Соопштенија
(Видео) Николовска: Лиценца за марихуана и за идниот зет на Заев

Претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ружица Николовска, на денешната прес-конференција продолжи со серијалот на, како што рече, скандалот „Канабис-милионите на Заев” и објави уште една, според неа, спорна фирма, која добила лиценца за одгледување марихуана.
Николовска зборуваше за фирмата „Лајф плант” од Струмица, која зела лиценца за одгледување канабис.
„Како сопственик во фирмата ‘Лајф плант’ се јавува извесен млад лик од Струмица, Иван Проданов. Нашите информации говорат дека тој е момчето на ќерката на Зоран Заев, Александра Заева“, посочи таа.
Николовска јавно побара владата да одговори дали доделила лиценца за одгледување канабис на, како што рече, идниот зет на Заев, Иван Проданов, кој има само 25 години и кој зад себе нема ниту еден сериозен бизнис.
„Исто така ако се земе предвид дека за бизнис со марихуана потребни се милиони евра за инвестиција, прашуваме дали можеби семејството Заеви е спонзор на младиот Иван Проданов, кој е иден зет на Зоран Заев, и дали младиот Проданов е само параван за уште еден бизнис на Зоран Заев“, додаде претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, која порача дека антикорупциската комисија и институциите ќе имаат полни раце работа доколку ова се покаже како вистина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Грозјето скапува на нивите, откупот се одвива забавено, велат од СДСМ

Според опозициската СДСМ, лозарите повторно се оставени на цедило, а грозјето скапува на нивите.
Како што велат од оваа партија, пред два дена министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Кавадарци самоуверено изјавил дека „целото грозје ќе биде откупено од страна на винариите“.
„Денес е 19- ти септември, реалноста на терен е сосема поинаква.
Најавеното „решение“ за проблемот со откупот на грозјето се претвори во нова агонија за лозарите – откупот на винското грозје се одвива забавено.
Министерот Трипуновски тврдеше дека за оваа реколта ќе има производство од над 100 милиони килограми грозје. Во Кавадарци, опкружен со своите соработници, изјави дека досега се откупени 78 милиони килограми. Остануваат уште над 22 милиони килограми грозје за откуп“.
Го прашуваат Трипуновски како ќе бидат откупени повеќе од 22 милиони килограми грозје од винарија која, како што велат последен пат откупувала пред пет години, и тоа со капацитет од едвај 7 милиони килограми.
„Дали винаријата „Вардар“ за која Трипуновски ветува дека ќе ги откупи дополнителните количини грозје во тиквешкиот регион, има обезбедено финансиски средства да им го исплати грозјето на лозарите?
Лозарите заслужуваат одговор на овие прашања, бидејќи винаријата што ја спомнува Трипуновски, нема вршено откуп од 2020 година.
Лозарите се изморени од празни ветувања и сакаат реални решенија, не празни сценарија манипулации.
Дали се подготвува нова измама на лозарите, како онаа во 2016 година, кога партиски блиските визби добија пари, а лозарите останаа со неплатено грозје“.
Од СДСМ додаваат дека трудот на лозарот не смее да биде жртва на партиски игри и предизборни манипулации.
Соопштенија
Осигурување на имот со Минт Инс – Мир и сигурност пред есенските денови

Есента е сезона на промени, времето станува нестабилно, температурите варираат, а ризиците од поплави, силни ветрови и оштетувања се поголеми. Таа е сезоната кога природата станува непредвидлива и кога најмногу треба да се запрашате: што ако? Токму тука настапуват полисите за осигурување на имот, како начин за ублажување на финансиските последици.
Во Минт Инс, оваа заштита не е комплицирана, туку едноставна и јасна. Од домови и деловни простории, па сè до земјоделски посеви и техничка опрема, секој имот може да биде осигуран на начин што ви дава сигурност и мир.
Што навистина значи да се има осигурување на имот?
Замислете – поплава за време на силен дожд, пожар предизвикан од дефект, или пак кражба токму кога сте на одмор. Ниту еден од овие настани не ги планираме, но тие сепак се случуваат.
Имотното осигурување е таа сигурносна мрежа што може да ги ублажи финансиските последици во ваквите сценарија. Осигурувањето на имот е вид на заштита за вашите недвижности и предмети од вредност од различни ризици и оштетувања. Тоа опфаќа покривање на:
· Пожари, експлозии и удари од гром.
· Поплави и излевање на вода.
· Земјотреси.
· Провални кражби и вандализам.
· Оштетувања предизвикани од временски непогоди.
Со други зборови, овој вид на осигурување е една од најдобрите инвестиции кога станува збор за сигурноста на вашиот дом, деловен простор, техничка опрема, земјоделски посеви, па дури и објекти во градба.
Зошто есента е вистинскиот момент за осигурување на имот?
Есента е сезона кога временските ризици растат, а имотното осигурување е најдобрата одлука што можете да ја направите за да си го заштитите трудот и инвестициите. Вашиот дом, вашиот бизнис или вашето земјоделство не се само објекти и квадратни метри – тие се години работа и спомени.
Кога ќе склучите полиса за осигурување на имот пред или во тек на есен:
· Ќе бидете подготвени за потешките временски услови.
· Ќе избегнете изненадни финансиски трошоци.
· Ќе осигурате мир за себе, семејството или вашиот бизнис.
Ваш имот, наша заштита – Како изгледа имотното осигурување со Минт Инс?
Во Минт Инс имотното осигурување не е еднообразно – туку се прилагодува на вашиот имот и вашите потреби. Како осигурителен брокер во соработка со осигурителните компании, во Минт Инс ја пронаоѓаме најдобрата понуда која одговара на потребите на нашите клиенти.
Еве неколку примери како може да изгледаат тие понуди:
· Полиса што го покрива вашиот дом од пожар и временски непогоди, но и ги заштитува вашите апарати и мебел.
· Заштита за вашата компанија што ги вклучува деловните простории, машините и компјутерската опрема.
· Решение за земјоделците што ги покрива посевите, објектите и алатите.
Секој имот е различен, и затоа во Минт Инс секоја полиса може да се прилагоди според вашиот тип на имот и вашите приоритети.
Што добивате со склучување на полиса за осигурување на имот?
Не добивате само документ. Добивате мир. Тоа чувство дека без разлика што ќе се случи, имате на што да се потпрете.
· Финансиска стабилност: начин да ги рефундирате големите трошоци во непредвидени ситуации.
· Долгорочна сигурност: ќе знаете дека вашиот имот е секогаш заштитен.
· Флексибилност: покрива ризици според вашите реални потреби.
· Лесна апликација: нашиот процес на аплицирање е дизајниран да биде едноставен и брз, директно преку Mint App.
Како да изберете соодветна полиса за осигурување на имот?
Поставете си ги следниве прашања:
· Дали сакате да го осигурате само објектот или и покуќнина?
· Дали вашиот бизнис има специфични ризици (машини, алати, опрема)?
· Дали земјоделското производство бара дополнителна заштита?
Во Минт Инс нашиот тим ви помага да го пронајдете најсоодветното решение, без непотребни компликации.
Минт Инс – Вашиот мир започнува со една одлука
Не дозволувајте еден ненадеен момент да ви го промени животот или бизнисот. Без разлика дали сакате да го заштитите домот, бизнисот или друг недвижен имот, со полиса од Минт Инс ќе добиете мир, стабилност и заштита од непредвидливото.
Не чекајте проблемот да се случи – склучете полиса за осигурување на имот уште денес, затоа што сега е најдоброто време.
За повеќе информации контактирајте на нашиот контакт телефон (15 107), преку емаил [email protected], или посетете не во една од нашите филијали ширум државата.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) По тргедијата во Велес, СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

„По трагедија во Велес која можеш да биде спречена, овде, пред Министерството за внатрешни работи бараме итно разрешување на цело СВР Велес и одговороност од Панче Тошковски. Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми“, вели Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ.
„Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати. Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст.
Страшно и болно истовремено. Институциите не успеаја да заштитат живот на една жена и на еден човек. Само поради нивното молчење и непреземање ништо има два згаснати животи.
Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен.
Жените во Македонија не смеат да живеат во страв живеат во страв за својот живот, и својата безбедност сам затоа што нивните пријави ќе завршат во некоја фиока.
Ние денес сме тука да кажеме: доста е! Уште колку човечки животи треба да згаснат за Тошковски да понесе одговорност?“, изјави Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ.