Соопштенија
(Видео) Лашкоска: Аболиран за финансиски криминал ќе стане министер за финансии

Вчера бевме сведоци на етаблирањето апсолутизам во Македонија од страна на Заев, кој се трониса во султан и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии, рече Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.
Притоа таа нагласи дека Заев како аболиран за финансиски криминал и човек што го има на снимки како бара едно евро за Вицето, едно за црквата, од среда ќе стане министер за финансии и ќе располага со парите на граѓаните.
„Од оваа среда семејството Заеви, Зоран Заев и веројатно Вице Заев, ќе имаат управа над 10 клучни институции. Управувањето со ова Министерство директно од страна на Заев значи дека со него тој лично воспоставува контрола и врз институциите како Царината, УЈП, Финансиската полиција, Управата за финансиско разознавање, Секторот за трезорско работење, игрите на среќа, Централниот регистар, Управата за имотно-правни работи, стоковите резерви, управување со јавниот долг, системот за банки и штедилници, системот за девизно работење, системот за ревизија и неколку помали други институции. Ова значи дека безмалку целиот финансиски сектор во државата е чекор поблиску за контролирање од страна на кланот Заеви“, посочи Лашкоска.
Таа додаде дека јавноста со право се прашува дали сите овие институции ќе овозможат непречено да функционира принципот евро за Вицето – евро за црквата, кој, како што рече, бил патентиран во Струмица со Заев како градоначалник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски.
Почнувајќи од последната изјава, дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија која сериозно ги загрижи граѓаните и ја потресе безбедноста во земјата.
Наместо докази, издржани информации и активирање на сите безбедносни инструменти демантот стигна токму од неговиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Во интервју за „360 степени“ Тошковски го демантираше Мицкоски и призна дека нема осомничени за хибридни напади, нема центри на моќ кои стојат зад пожарот во Трубарево или зад било кој друг пожар.
Ова признание е директен удар врз кредибилитетот и точноста на изјавите на Мицкоски.
Сега јавноста знае дека премиерот ја злоупотребил безбедносната состојба и институциите за да ја покрие својата неспособност за справување со пожарите“.
Но ова како што додава таа, не е единствена изјава на Мицкоски која била деманитарана или времето ја потрдило дека е класична манипулација.
„Мицкоски во август минатата година изјави дека има индиции за сценарио за дестабилизација на државата. Никогаш не објави докази и нормално ништо не се случи.
Во октовмри исто така минатата година Мицкоски од собраниската говорница обвини дека го следеле со дронови. Никогаш не се објавија докази и помпезно најавениот случај пропадна.
Пред само две недели Мицкоски изјави дека има информации дека бил следен и прислушуван. И ова се потврди дека нема никаква врска со реалноста и оваа афера на власта пукна како меур од сапуница.
Сите овие изјави на Мицкоски, сите овие примери се покажаа дека се празни зборови со кои се манипулира јавноста, граѓаните“.
Според Кузеска, после толку многу манипулации, толку многу измислици прашањето е дали воопшто граѓаните можат да му веруваат.
„На Христијан Мицкоски не може да му се верува.
Јавно искажаниот збор на еден политичар, особено на претседател на влада, носи тежина и голема одговорност.
Зборовите можат да предизвикаат страв, паника или да влијаат врз стабилноста на државата.
Крајно неодговорно е премиер да си дозволи да изнесува тврдења без факти и без докази, со единствена цел да си ја спасува сопствената политичка кожа.
Оваа влада и овој премиер не се само неспособни, тие се опасност. Опасност за животот и здравјето на граѓаните, опасност за институциите што ги сведуваат на нула и опасност за државата во целина“.
Соопштенија
Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната, праша ВМРО-ДПМНЕ

Пред да се осмели да зборува за било кое прашање, Венко Филипче е должен јавно да објасни зошто за модуларната болница, наместо Министерството за локална самоуправа кое требало да ја спроведе постапката, токму тој лично го презеде и реализираше тендерот?, преку соопштение до медиумите прашаа попладнево од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Зошто министерот за локална одбил да го потпише договорот и да ја спроведе процедурата што му ја наметнувале тој и Зоран Заев? Зошто тогаш постапката ја презел и ја туркал токму Филипче?
Сè додека не даде јасен и издржан одговор на ова прашање, Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за било што. Вакви прашања до него има уште многу – и секое од нив го открива вистинското лице на „неврохирургот“ кој сака да ужива на јахти, а кој со причина е заложник на семејството од Струмица. Толку од нашиот одговор“ стои во соопштението.
Соопштенија
На 8 септември Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк вело-грин

На 8 септември, во Маврово ќе се одржи традиционалната хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин, која веќе шеста година по ред ја организира Халкбанк во рамките на својата еко платформа – ХалкЕко.
Со цел непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 септември сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот „Спорт“ до Леуново во двете насоки, во периодот од 09:00 до 16:30 часот.
Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот, а стартната и целната позиција ќе биде паркингот пред хотел „Спорт“. Како и секоја година, така и сега, настанот ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот, од најмалите учесници, преку рекреативците, до професионалните натпреварувачи.
Средствата од котизациите традиционално се наменуваат за пошумување, а така ќе биде и овојпат. На тој начин, спортскиот настан Халк Вело Грин останува верен на својата еко мисија и претставува пример како спортот и општествената одговорност можат да одат рака под рака.
Халк Вело Грин не е само спортски предизвик, туку и вистински празник на спортот, природата и дружењето. Покрај возбудливите натпревари, во текот на целиот ден учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во свежиот воздух, убавините на Националниот парк Маврово и во атмосфера исполнета со позитивна енергија. За сите гости, поддржувачи и пријатели на велосипедистите е подготвена и забавна програма со Викса, ди-џеј Oky Doky, Jojo’s BBQ и маскотата на Халкбанк – Халки, кои што ќе ја направат манифестацијата уште поубава и незаборавна.
Халкбанк ги поканува сите љубители на велосипедизмот, спортот и природата да присуствуваат на овој уникатен настан и да бидат дел од заедничко искуство што инспирира, мотивира и носи позитивни промени.
(ПР)