Соопштенија
(Видео) Арсовски: Криминалните шеми од управувањето со Струмица, Заев ги преслика на државно ниво
Зоран Заев и СДСМ за само една година успеаја да го најдат клучот за испумпување народни пари на ниво на целата држава, обвини на денешната прес-конференција портпаролoт на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсковски, кој додаде дека Заев само го копира на национално ниво локалниот модел што два мандати го применувал во Струмица.
На прес-конференцијата Арсовски претстави две таканаречени криминални пајажини.
„На едната страна е криминалната пајажина што Зоран Заев ја сплете додека беше градоначалник на Струмица и успеа да испумпа милиони евра преку фирмите на неговите роднини и неговите блиски. На другата страна е пајажината што Заев успеа ја сплете откако дојде на власт, и тоа преку само една институција, Фондот за иновации. На истиот, негов, веќе испробан начин, се обиде да испумпа милиони евра, но беше фатен“, рече портпаролот на опозициската партија.
Арсовски обвини дека за само една година СДСМ успеал, како што рече, преку сомнителни, наместени во 4 очи тендери, да испумпа десетици милиони евра.
„Бидејќи Советот за јавни набавки не води веќе контрола околу тендерите, додека граѓаните се занимаваат со најгорливото прашање околу уставното име, за функционерите на СДСМ дојде животот. Тие удрија најбезобразно по парите на граѓаните низ сите институции. Секојдневно летаат тендери од институции до блиски луѓе на СДСМ и нивни функционери“, посочи тој.
Истакна дека ангажманот на камионите на Вице во РЕК издадените градежни дозволи, доделените концесии за ископ, доделените концесии за одгледување марихуана, се само мал дел од примерите како Зоран Заев ја унапредил локалната шема од Струмица.
„Кога на неа ќе се додадат и скандалите како тендерот за реагенси во здравство на Венко Филипче, Фонд за иновации, набавка на нови автомобили преку фирми донатори на СДСМ или набавките на апетисани за министерства, јасно се гледа ‘модус операнди’, односно начинот на вршење на делата на криминалниот картел на власт и се отсликува намерата зошто СДСМ се бореше да дојде на власт“, рече Арсовски.
Обвини дека Заеви, Анѓушев, Локвенец, Цветанка Ласкова и останатите блиски до СДСМ за само една година успеале да направат ршум низ институциите и заработиле милиони.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да го испита што побрзо скандалот „Криминални иновации” и веднаш да поведе постапки против сите инволвирани. Арсовски предупреди дека во спротивно, кривичното дело не застарува и еден ден кога, како што рече, нема да е заробено судството, правдата ќе излезе на виделина и ќе се задоволи, а сите инволвирани ќе одговараат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

