Соопштенија
Божиноска: Овозможете повеќе мамографи – во Тетовската клиника нема термин, нема кадар

„Не си сама! Прегледај се! Дајте ни термини на државно! Вработете онколози! Овозможете повеќе мамографи – во Тетовската клиника нема термин, нема кадар!“, ова се само дел од пораките што ги упатија жените од ЛО Левица – Тетово и кандидатката за градоначалничка на Општина Тетово од Левица, д-р Катка Божиноска, во рамки на активноста посветена на жените и борбата против ракот на дојка, во рамки на месецот на свесност – Розов октомври.
„Оваа акција е чин на солидарност, но и гласна реакција на игнорантскиот однос на институциите. Во Тетово сè уште нема достапни термини за мамографија, нема доволно кадар, нема онколози. Тоа мора да се промени“, изјави кандидатката за градоначалничка на Тетово, д-р Катка Божиноска.
На настанот, жени-членки, активистки и поддржувачки на Левица, облечени во розово како симбол на солидарност со жените кои се соочуваат со рак на дојка, испратија моќни пораки на поддршка, охрабрување и барања за подобрување на здравствениот систем.
„Целта е да се подигне свеста, но и да се повикаат надлежните да ги преземат неопходните мерки за навремена дијагностика и достапна здравствена заштита“.
Кандидатката за градоначалничка на Тетово од Левица додаде дека ќе продолжат со секојдневни активности, на терен, со народот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Костовски: За 4 години реконструиравме 102 улици во Бутел вредни 320 милиони денари

Во период од 4 години во општина Бутел успеавме да реконструираме 102 улици со вкупна вредност од триста дваесет милиони денари, вели Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Некои од нив чекаа за реконструкции и по неколку децении.
Реконструиравме голем број клучни сообраќајници Киро Димушков, Хо Ши Мин, Симче Настевски, Натанаил Кучевишки, Скоевска, Бутелска, Радишанска, улица Бетовенова, главната улица на Љуботенски пат.
Вашите потреби се мој врвен приоритет“.
Реконструиравме улици, додава тој, во секое населено место. „Ќе продолжиме уште посилно“.
Соопштенија
Стефковски: Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува, ќе асфалтираме над 100 нови локални улици

Актуелниот градоначалник на Гази Баба и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи најави реконструкција на големите локални улици, за подобар сообраќај, побезбедни улици, за поквалитетен живот на граѓаните.
„Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици!“, рече Стефковски.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Инвестирање во спортот и спортската инфраструктура е главен фокус на ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија.
„Еден од приоритетните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е изградба на нов модерен спортски центар.
Локацијата каде што е предвидена изградбата е покрај реката Вардар, на потегот од паркот „Авионче“ до „Рајскиот парк“.
Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства.
Вложување во спортот е вложување во физичкото и метално здравје на граѓаните. Наша примарна цел е да обезбедиме соодветни услови каде што ќе можат да спортуваат идните млади спортисти, но и докажани врвни шампиони“.
Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ има огромен потенцијал да создава идни спортисти кои ќе носат врвни резултати и успеси.
„Затоа ги повикуваме граѓаните од Општина Аеродром на 19 октомври да излезат и да го поддржат Дејан Митески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.