Соопштенија
(Видео) Костадинов: Мицкоски лаже дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија

Не престанува лажењето на Христијан Мицкоски, извртувањето на вистината и немањето конкретен став за која било тема. Христијан Мицкоски, кој дипломирал, магистрирал и доктрорирал на Машинскиот факултет во Скопје, а потоа му станал и асистент на својот татко, вели дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист на двете пријателски земји. Го повикуваме јавно Мицкоски да каже каде дипломирал, магистрирал и докторирал и да објасни под кои услови и со кое знаење, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој рече дека на средбата со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, Мицкоски му рекол дека бил стипендист на италијанската влада и дека таму ја поминал магистратурата, а докторатот во Германија како стипендист на германската влада.
„Иако изјавата е половина на бугарски половина на македонски, повеќе од јасно е дека го гледа во очи премиерот Борисов и го лаже“, рече Костадинов.
Да го потсетиме Мицкоски, рече тој, дека во ниеден дел од неговата биографија нема наведено кога, каде и како чиј стипендист бил на студиски престој.
„Со исклучок на штурите информации дека работел на некакви заеднички студентски проекти, нема никаков друг податок. Го прашуваме повторно Мицкоски каде и под кои услови дипломирал, магистрирал и докторирал“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Каранфилова-Пановска: Поддршка за локални фестивали, манифестации и обнова на домови на културата во Битола

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска и кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски, денеска остварија средба со културните работници од Интимен театар во Битола.
На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој и унапредување на културата во градот на конзулите.
„Програмата на СДСМ за Битола, во делот на културата предвидува поддршка за локални фестивали, манифестации, уметнички здруженија и културно-уметнички друштва, обнова на поранешните домови на културата во руралните средини“, рече Куновски на средбата, додавајќи дека под покровителство на градоначалникот ќе се врати традицијата Средба на Егејците во Трново.
Тој истакна дека новата локална самоуправа во Битола редовно ќе ги одржува спомениците од НОАВМ и партизанските гробишта, а планирано е поставување спомен-обележја на истакнати битолчани, како Ајри Демировски, Коста Хаџи-Антоновски, Јанаки Манаки, Димитар Илиевски Мурато и други.
„СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола. Со поддршка на локалните уметници, културните манифестации и заштита на богатото културно наследство, културата ќе биде двигател на развојот и гордост на градот“, истакна на средбата во Битола, заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.
Соопштенија
Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

„СДСМ и Методија Куновски во својата програма имаат конкретни одговори за проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и за создавање нови можности за развој,“ истакна заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, на денешната средба со претставници на Регионалната стопанска комора во Битола, заедно со кандидатот за градоначалник, Методија Куновски.
На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој на Битола, која опфаќа соработка и комуникација со бизнис-заедницата, подобрување на деловната клима и намалување на административните бариери, дигитални услуги за фирмите, субвенции за иновации, зелени технологии и енергетска ефикасност, инфраструктурна поддршка, јавно-приватни партнерства за заеднички иницијативи, општински фонд за жени претприемачи, партнерства со бизнис-секторот за вработување самохрани мајки и мајки на деца со попреченост.
„Покрај соработката со бизнис секторот, во нашата програма програма меѓу приоритетите се руралниот развој и поддршката на земјоделството, рече Куновски, најавувајќи поддршка за агротуризмот, одржување на земјоделски и гастрономски саеми за директна продажба и маркетинг, развој на локални брендови како пелистерско сирење, цапарски компир, буковска пипер, бистрички праски и др.
СДСМ и Методија Куновски се посветени на економскиот развој, отворање нови работни места и создавање подобри услови за компаниите во Битола“, порача заменик -претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска.
Соопштенија
(Видео) Митески: Фотоволтаици на секоја зграда и куќа во Аеродром, инвестиција за еколошка иднина

Секој покрив во Аеродром има потенцијал за зелена енергија и финансиска придобивка за граѓаните, вели Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.
„Создаваме системско решение кое ќе значи поставување на фотонапонски централи на крововите во Ареродром и на тој начин граѓаните да добијат можност, преку искористување на овој потенцијал да ги реновираат фасадите, лифтовите, да заменат прозорци, да ги реконструираат крововите.
На овој начин создаваме побезбедна, по еколошка и попријатна животна средина“.