Соопштенија
(Видео) Костадинов: Економијата расте, над 26.000 нови работни места само во 2018 година

Двете години откако одговорно пред граѓаните СДСМ ја предводи Владата, се пример за успешно, домаќинско и одговорно работење во интерес на економијата и граѓаните. По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години економијата повторно расте и се развива, имаме вистинска, силна економија која создава шанса за сите, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
„Од минусното салдо од -,1.8 отсто во вториот квартал на 2017 година, обезбедивме раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал од 2018 година.За две години влегоа 20 нови странски инвестиции, а во 2018 е забележан рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Само во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места од кои околу 1.000 во производствените погони на странските инвестиции. Овој факт, како и активните мерки за вработување, придонесоа стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто за овие 2 години“,рече тој.
Индустриското производство, додадем, во првиот квартал од оваа 2019 година растот е 8,8 отсо, а во 2018 тој изнесуваше 5,4 отсто.
„Истовремено, го зголемивме и извозот. Според официјалните податоци, во 2018 извозот има раст за 16,8 % во споредба со 2017. Ова се клуните показатели за одржливиот економски развој на државата и вистинскиот правец по којшто се движи. Патот на интеграциите и членството во ЕУ и НАТО носат носат бројни придобивки за економијата“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“

Кандидатот за градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека започнува целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“.
„На мое големо задоволство денес со министерот за транспорт и вицепремиер во Владата во Македонија, Александар Николоски се наоѓаме на локација пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што започнуваме со работа на целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до оваа локација. Патот е финансиран преку проект на Министерството за транспорт во соработка со Светска Банка и делумно кофинансирање од страна на општината Ѓорче Петров ќе биде со должина од 780 метри и целосно ќе ги задоволува стандардите за нормално задоволување на сообраќајот. Конечно жителите на овој дел на Ѓорче, дел којшто ни се развива, ќе имаат услови да возат по сообраќајница по сите стандарди“, истакна Стојкоски.
Стојкоски додаде дека конечно по долго време Ѓорче Петров има инфраструктурна револуција.
„Благодарност до Владата и министерот за транспорт, за целосната поддршка што како општина ја добиваме изминатиот период. Само во Ѓорче Петров околу 320 милиони денари или околу 5 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура и дополнителни средства кои ги добиваме од Владата по првите два повици кои се однесуваат на доградба на училишта, доградба на градинки. Ѓорче Петров не памети ваква инфраструктурна револуција до сега ќе продолжиме со истата динамика ги завршивме над 150 улици, 90 улици и краци во моментот се или во постапка или веќе се работат и Ѓорче Петров конечно заличува на едно урбано место каде е возможен развој и место кое е посакувано за живеење од сите генерации на граѓани“, кажа Стојкоски.
Соопштенија
Костовски: Целосна реконструкција на шест клучни улици во Визбегово

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да рекоснтруираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници, вели Дарко Костовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел.
„Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово.
Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период.
Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива.
Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд“.
Соопштенија
Шукова: Радишани заслужува чист, безбеден и жив пазар

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денес оствари средби со продавачи и купувачи на пазарот во Радишани. Во отворен разговор, жителите посочија конкретни потреби: почист и поорганизиран пазар, подобро осветлување, повеќе корпи за отпад, регулиран паркинг и редовна контрола на хигиената.
„Енергијата и идеите на луѓето од Радишани се јасен сигнал што треба да се направи веднаш. Како градоначалничка ќе воспоставам јасен распоред за чистење и миење на пазарниот простор, ќе го подобриме осветлувањето и пешачките приоди, ќе воведеме означени паркинг-зони за ред и безбедност, а малите продавачи ќе добијат фер услови и промотивни викенд-настани,“ изјави Шукова.
Таа додаде дека пазарот е важен економски и социјален центар на маалото: „Радишани заслужува пазар каде локалната економија расте, а соседството се поврзува. Тоа е духот на нашата визија — „Се бориме за нашиот дом“ почнува од ваквите места.“