Соопштенија
Арсовски: Скандалот со Фондот за иновации стана како индиска серија
Скандалот со Фондот за иновации стана како индиската серија „Малечката невеста“. Трае, и трае, и трае и никако да престане. Само што ова не е љубовна серија со индиски глумци, туку серија со криминал, во која единствена иновација е натпреварот кој може да украде повеќе за што покус период, а главните улоги се функционерите на СДСМ, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Последен во низата сомнителни ‘иновативни криминали’ е случајот со фирмата ‘Стратум рид’ ДООЕЛ Скопје, чиј е сопственик Весна Кузмановиќ, која добила грант, иако била ангажирана од Фондот да биде консултант да им ги пишува предлог-проектите на другите фирми што аплицирале. Тоа значи дека ем била ангажирана да помага во пишување проекти за други фирми што конкурирале за грант од Фондот ем добила грант за сопствената фирма. Вчера прашавме дали луѓе од Фондот се состанувале со менаџментите на компаниите, а денес гледаме дека ангажирана во Фондот за иновации и пишување проекти добила грант. Одговорот го добија граѓаните уште веднаш. Јавноста затоа прашува дали овде постои основан сомнеж дека се работи за договарање во четири очи со лице што има конфликт на интереси. Ниту Фондот ниту Кузмановиќ не почувствувале потреба да биде изземена при доделувањето грантови, што отвора сомнеж дека имале фаворизирана позиција во доделувањето грант за наводна иновативност“, рече тој.
Арсовски додаде дека Јован Деспотовски како директор на Фондот за финансирање партиски подобни фирми со иновативни идеи за влечење буџетски средства, како и вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Хари Локвенец, советничката Цветанка Ласкова и другите вмешани лица во оваа, како што рече, коруптивна мрежа, треба да се истражат и ако се потврдат сомнежите, да се повикаат на материјална, но и кривична одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

