Соопштенија
(Видео) Ласовска: Хаосот што го приредија Царовска и Османи мора да биде разрешен

Секој ден станува сè појасно зошто Mакедонија е последна во Европа во однос на борбата против корупцијата и зошто држави како Свазиленд, Лесото или Руанда треба да ни бидат пример за правна држава, изјави денеска Блацига Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кој лаже, вицепремиерот Бујар Османи или Мила Царовска? Дали Царовска намерно пласирала лажни вести и давала несреќни изјави или директорите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од ДУИ злоупотребувале десетици милиони евра?
Кој ќе понесе одговорност за манипулациите во јавноста? Дали Царовска ќе одговара за лажно пријавување и ќе се повлече од функцијата или Бујар Османи ќе си даде оставка од вицепремиерската позиција за попречување и влијание врз истрагата која треба да се води против функционерите на ДУИ?
Ова што го гледаме со наводниот скандал во ПИОМ тежок 19 милиони евра е преседан кој покажува дека нема ниту правна држава, ниту борба против криминалот и корупцијата“, изјави Ласовска.
Таа додаде и дека денеска бевме сведоци на изјава на вицепремиер кој кажа дека вчера лично побарал министер и инсистирал тој да се повлече за дадените изјави и да се коригира, а ваков несериозен однос кон јавноста, вели Ласовска, нема ниту во Свазиленд, ниту во Лесото, ниту во Руанда.
„Дали и колку пари се украдени од ПИОМ? Колкава е штетата врз 12.000 идни пензионери? Власта мора да одговори дали кадрите на ДУИ кои директорувале со ПИОМ извршиле проневера или не?
Која е одговорноста на Фросина Ременски и Мила Царовска, кои веќе три години збирно министеруваат со МТСП?
Вицепремиерот на владата, Бујар Османи, денеска јавно ја обвини Мила Царовска дека шири лажни вести и дека нејзината изјава е несреќна и, како што вели, истата само шири шпекулации за некаква можна злоупотреба.
Османи спротивно на Царовска вели дека не станува збор за никаква злоупотреба на средства и најави пријави за сите политичари и медиуми за лагите кои се изнесени.
Хаосот што го приредија Царовска и Османи мора да биде разрешен, граѓаните мора да знаат кој лаже, дали Царовска или Османи“, додаде Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ден на автомобилска извонредност: „Порше центар Скопје“ домаќин на 911-заедницата

Изминатиот викенд „Порше центар Скопје“ гордо беше домаќин на извонреден настан за заедницата на сопственици на иконскиот „911“ собирајќи импресивна колекција од 42 модела во многу варијанти и разни генерации, како ултраексклузивните 911 GT3 RS, 911 GT3 и Turbo S помеѓу другите. Ова собирање ги прослави богатото наследство и трајната страст за иконската серија на „911“.
Настанот привлече многу ентузијасти на Porsche, вклучувајќи ценети клиенти, пријатели на брендот и почитуваните членови на „Порше клуб Македонија“. Присутните имаа единствена можност да бидат сведоци на еволуцијата на „911“, од класичните модели со воздушно ладење до најновите иновации, сите прикажани во живописна изложба на автомобилска извонредност.
ж
„’911′ е повеќе од само автомобил; тоа е симбол на инженерска моќ и безвременски дизајн“, изјави г. Златко Муцунски, генерален менаџер на П’орше Македонија’ во ‘Порше центар Скопје’. Успешната организација на овој настан ни овозможи да го почитуваме наследството на ‘911’ и да се поврземе со страсната заедница што го опкружува“.
„Порше куб Македонија“ одигра клучна улога во успехот на настанот, одразувајќи ја посветеноста на клубот за поттикнување силна заедница на љубители на „порше“. Нивното учество го нагласи длабоко вкоренетиот ентузијазам за брендот во регионот.
Овој настан не само што го прослави богатото минато на 911, туку ја истакна и посветеноста на „Порше центар Скопје“ за ангажирање и поддршка на локалната заедница на Porsche. Преку вакви иницијативи, центарот продолжува да ја зајакнува врската помеѓу брендот и неговите ентузијасти.
(ПР)
Компании
Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.
Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.
Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.
За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.
еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.
„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.
Комерцијален текст
Соопштенија
Нова РЕсет-работилница на „Реплек“: практични совети за добросостојба од д-р Митов

Во организација на Реплек се одржа уште една РЕсет работилница на која практични совети за општа добросостојба сподели познатиот д-р Александар Митов. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците на модерното време, динамичното секојдневие кое е неопходно да се балансира со грижата за менталното и физичкото здравје. Работилницата е дел од РЕсет платформата за добросостојба на Реплек која промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.
Во сесијата, д-р Митов се фокусираше на предизвиците што ги носи модерниот начин на живот – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и стресот. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој зборуваше за тоа како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без нагли диети или нереални цели. Работилницата понуди практични совети и конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневието и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалниот живот.
Платформата РЕсет креира простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и добросостојба. Преку низа отворени активности, Реплек поттикнува нови навики и однесувања што придонесуваат за личен и колективен напредок.
Досега, како дел од РЕсет платформата, се реализираа онлајн работилници со алпинистиката и уметница Илина Арсова и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, како и три настани за физичка активност со Елена Бубало. Овие активности продолжуваат и понатаму.
Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште еден доказ за долгорочната заложба на компанијата да придонесува за добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.
ПР