Соопштенија
Ахмети: Русија не е алтернатива која ја сакаме, затоа да гласаме за европска Македонија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во општина Пласница ги повика сите граѓани да излезат и да гласаат „за“ референдумот на 30 септември.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во обраќањето истакна дека план Б нема и доколку некој има друга алтернатива, тоа е Русија, затоа на 30 септември, како што рече пред присутните, треба да одлучиме дали Македонија ќе биде европска.
„Овој момент нема да се повтори бидејќи на 30 септември гласаме за мир, за побезбедна Македонија, добри меѓуетнички односи, добри меѓусоседски односи, гласаме за иднината, гласаме за да имаме подобар живот и друга алтернатива освен НАТО и ЕУ немаме. Сите заедно да излеземе и на 30 септември да чекориме ‘за’ европска Македонија, за постабилна Македонија“, истакна Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
PEUGEOT 3008 и OPEL GRANDLAND најпосакувани автомобили во Македонија за 2025 година

Од компанијата Еуроимпекс, која годинава одбележува 35 години постоење, известуваат дека им претставува огромна чест што повторно модели од нивните автомобилски брендови се наградени со признанието „Златно Тркало“!
Имено оваа година, на шестото издание на оваа манифестација брендот Peugeot и брендот Opel, за кои компанијата Еуроимпекс е долгогодишен застапник, се здобија со две награди/признанија во две различни категории.
- Новиот Peugeot 3008 е прогласен за најпосакуван електрифициран автомобил
- Новиот Opel Grandland е прогласен за најпосакуван семеен автомобил
И двата модели заслужено и очекувано ги добија овие признанија и беа препознаени од широката јавност како најпосакувани автомобили во своите категории за 2025 година.
Peugeot 3008 се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Porsche Macan, Nissan Qashqai, Renault Rafale и Lync & Co 01.
Opel Grandland се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Baic X55, Dacia Duster, Ford Kuga, Geely Starray, Lync & Co 01 и Haval Dargo.
„Им честитаме на сите победници и на организаторите на настанот. Сме кажале и претходно, ќе кажеме и повторно: вакви награди и признанија кои се наши – македонски, посебно ни се драги и ни претставува огромна чест да ги примиме. За нас се тие од огромна важност, меѓудругото и поради тоа што ние сме првата приватна македонска компанија во автомобилската индустрија. Таа емотивна нишка веќе 35 години нѐ поврзува со нашите национални – македонски признанија и особено ни значи препознатливоста кај македонската јавност. Со ова ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење со Новиот Peugeot 3008 и Новиот Opel Grandland и да се запознаат одблиску со победниците од двата бренда“ – Изјави Ана Јовановска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.
ПР
Соопштенија
„Алкалоид“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа меморандум за соработка

Меморандумот се однесува на реализацијата на заеднички проекти за стручноапликативни и научноистражувачки работи, а во фокусот ќе биде имплементацијата на одржливи фармацевтски пакувања, која ќе се спроведува во неколку фази до 2030 година.
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, Проф. д-р Дејан Мираковски; Деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, Проф. д-р Милка Здравковскa, и Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.
Покрај студиските програми, тековните програми за практикантство, како и соработката на специјалистички трудови и докторски дисертации, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и „Алкалоид“ ќе започнат проект за имплементација на одржливи пакувања за фармацевтските производи на компанијата, кој ќе се одвива во период од 5 години и ќе се спроведува во три фази.
Имено, станува збор за исполнување на сообразноста со новата регулатива на Европската Унија за одржливи пакувања [Packaging and Packaging Waste Regulation (EU) 2025/40 (PPWR)], која стапи во сила на 11 февруари годинава, а со која фармацевтските индустрии се обврзани до 2030 година за своите производи да имаат пакувања кои ќе бидат подготвени за рециклирање, а производите кои нема да имаат таква опција ќе бидат забранети за пласман на пазарите во ЕУ и пошироко. До 2035 година 55% од сите амбалажи во фармацевтската индустрија ќе треба да бидат рециклирачки, а до 2038 година пазарите на Унијата ќе дозволат пласирање само фармацевтски производи чии амбалажи имаат оценки за рециклирање А и Б.
Со оглед на фактот дека фармацевтската индустрија е една од најстрого регулираните индустрии во светот, вклучувањето на академската заедница е еден од неопходните предуслови за поефикасно и целесообразно имплементирање на овој обемен и комплексен проект. Носители на проектите опфатени со Меморандумот за соработка од страна на „Алкалоид“ се Одделот за глобален развој и Одделот за контрола на квалитет, а од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, покрај Ректорот и Деканката на Факултетот за медицински науки, вклучени се и Доцент д-р Ивана Митревска и Асистент Дино Карпичаров како надлежни за целокупната имплементација на активностите. Целта на проектот за одржливи пакувања на фармацевтските производи ќе биде да се минимизира негативното влијание врз животната средина и да се овозможи максимално искористување на ресурсите, што претставува една од главните цели на кружната економија и еден од клучните принципи на политиката за еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), втемелена во корпоративната пракса на „Алкалоид“
ПР
Соопштенија
ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година.
Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија нуди можност за аплицирање на универзитети во една од следните земји: Грција, Германија, Италија, Белгија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Данска и Англија. Втората стипендија, која се однесува на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, опфаќа повеќе насоки на Градежниот, Машинскиот, Факултетот за електротехника и информатички технологии или на Технолошко-металуршкиот факултет.
Право на аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти во последна година на прв циклус студии, на возраст до 30 години (или до 32 со релевантно професионално искуство), со просек 8/10 и со упис или писмо за прифаќање на постдипломска програма од Универзитетите од странство.
„Нашата заложба за поддршка на образованието и поттикнување на следната генерација лидери е суштината на нашите вредности. Со оваа програма за стипендирање, имаме за цел да придонесеме во развојот на талентирани поединци кои можат да поттикнат иновации и извонредност во нивните области. Веруваме дека инвестирањето во образованието е долгорочна инвестиција во иднината на нашата индустрија и општеството во целина“, изјави Димитри Пасхос, Главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.
За условите на конкурсот и за начинот на аплицирање заинтересираните можат да добијат повеќе информации на ЛИНКОТ . Крајниот рок за пријавување е 18 мај 2025 година.
Стипендиите се доделуваат во рамки на долгорочната заложба на ОКТА за поддршка на образованието, што пак е еден од главните столбови на стратегијата на компанијата за општествена одговорност. Како дел од оваа иницијатива, и во соработка со УКИМ, ОКТА досега има доделено 42 стипендии за втор циклус на студии, а повеќе од 100 студенти имале можност за практична работа во компанијата.
ПР