Соопштенија
(Видео) Мицкоски со обраќање од карантин: Здравјето ми е одлично, но загрижен сум за македонската економија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е во вториот ден од изолација поради контакт со новинар заразен од коронавирус и соопшти дека денот го искористил за анализа на веста дека ММФ и доделил заем на Македонија во вредност од 176 милиони евра.
Мицкоски нагласи дека иако се чувствува одлично и здравствено и физички, загрижен е бидејќи претстои навистина предизвикувачки период за земјата, не само сега во 2020 година, туку и годините коишто следат.
„Се очекува да имаме зголемување на бруто домашниот долг некаде околу 65 до 68, а можеби и до 70% од нивото на бруто домашниот производ, што навистина претставува исклучително голема бројка и историски најголема од осамостојувањето до денес“, посочува партискиот лидер и додава дека токму поради овие причини е исклчучително важно да има робусна и хируршки прецизна акција кон стопанството.
Тој исто така ја криткува власта дека води, како што вели, „пиши-бриши“ политика.
„Уредба којашто првенствено е донесена на седница, под притисок на јавноста, стопанството, опозицијата и граѓаните претрпува определени измени. Последната верзија којашто денеска ја имаме при рака е дека практично работодавачите не се обврзани да ги задржат вработените до септември, туку таа обврска трае два месеца помалку, а тоа е до јули“, посочи Мицкоски.
Тој упати порака Владата да ја напушти, како што вели, надмената и примитивна политика и да почне да слуша што говори опозицијата и стопанството.
Според него, потребно е веднаш да се размислува за втор сет на мерки, односно што би било после јули.
„Сите оние политики во насока на поддршка на стопанството и компаниите кои што завршуваат со јули потребно е да бидат проширени, надградени после јули затоа што негативните ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот се очекува тогаш да кулминираат не само во Македонија, туку и насекаде во светот“, предупредува петседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека неговата партија во следниот период ќе продолжи активно да нуди решенија и политики, а останува да се види дали владата и натаму ќе се однесува примитивно и надмено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

