Соопштенија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците, функционерите и институциите да ја почитуваат волјата на граѓаните
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција порача дека пратениците, функционерите и институциите треба да ја почитуваат волјата искажана на референдумот и да не го прифаќаат договорот до Грција.
Пред новинарите ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвини за нерегуларности на референдумот, посочувајќи неколку примери каде што тврдат дека била погазена демократијата.
„Општина Струга, населено место Лабуништа, на едно избирачко место од 17 до 19 часот, гласале 156 гласачи или на секои 46 секунди по еден гласач. Повторно, општина Струга, Велешта, од 15 до 17 часот гласале 497 гласачи или на секои 14 секунди по еден гласач. Повторно, Велешта во Струга, од 15 до 17 часот гласале 247 гласачи или на секои 29 секунди по еден гласач. Кичево, населено место Зајас, од 17 до 19 часот гласале 350 гласачи или на секои 20 секунди по еден гласач. Друго изборно место, исто во населеното место Зајас, општина Кичево, од 17 до 19 часот гласале 127 гласачи или на секои 56 секунди по еден гласач. Трето избирачко место во Зајас, општина Кичево, од 15 до 17 часот гласале 202 гласачи или на секои 35 секунди по еден гласач. Општина Желино, населено место Тревош, од 13 до 15 часот гласале 136 гласачи или на секои 52 секунди по еден гласач. Општина Липково, населено место Виштица, од 11 до 13 часот гласале 175 гласачи или на секои 41 секунда гласал по еден гласач. Општина Боговиње, населено место Каменање, од 17 до 19 часот гласале 167 гласачи или на секои 43 секунди по еден гласач. Општина Пласница, населено место Пласница, од 17 до 19 часот гласале 170 гласачи или на секои 42 секунди гласал по еден гласач. Повторно Пласница, уште едно избирачко место, исто од 17 до 19 часот, гласале 202 гласачи или на секои 35 секунди гласал по еден гласач. Општина Долнени, населено место Црнилиште, од 11 до 13 часот гласале 225 гласачи или на секои 32 секунди гласал по еден гласач. Студеничани, населено место Батинци, од 17 до 19 часот гласале 262 гласачи или на секои 27 секунди гласал по еден гласач од Батинци. Ова е само дел од доказите зошто мора да биде сменет РЈО, зошто мора да има анкетна комисија во Собранието, зошто е потребна техничка пржинска влада за спроведување на следните избори онака како и што и беше договорено. Оваа власт затоа и го чува републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој се крие и не го расчистува криминалот во кој власта влегува секојдневно ниту, пак, ги расчиствува изборните измами и поткупувања и полнењето кутии. Со неговото непостапување РЈО прави злоупотреба на својата должност и за тоа е потребна итна негова смена. Почитувани, вакви насилни процеси, вакво полнење кутии, вакво лажирање резултати, нè враќа во 90-тите години на минатиот век. Оваа власт нема капацитет да одржи чисти фер и демократски избори на кои граѓаните би биле сигурни дека својот избор нема да им биде злоупотребен“, нагласи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

