Соопштенија
Бугарскиот културен клуб Скопје предлага нови уставни амандмани
Бугарскиот културен клуб Скопје до претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати предлог-амандмани за уставни промени во врска со договорот од Преспа.
Во продолжение интегрално го пренесуваме барањето:
Веќе 29 години Република Македонија не успева да го најде своето достојно место во светот, води тешки спорови со сите околни земји, додека народот е сè повеќе поделен. Оваа тенденција треба да престане. Промената на уставното име беше наметната откако Грција ја блокираше нашата интеграција во Европската Унија и НАТО. Но, проблемот не е во името, туку во содржината што се вложува во него. Промената на името можеше да биде избегната доколку навреме бевме преживеале катарзис и се бевме ослободиле од лагите и фалсификатите на тоталитарниот режим. Должни сме да го преживееме тој катарзиз, не за да му угодиме на некого, но пред сè да се осмислиме себеси!
Токму од таа причина Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), организација која обединува македонски граѓани кои го имаат запазено своето бугарско самосознание, му предлага на Собранието на Република Македонија свои решенија на амандмани за промена на Уставот.
Амандман: XXXIII
Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“освен во член 36.
Амандман: XXXIV
Во преамбулата на Уставот на Република Македонија „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другитеʺ се заменува со „независно од нивното потекло, вероисповед или национално самосознаниеʺ, по зборот Македонија се додава „во согласност со идеите на БМОРК (ТМОРО, ВМОРО), за политичка автономија на нашите простори ветена на Берлинскииот конгрес во 1878 година, со идеалите на Крушевската Република, со целите на ВМРО – кое по 1919 година се објавува за независна македонска држава, прогласот на АСНОМ, на референдумот од 8 септември 1991 година и на Охридскиот рамковен договорʺ, а се бришат зборовите „одлучија даʺ.
Амандман: XXXV
членот 3 се дополнува со точка 1.
„Републиката ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“.
Амандман: XXXVI
1.Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на сите македонски граѓани.
2.Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.
3.Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“.
4.Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија.
Амандман: XXXVII
Во член 36 од Уставот на Република Македонија, „на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државностʺ се заменува со „на борците, прогонуваните и затвораните за идеите за независна македонска државаʺ
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА АМАНДМАН XXXIV
Не можеме да прифатиме дека на нашата територија живеат делови од други народи. Во современиот свет, поимот нација значи сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност. Да не заборавиме дека војните од 1990-тите години се родија поради советско-југословенскиот концепт, дека народите, а не републиките се субјекти!
Идеите за автономија на територијата на Македонија датираат од Берлинскиот конгрес. Согласно со член 23 од Берлинскиот договор се создаваат Бугарските македоно-одрински револуционерни комитети (БМОРК) чиј устав е изготвен од Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Ако на почетокот движењето е со бугарски етнички предзнак, со трансформирањето во ТМОРО, ВМОРО и ВМРО тоа ги обединува сите незадоволни елементи без значение на нивната етничка и верска припадност. Без прифаќање на историјата таква каква што била, нема да го постигнеме толку потребното национално помирување!
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА АМАНДМАН: XXXVII
Според член 36 од Уставот, полноправни членови на македонскиот народ се само оние кои веруваат во теоријата за неговата самобитност. Проблемот е дека теоријата за историската самобитност на македонскиот народ била застапувана само од едната страна во Македонската граѓанска војна, која го расцепила нашето општество по Првата светска војна. Таа била застапувана од оние политички сили кои барале компромис со Југославија. Имало многу борци за слобода и независност на Македонија, кои ја гледале земјата како „Швајцарија на Балканот”, која да ги гарантира правата на сите и кои го гледале основното население како дел од бугарскиот народ. Како што веќе споменавме, идеите за автономија на територијата на Македонија датираат од Берлинскиот конгрес и далеку ѝ претходат на теоријата за „самобитноста” на македонскиот народ. Не можеме да постигнеме национална согласност ако ги исклучиме македонските Бугари од македонскиот народ, премолчувајќи го историскиот факт дека точно тие се креаторите на идејата за автономна, а подоцна и независна Македнија.
Никогаш нема да постигнеме вистинска соработка со соседните земји ако веруваме дека тие го поделиле македонскиот народ и дека делови од овој народ живеат во странство! Должни сме да го заштититуваме секој наш граѓанин, каде и да се наоѓа во светот, но ако веруваме дека делови од нашиот народ живеат во странство – никакви тврдења дека немаме претензии кон соседите нема да ги надминат нивните сомневања кон нас.
Како и секоја држава, Република Македонија има право да гради свој идентитет, кој да ги обединува граѓаните од различно етничко потекло, со различна вероисповед и самосвест.
Промената на името е тешка загуба што ја претрпевме поради нашата неспособност да ја преосмислиме нашата историја. Ако не го сториме тоа сега, направената отстапка ниту ќе ги реши нашите проблеми со соседите, ниту ќе ни гарантира толку потребното национално помирување!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?
Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е симболична – во одредени случаи, заштедата може да достигне и до 40%.
Но, за да се разбере вистинската разлика, потребно е да се разгледа структурата на самата сметка.

Секоја сметка за електрична енергија ги содржи следните ставки: надоместок за потрошена електрична енергија, надоместок за дистрибуција на енергијата („мрежарина“), фиксен надомест за пристап до мрежата, ДДВ, комунална такса за јавно осветлување.
Важно е да се нагласи дека сите надоместоци поврзани со мрежата и останатите давачки се регулирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика и се еднакви, без разлика кој е снабдувачот.

Разликата се создава кај главната ставка – трошокот за потрошената електрична енергија.
Од каде доаѓа разликата? Предноста на ЕДС, која е членка на PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, во однос на другите снабдувачи лежи во големината, оптимизацијата и регионалната инфраструктура. ЕДС секојдневно купува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален енергетски дијаграм на балансната група и пониски трошоци за балансирање. Благодарение на големото портфолио и ефикасното управување, трошоците за отстапување се сведени на минимум. Компаниите добиваат гарантирана цена, што овозможува финансиска стабилност и подобро планирање.
Во современото деловно окружување, струјата повеќе не е само оперативен трошок – таа е стратешка категорија.
Паметниот избор на снабдувач значи контрола врз трошоците, предвидливост и директна финансиска заштеда што може да се пренасочи кон инвестиции и развој. А, бројките покажуваат дека разликата не е мала – таа е мерлива и значајна.
ПР
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)

