Соопштенија
(Видео) Кирацовски од Прилеп: Граѓаните, дуќанџиите, ја добија својата слобода и никогаш повеќе нема да ја загубат
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски денеска беше во посета на старата градска чаршија во Прилеп, каде оствари средба и разговори со граѓаните, дуќанџиите, луѓето од еснафот.
„Огромно задоволство ми претставува тоа што гледаме една нова слика и нов ентузијазам. Ја нема загриженоста на нивните лица и го нема стравот од неизвесноста во работата со нивните бизниси.
Нема повеќе од оние одмазнички упади во фирмите, нема веќе затворање на дуќаните, упропастување на бизниси, драконски казни и рекет што беше одлика на криминалото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните, дуќанџиите, ја добија својата слобода и никогаш повеќе нема да ја загубат.
Безидејното раководство на ВМРО ДПМНЕ предовдено од Христијан Мицкоски, кое денеска тука во Прилеп организира уште еден протест за одбрана на криминалот, нема никаков план“, изјави Кирацовски за време на посетата.
Кирацовски изјави дека тие наспороти Мицкоски, кој како што посочи Кирацовски немал став, немал визија, немал идеја, тие дале можности и отвориле перспективи, преку намалување на казните и до 75 %.
„Домашните и странски компании сега се изедначени и добиваат значителна помош за инвестирање и отворање нови и подобро платени работни места.
Државата сега стимулира брз раст на малите и средни претпријатија преку финансиска поддршка со покривање на 30 % од директните трошоци, финансиска поддршка од покривање на 10 % од исплатена плата којашто е за 50 % повисока од минимало утврдената. Затоа сега платите растат.
Од едната страна имате сигурен воз поставен на шини со кој влегуваме во НАТО и ЕУ и обезбедуваме инвестиции и повеќе пари за сите граѓани.
Од другата страна има едно изгубено антизападно раководство кое нема ниту став ниту план за Македонија“, изјави Кирацовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

