлог на Заев, таа не е компетентна да именува и разрешува судии

Објавено пред

Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет е предложена од страна на Собранието, таа е предлог и кадар на Зоран Заев и СДСМ, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија напоменуваат дека Павлина Црвенковска како претседател на Судски совет ќе избира и разрешува судии, ќе ја оценува нивната работа, ќе одлучува за престанок на судска функција, а притоа таа нема ниту еден ден работен стаж како судија.

„Павлина Црвенковска е некомпетентна да одлучува за судиите и судското работење, таа нема минат труд, а уште помалку е компетентна да оценува работа на Врховен суд, што исто така спаѓа во нејзин делокруг на работа како претседател на Судскиот совет. Единствен критериум за Црвенковска да биде избрана за претседател на Судскиот совет е очигледно нејзината партиска активност. Таа била шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на СДСМ и очигледно човек од најголема доверба на Заев. Заев и Црвенковска ги поврзува и пропаѓањето на Еуростандард банка, сопругот на Црвенковска, исто како и Заеви, зел кредит без покритие од Еуростандард банка, и со 400.000 евра покритие зел 1.6 милиони евра кои не ги вратил, објавија оштетените штедачи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како успеала Црвенковска исто како и Заев да стигне до милионски кредит без покритие? Која е шемата по која е ограбувана банката и дали таква личност има кредибилитет да води и тело како Судскиот совет, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Кредибилитет нема, а другите прашања очекуваме да ги одговори Црвенковска, но и ЈО, истакнуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет47 минути

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умрат а лекарите го сокриле видеото

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени со коронавирус кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Македонија1 час

Заев денеска во Брисел, ќе разговара за пристапниот процес на Македонија во ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на ЕУ во Брисел ќе има средби со претседателката на Европската Kомисија Урсула фон...

Свет2 часа

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож во Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба откако биле прободени со нож во супермаркет во Нов Зеланд,...

Свет2 часа

Состанок на Министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет2 часа

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија19 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет19 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион20 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ21 час

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија21 час

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија22 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија22 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет23 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија23 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет1 ден

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет2 дена

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион2 дена

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт2 дена

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ2 дена

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Досие