Соопштенија
(Видео) Костадинов: Членството во ЕУ значи повеќе пари, вработувања и повисок животен стандард
Доаѓа време за нова одлука, кога треба да го направиме следниот чекор од овој вистински пат по којшто се движи Македонија, порача Костадин Костадинов од СДСМ.
„Имаме историска можност на престојниот референдум да излеземе и заедно да избереме сигурна иднина. Македонско-грчкиот договор ширум ги отвора европските перспективи, обезбедува членство во Европската унија и НАТО со загарантиран македонски идентитет. Со членството во Европската унија значителноќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Тоа значи многу повеќе пари и за нови патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици, за нови училишта, градинки“ нагласи Костадинов.
Со влезот во ЕУ, како што рече тој, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, а македонските прозиводи стануваат рамноправни на големиот европски пазар.
„Досегашните искуства на земјите од регионот покажуваат дека по влезот во ЕУ, економскиот раст се интезивира, невработеноста се намалува, а расте извозот и бројот на нови работни места. Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард“ додаде Костадинов.
Тој даде пример со бруто домашниот производ на Унгарија, кој се зголемил за 23%, на Чешка се зголемил за 37% проценти а дури за 63% се зголемил БДП во Полска, по членството во ЕУ.
„Членството во ЕУ и НАТО носи огромни придобивки за сите нас. Да излеземе на рефереднумот и заедно, обединети, да ја обезбедиме македонската иднина како рамноправна членка во ЕУ и НАТО, со зајакнат и заштитен македонски идентитет. На референдумот на 30 септември да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет, да кажеме силно ДА за европска држава, ДА за македонската иднина!“ порача Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

