Контакт

Соопштенија

Арсовски: Инволвираните во скандалите во Здравство и Фондот за иновации да поднесат оставки

Објавено пред

Јавното обвинителство за гонење дела од областа на организираниот криминал не смее да фингира истраги и да биде главен режисер во фарсата  што ја гледа јавноста деновиве, која личи на сè, освен на борба против криминалот на власта, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

dobivaj vesti na viber

„Дали сме сведоци дека деновиве криминалниот картел се обиде да украде цели 45 милиони евра преку Министерството за здравство и Фондот за иновации? Наместо да бидат оставени да ги прикриваат трагите и да глумат невиност на прес-конференции, Венко Филипче, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, Цветанка Ласкова, Јован Деспотовски и другите инволвирани, мора да бидат повикани на одговорност, да бидат сослушани и да им бидат одземени ингеренциите уште веднаш. Доколку имаат трошка морал, инволвираните во овие скандали мора да си дадат оставки и да остават органите на прогонот да си го сработат своето“, рече Арсовски.

Додаде дека соопштенијата од Јавното обвинителство оти ќе постапат по допрен глас не смеат да бидат покритие за да се намали револтот кај јавноста од општиот грабеж што се случува во моментот.

„Доколку нема ефективна истрага и нема одговорност, индиферентноста на органите на прогонот може да се протолкува како нивно соучесништво во истава оваа афера и скандали. Граѓаните очекуваат одговор дали се сослушани Филипче, Анѓушев, Ласкова, Локвенец и Деспотовски? Кој влијаел и кој одлучил 45 милиони евра на граѓаните да се делат на фирми блиски до функционерите на СДСМ? Кој премолчал за конфликтот на интереси?“, праша Арсовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за нов мандат, Дејан Митески, најави решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

„Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање. Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.

Тој кажа дека оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром: прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица, второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики и трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.

„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, рече Митески.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Ристески: Комплетна реконструкција на улицата Јане Сандански, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод

Објавено пред

Од

Комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод, вети Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Денес, заедно со мојот тим извршив увид во градежните активности кои се одвиваат на крак од улица „Јане Сандански“. Вршиме целосна реконструкција на оваа улица, односно реконструкција на коловозната лента, пешачките патеки, подземните инсталации, а исто така ќе вградиме хоризонтална и вертикална патна сигнализација. Македонски Брод, во градското подрачје добива уште една безбедна улица“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Влен“: Гласот за НАИ е глас за Левицата

Објавено пред

„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“, велат од „Влен“.

dobivaj vesti na viber

„Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците!

И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс.

Сега на секој граѓанин му е јасно: за да го задржат своето фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците.

Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека ВЛЕН, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина.

Албанците не се пазарат со оние што ги навредиле. Албанците не се продаваат. Тие гласаат за промената што ВРЕДИ!“, се наведува во соопштението на „Влен“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...

Македонија3 часа

(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и...

Македонија5 часа

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...

Македонија6 часа

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија7 часа

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ9 часа

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет11 часа

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа11 часа

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...

Свет11 часа

(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов...

Свет11 часа

Судијата му дозволи на убиецот на Чарли Кирк да носи обична облека на суд

22-годишниот маж обвинет за убиство на истакнатиот конзервативен активист Чарли Кирк може да се појави на суд во „цивилна облека“,...

Европа12 часа

Фон дер Лајен: Литванија се соочува со хибридна закана, нема да го толерираме тоа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изрази целосната солидарност на Европа со Литванија во врска со постојаните...

Европа12 часа

Зеленски потврди дека Русите влегле во Покровск

Руските сили ја фокусираа целата своја напаѓачка моќ врз Покровск, град во источна Украина каде што сега се водат жестоки...

Македонија22 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија1 ден

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија1 ден

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија1 ден

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ1 ден

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ1 ден

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...