Соопштенија
Ахмети: НАТО носи стабилност без која нема економски развој
Демократската унија за интеграција одржа средба со жителите на Општина Теарце, каде пред жители на селата кои припаѓаат во ова општина упати повик на 30 септември што помасовно да се определат за опцијата што носи членство во НАТО.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред граѓаните истакна дека со Договорот од Преспа се отвораат вратите за НАТО и ЕУ и дека со овој договор победува мирот.
„Со зачленувањето во НАТО, победата е во сигурноста и стабилноста, немајќи ги тие, нема да има економски развој, а за секој домашен или странски инвеститор на прво место е сигурноста и стабилноста. Ние ќе станеме поважни како дел од овие структури, како дел од најголемата политичко-воена алијанса НАТО, ќе станеме покорисни за домашната економија како дел од Европската Унија. За 15 месеци ќе станеме членка, односно 30. земја на НАТО. На овој начин ќе ја обезбедиме нашата иднина, економијата, која ќе биде многу напредна со многу подобри стандарди и истовремено ќе го спречиме иселувањето на младите и ова ќе се направи создавајќи стандарди тука, во нашата земја. Да излеземе на гласање и да ги убедиме и тие кои се скептични и неопределени да излезат на 30 септември и да гласаат ‘за’ Македонија во НАТО“, повика лидерот на ДУИ.
Во Општина Теарце, говор пред граѓаните одржаа и градоначалникот од редовите на ДУИ, Исен Асани, поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и претседателот на огранокот на ДУИ во Општина Теарце, Шабан Мемети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

