Соопштенија
(Видео) Лабудовиќ: Центар ќе обезбеди еднакви можности за сите
„Во современ Центар нема место за поделби – има место за луѓе“. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, истакна дека инклузивноста, човечката достоинственост и еднаквите можности ќе бидат основата на новиот модел на локално управување во Центар.
„Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите – без исклучок. Ќе отвориме дневни центри за децата со попреченост, со современи услови и стручна поддршка, а ќе воспоставиме и програми за нивна целосна инклузија во образованието“, изјави Лабудовиќ.
Во фокусот на новите политики ќе бидат социјалната грижа и локалната економија – два стожери на човечка и функционална општина.
Општината ќе спроведе проект за формирање дневни центри и „Сениор Центар“ за пензионери и ранливи категории, како и програми за поддршка на самохрани родители, лица со попреченост и бездомници.
Дополнително, ќе се воведе и проект „Топол оброк“ за бесплатни или субвенционирани оброци за најзагрозените, се наведува во соопштението.
„Грижата за најранливите не е само прашање на хуманост – тоа е прашање на визија и вредности. Општина што се грижи за најслабите е општина што расте со најсилните“, потенцираше Лабудовиќ.
Паралелно, тој најави силен фокус на локалниот економски развој и поддршката на малите и семејни бизниси, кои се двигател на Центар.
Со формирање на општински фонд за мали и средни бизниси, Општината ќе обезбеди финансиска и советодавна помош за нови претприемачи, стартапи и занаетчии.
Ќе се организираат саеми на локални производи, како и програми за модернизација на трговските улици и пазарите, за подобрување на условите за работа на малите стопанственици, се вели во соопштението.
„Центар има талент, има креативност и има можности. Нашата цел е младите да ја гледаат својата иднина токму овде – да основаат сопствени бизниси, да создаваат вредност и да останат во својата земја“, изјави Лабудовиќ.
„Нашата визија е едноставна – општина која не дели, туку спојува. Каде секој глас е слушнат, секој труд е вреднуван, и секој граѓанин чувствува дека припаѓа. Само така ќе создадеме Центар кој живее, дише и расте со сите нас,“ заврши Лабудовиќ.
Со овие системски решенија, Центар ќе стане модерна, праведна и човечна општина – општина што ги штити вредностите, го поддржува развојот и создава можности за сите, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Левичарите од „Али експрес“ си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат
Левичарите од „Али експрес“, како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левицата, од типот на Амар Мециновиќ, човек што лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек што не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек што не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек што не си ги знае булеварите во градот ниту, пак, проектите што му се во програмата, посегна по глумење жртва и ширење лажни вести во медиумскиот простор.
Токму тие лажни вести, кои се обидуваат да ги шират во јавноста, в недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон што го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од она што тие го живеат.
Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9“.
Соопштенија
Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето „Песталоци“, создаваме подобри услови за учениците
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат, како што најави, се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага.
„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.
Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран, велат од општината.
„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.
Соопштенија
„Влен“: Секој обид да се поврзе кандидатот што го поддржуваме со каков било вид вештачка тензија е неточен
Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села, велат од коалицијата ВЛЕН.
„Секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии? Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и ЛЕВИЦА, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и ЛЕВИЦА е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“, се вели во соопштението.

