Соопштенија
АВАЗ: Обложувачниците и казината да се дислоцираат надвор од населените места

Движењето за обединување на Бошњаците (АВАЗ) предлага обложувачниците и казината да дисолоцираат надвор од населени места.
„Движењето ‘Антикоцкање’ доби уште една поддршка за неговоте барања за локацијата на објектите на игри на среќа, казина и спортските обложувалници да можат да работат само надвор од населните места. Последиците од несоодветната локација на објектите за игри на среќа, казина или обложувалници ги чувствуваме секојдневно. Притоа младата популација е директно изложена и привлечна од помислата за освојување лесни пари, но вистинскиот проблем се јавува дури подоцна, кога стануваат зависни и целото свое време и енергија го насочуваат кон коцкање. Дополнително што во истите често се случуваат и тепачки, дури и употреба на оружје. За да се избегнат таквите последици, најдобро истите да се лоцираат надвор од населбите“, вели потпретседателот на АВАЗ и пратеник Зеќир Рамчиловиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Атанасовски: Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица

Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица, ветува кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Димчо Атанасовски.
„Реализиравме проекти за заштеда на електричната енергија во речиси сите објекти на локалната самоуправа. Во основното училиште поставивме фотоволтаичен систем од 37 киловати, кој обезбедува заштеда на електричната енергија од 50%. Во соработка со Источен плански регион инсталиравме три нови соларни централи на Домот на култура, Куќа на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби. Вкупната моќност на овие централи е 97 киловати, што на општинско ниво обезбедува 134 киловати чиста и зелена енергија. Во моментот спроведуваме постапка за целосна реконструкција на Здравствена станица проектот ќе биде завршен во наредните шест месеци, а објектот ќе биде современ енергетски ефикасен и со модерен изглед. Во првите две години од новиот мандат целосно ќе ги реконструираме детската градинка Бамби, објектот на ЈП Камена Река, средното училиште Миле Јаневски Џингар, за реконструкција на овие објекти веќе имаме подготвено целосна проектна документација“, рече тој.
Соопштенија
Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

„Со визија, со јасен план и со енергија, заеднички ќе продолжиме да градиме Делчево, град со кој сите се гордееме“, порача кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Дејан Глинџарски.
Глинџарски, ја најави својата програма која се темели на современа инфраструктура, подобар живот и подобри можности за младите:
„Дом за стари лица „Сигурна старост“, Централен плоштад, катна гаража, регулација на речното корито на Брегалница, изградба на скејт парк, нов театар, бесплатен летен одмор за полуматуранти и бесплатна екскурзија низ Европа за матурантите, финансиска поддршка за првачиња и средношколци, се само дел од програмата“.
Глинџарски најави и нови улици, водоводи и канализации во сите населби, спортски терени, ревитализација на земјоделски патишта, како и поддршка за туризмот.
„Ова не се само зборови, ова е програма, ова е план. План што мора да се оствари. Ајде за силно, модерно и убаво Делчево“, порача Глинџарски.
Во обраќањето пред граѓаните, тој кажа дека ја продолжува работата и визијата на досегашниот градоначалник од СДСМ , Горан Трајковски.
„Со неговата работа се постави темелот, а јас ќе продолжам да градим врз тие темели. Трајкоски покажа дека кога се има визија, се добиваат резултати. Ќе ја продолжиме со уште поголема енергија“, истакна Глинџарски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на 5 нови детски градинки со капацитет за 700 дечиња во Аеродром

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром. За таа цел имајќи предвид дека општина Аеродром е општина во кои градинките се преполни со деца и ги надминуваат капацитетите за сместување, ветуваме во следниот четири годишен мандат изградба на 5 детски градинки, и тоа во населбите Долно Лисиче, населба Лисиче, Јане Сандански, Мичурин, како и Острово со капаците на вкупно 700 дечиња“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со ова ќе го решиме проблемот на престој на дечињата и ќе ја намалиме листата на чекање. Ќе обезбедиме модерно уредени детски градинки по највисоки стандарди, каде што најмалите ќе можат да ги добијат најдобрите услови на згрижување, воспитно-образовни активности како и развивање на социјалните вештини.
Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром за локалните избори нуди мерки за сите категории на граѓани, од најмалите до највозрасните.
Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ со проекти и работа ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани.
Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и развива.
Ги повикуваме аеродромци на 19 октомври масовно да излезат за поддршка за Дејан Митески и листата за советници предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да заокружат 9“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.