Соопштенија
Арсовски: Историјата во СДСМ се повторува и со обидот за продажба на „АД Славија“
На денешната трибина „Исти луѓе, исти вредности“ која што се одржа во Палатата др. Христо Татарчев портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски истакна дека негативниот континуитет во СДСМ се повторува, односно исти луѓе исти вредности кои што датираат од минатото а историјата се повторува и со обидот на скандалозната продажба на „АД Славија“ на луѓе блиски до структурите на Заев.
„Гледаме дека историјата се повторува вклучително и со онаа тема која што ја говорев јас изминатиот период со акционерското друштво Славија каде што власта тргна тивко во време кога се менуваат две структури, односно менување на две гарнитури во СДСМ но и во власта се обидоа да продадат фирма, компанија, пакет на акции кои што имаат вредност повеќе од 20 милиони евра да ги продадат само за 218 000 евра. И од ден во ден се главеа се повеќе и повеќе во оние нивни препелкања во онаа жива кал наречена криминал и корупција. Видовме дека многу ревносно излегоа да ја бранат таа зделка во најава, која што е за одредени блиски луѓе до власта секојдневно пуштаат деца буквално да ја бранат, деца од нивната партија, се кријат зад деца за да можат да го сторат овој криминал во најава, но се уште веруваме дека се доволно свесни институциите и јавноста и ќе го спречат заедно со нас ова криминално дело во најава продажба на АД Славија“, нагласи Арсовски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски истакна и дека АД Славија има вкупен имот од вредност над 20 милиони евра а фирмата функционира рентабилно има 30 вработени кои што секој месец на време им се исплаќа плата и има приход годишен од 50 милиони евра а на сметка има 100-тина илјади евра.
„Само за потсетување АД Славија има имот од стотици илјади квадратни метри површина, има десетици и десетици објекти кои што се на атрактивни локации, управната зграда, магацините во Гази Баба, магацините во Кисела Вода, потоа локации како на Рузвелтова, во Ѓорче Петров, во Пржино, кои што се многу атрактивни и коишто сите за потенцијалниот откупувач кој што е близок до оваа структура на власат до Заеви сакале да ги купат за подоцна да можат да градат згради и објекти дебело да профитираат. Инаку фактичката состојба да потсетиме фирмата не е загубар како што ја претставуваат, фирмата чини над 20 милиони евра, односно акциите чинат со целата своја вредност, фирмата функционира рентабилно има 30 вработени кои што секој месец на време им се исплаќа плата има приход годишен од 50 милиони евра и на сметка има според нашите информации 100 тина илјади евра, иако тоа се обидуваат да го демантираат од власта, дека немало 100 тина имало помалку, што значи дека сепак одлично функционира таа фирма иако е во стечајна постапка а сепак сакаат да ја продадат и да ја раскрчмат“, истакна Арсовски.
Арсовски апелираше веднаш да се прекине со ваквата срамна продажба на „АД Славија“.
„Очигледно е дека сериозно се вмешани во коруптивни скандали и криминали и она кое што уште еднаш го апелираме од оваа панел дискусија е да уште веднаш ја прекинат оваа срамна продажба на „АД Славија“ и да тоа се стори онака како што треба со проценка, со извештаи, со државни протоколи од институциите подоцна да биде продадена онака како што доликува односно за сумата за која што вреди, бидејќи сепак тоа е државен имот, имот на граѓаните“, заклучи Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Наместо нови лица- стара банда, велат од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија, тврдат утрово од СДСМ преку соопштение до медиумите.
„Ги постави своите најблиски другари. Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.
Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски.
Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки.
Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.
ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.
Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.
Сега кругот е целосно затворен.
Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.
Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.
Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.
Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите.
Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ.
Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда“, стои во соопштенитео на СДСМ.
Соопштенија
Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, праша СДСМ
Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија, потсети утрово Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).
„И после цела недела нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога?“ параа од СДСМ.
Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина, во други институции, не може 5 тони да се шверцуваат, сметаат од СДСМ.
„Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е пред очите на јавноста. Молкот од власта е најсилна потврда.
Со медиумска кампања на заплени канабис власта дополнително се заплетка. Ако се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана тогаш што правела власта изминатите 2 години?
Кој го дозволил тоа? Кои се институции потфрлиле? МВР, Здравство, Земјоделие…?“, велат од СДСМ.
Партијата укажува дека има точно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис за што се надлежни повеќе институции и ако незаконски се произведени 40 тони бараат Владата да одговори кој ќе понесе одговорност од врвот на власта.
Соопштенија
„Гласаа против ’Безбеден град’, а сега бараат да се казнат тие со нерегистрирани возила и без возачка“, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лицемерие Филипче и СДСМ
„СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто. Тоа се потврди и овој пат со проектот ’Безбеден град’. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат“, реагираат утрово преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
„Изминатиов период јавноста беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.
Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.
А од друга страна, СДС и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.
Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Во периодот на власт на СДС и министерувањето на Филипче и Спасовски не се имплементираше ниту еден проект кој системски и на дигитален начин овозможува контрола и безбедност во сообраќајот, како „Безбеден град“, а со транспарентно санкционирање, намалување на сообраќајните прекршоци.
Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДС и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.
Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДС и Филипче.
Но, на СДС, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.
И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

