Соопштенија
(Видео) Арсовски: Стојановски да си даде оставка веднаш, му се заканува затвор
Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, сè повеќе се заплеткува во скандалот што излезе во јавноста, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако тој им се закануваше на наставничките на нивното работно место пред деца со зборовите, цитирам: ‘Значи, заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви ги слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму’, тој продолжи да се заканува и на медиумите што го објавија овој скандал со некакви си тужби“ рече Арсовски.
Тој истакна дека е повеќе од очигледно и дека се работи за матрицата на СДСМ, заканување, уценување и пак заканување.
„Но, Марјанче Стојановски треба да знае дека дури и да му е точна изјавата што ја дал во полициската станица, меѓу своите колеги, дека ова видео е снимено од протест во јануари 2018 година, протест што тој со закани и уцени го спречувал, а секој протест е демократско право на граѓаните, дури и тогаш направил кривично дело. Според член 155, став 2 од КЗ, секое спречување протест од страна на службено лице, во случајот избран функционер на локални избори, се санкционира со казна затвор до 3 години. Ова дело во согласност со изјавата на Стојановски, а пренесена од медиумите, е сторено во целост“, додаде Арсовски.
Видеото, како што рече Арсовски, отвора сомнеж дека градоначалникот учествува во организирана партиска структура на СДСМ во МВР, која врши прислушување граѓани, во случајот учителки итн. и нивно следење спротивно на законот.
Дополнително, според Арсовски, постојат индиции дека делото е извршено со злоупотреба на службената положба и овластувањето, казниво со член 353 од КЗ бидејќи, како што вели, во скандалозното видео тој напоменува дека работел во МВР и дека ги слуша сите разговори.
„Заканите и уцените што ги упатува кон вработените во училиштето на работно место е сосема друго дело. Обвинителството само од оваа снимка има куп работа и куп индиции што треба да ги истражи и да отвори случај. Наместо нервозни и панични изјави од страна на Марјанче Стојановски, кој е градоначалник на Демир Хисар, тој уште веднаш треба да си поднесе оставка. Само така ќе се овозможи непристрасна истрага. Во спротивно останува сомнежот дека ќе им се заканува на сведоците, а органите на прогонот под политички притисок ќе замижат пред скандалот. Потенцирам, огромен скандал“, изјави Арсовски.
Обвинителството, како што рече Арсовски, доколку е ослободено од канџите и притисоците на СДСМ, треба да интервенира и да го расчисти сомнежот дека недолжни граѓани се следени, прислушувани и биле цел на уцени и закани.
„Ако ова им се прави на наставнички во едно основно училиште, тогаш жртва на оваа ненародна власт може да биде кој било од граѓаните. Ако вакви притисоци се прават за еден обичен протест, тогаш можеме да замислиме што се прави во услови на избори или во екот на кампањата за референдум или што сè се правело за Марјанче Стојановски да дојде на функцијата градоначалник. Овој скандал го покажа сталинистичкото лице на власта на Заев и СДСМ. Овој скандал покажа дека граѓаните не им се плашат и се спротивставуваат со гласно ‘не’ на политиките на криминалниот картел на власт. Затоа, уверени сме дека граѓаните и Република Македонија ќе победат!“, нагласи Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

