Контакт

Соопштенија

Јанушев: Младите во Чашка размислуваат на заминување зашто со СДСМ не гледаат перспектива

Објавено пред

Тим на ИК на ВМРО-ДПМНЕ предводен од генералниот секретар Игор Јанушев вчера ја посети општина Чашка, при што беше извршена теренска посета и средба со граѓани, но и состанок со ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка.

„Граѓаните од Чашка се разочарани од политиките на СДСМ, како на домашен, така и на меѓународен план. Лошата економска политика, особено во малите места, си го прави своето. Граѓаните се соочуваат со зголемени цени на стоките и услугите, а доходот им останува ист“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев објасни дека тоа се должи на безидејноста на власта, која ниту знае, ниту сака да работи за доброто на Република Македонија, а тоа го гледаме и преку криминалните милионски тендери што ги добиваат фирми блиски до власта.

„Чашка е уште едно од многуте населени места што се заборавени од актуелната власт. Во Чашка нема инвестиции, нема нови работни места, има само тага и иселување. Младите кои останале во Чашка се повеќе размислуваат на заминување од Република Македонија бидејќи, како што велат, со СДСМ не гледаат перспектива. Оваа власт покрај бесперспективноста дома, ни донесе дебакл и надвор. На меѓународен план видливи се понижувањата што оваа власт ни ги приреди со потпишување на капитулантскиот договор со Грција и граѓаните се срамат од ваквиот чин на власта“, порача Јанушев.

Генералниот секретар потенцираше дека Република Македонија е оштетена страна во овој договор и дека се губат институционалниот идентитет, културата и историјата.

Соопштенија

СДСМ: Здравството се унапредува, а на ВМРО-ДПМНЕ му стана навика да злоупотребува трагедии во политички цели

Објавено пред

На ВМРО-ДПМНЕ очигледно му стана навика да злоупотребува човечки несреќи во дневнополитички цели, што само покажува во каков очај и безидејност се наоѓа опозициската партија, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Маја Славева, која обвини дека неспособноста на министерот Венко Филипче резултира со човечки жртви.

Од СДСМ истакнуваат дека додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт не направила ништо за здравството.

„Ги понижуваше лекарите и пациентите и го урниса здравствениот систем, а денес шири лаги и неоснована паника меѓу граѓаните. Поради таквите лоши политики на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. За разлика од таквиот однос, денес Владата предводена од СДСМ инвестира во здравството и ја враќа загубената доверба“, стои во партиската реакција.

Во неа се додава дека како резултат на активностите кои ги презема Владата предводена од СДСМ, новороденичката смртност на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е намалена за 30 отсто, а во време на ВМРО-ДПМНЕ била многу поголема.

„Формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата за кое ВМРО-ДПМНЕ со денови лаже, ќе биде во корист на пациентите. Со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за здравствено осигурување и беа исплаќани на паушално ниво кон болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, ќе бидат оптимизирани и контролирани“, појаснуваат од СДСМ.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стојановски: Ѓорче Петров e заборавена општина, граѓаните две години ги чекаат ветените проекти

Објавено пред

Ништо од чистката на СДСМ, проблемите на граѓаните само се зголемуваат, а главен виновник за тоа е власта, рече на прес-конференција Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој истакна дека Ѓорче Петров две години е заборавена општина.

„Жителите на Ѓорче Петров гласаа против расфрлањето со народните пари, против настапите на Наумоски по локалните кафеани, гласаа против градоначалник кој е недостапен за народот, против зграда во реонскиот парк, против загаден воздух и против луксузниот џип на градоначалникот купен од градоначалничката зголемена плата“, нагласи Стојановски.

Претставникот на опозициската партија рече дека жителите на Ѓорче Петров се уште ги очекуваат ветените проекти од кој досега нема ни трага ни глас.

„Нема ништо од градинката во Волково, го нема ни ветениот кружен тек на сред село во Волково, нова амбуланта во Дексион не е ни на повидок, нема ни спортска сала во Хром, исто како што нема ни нов голем трговски центар, нема музеј на современа уметност, ниту пак нов театар, нема пазар во населбата Даме Груев, а нема ни стипендии за млади“, кажа Стојановски кој посочи дека СДСМ и Наумоски ги излажле граѓаните на Ѓорче и потрошиле две години од нивните животи на стагнација на општината.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ: Екологијата да стане државен приоритет и да не се третира како непотребен трошок

Објавено пред

Граѓаните бараат брза и ефикасна испорака на ветеното, па сите политички фактори треба да се вложат целосно, за да ја извлечат државата од зона на чекање, во зона на надеж.

Ова беше генералниот заклучок од вчерашната седница на Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија), по дискусиите за политичката состојба во земјава и за неопходните чекори што мора да ги направат институциите на кус и на среден рок.

„Една од критичните точки, на која има огромен број граѓански поплаки, е и екологијата во најшироката смисла. ДОМ, како зелена партија, го споделува незадоволството од третманот на екологијата во вкупните политики, каде на неа се гледа како на непотребен потрошувач, а не како реална потреба и инвестиција во здравјето и квалитетниот живот на граѓаните. Екологијата се уште им пречи на поединци и групи, на кои бизнисот им е пред здравјето“, наведуваат од ДОМ.

Од партијата бараат екологијата да стане државен приоритет во вистинската смисла, како што е зацртано и договорено во предизборните програми.

„Тоа значи почитување на основните начела за заштита на животната средина, почитување на експертските мислења во оваа сфера, доследна примена на законите кои на солиден начин ја регулираат, како и носење на законски и подзаконски акти секаде каде што фалат“, се вели во партиското соопштение.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа16 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија17 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија17 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ20 часа

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија21 час

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада1 ден

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа1 ден

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа1 ден

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Македонија2 дена

СДСМ: Усвоени законите за првосудството и за прекин на бременоста што ги кочеше Иванов

Собранието повторно ги усвои законите од правосудството и Законот за прекин на бременоста кои се во интерес на државата и...

Македонија3 дена

Џафери: Нема правен основ за наркотест на пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево соопшти дека во Уставот и Деловникот на парламентот нема правен основ според кој би...

Македонија3 дена

(Видео) Рауфи: Учесниците во Диво Насеље не се терористи туку борци за права

Адвокатот Насер Рауфи, бранител на дел од осудениците од Диво Насеље, по денешното излагање на јавната седница на Апелацискиот суд...

Естрада3 дена

Мадона пристигна во Израел со 30 тони опрема

Со товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот, Мадона пристигна во израелскиот град Тел Авив,...

Македонија3 дена

Три месеци условна казна затвор за Тони Михајловски за заканата кон Тричковски

Актерот Тони Михајловски, против кого скопското обвинителство поднесе обвинение за закани кон новинарот Бранко Тричковски, на денешното рочиште призна вина...

Македонија3 дена

Адвокатка на обвинети во „Диво Насеље“: Обвинителството нема цврсти докази

На денешната јавна седница за настаните од Диво Насеље каде одбраната ги изведува жалбените наводи пред петчлениот судечки совет на...

Македонија3 дена

Независната пратеничка група бара лекари во понеделник да ги тестираат пратениците за дрога

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието сите пратеници доброволно да направат тест...

Досие