Контакт

Соопштенија

(Видео) Николовски: ЕУ преку ИПАРД 2 ѝ дава на располагање на Македонија 60 милиони евра за развој во земјоделството

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе ја објави најавата за новиот повик од ИПАРД 2, односно за двете мерки Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства и Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и маркетинг, изјави денеска министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, од Пробиштип.

dobivaj vesti na viber

„Ова се мерките за коишто постои најголем интерес кај апликантите. Во првиот повик на ИПАРД 2 до денес се склучени рекордни 919 договори, што претставува приближно ист број  договори склучени во претходните 9 години во вкупната ИПАРД 1 програма. Овие договори тежат 15,8 милиони евра, од кои околу 12 милиони евра се европски пари наменети за нови трактори, механизација, опрема, преработувачки капацитети и други потреби на македонските земјоделци“, рече министерот Николовски.

Како што информираше тој, преку ИПАРД 2, Европската Унија ѝ дава на располагање на Македонија 60 милиони евра за развој во земјоделството. Согласно со законските процедури на Европската Унија, јавниот повик се најавува минимум 30 дена пред неговото објавување, кое ќе биде на почетокот на ноември. Во овој период од еден месец сите заинтересирани кои сакаат да конкурираат ќе имаат време да ја комплетираат целата документација.

Министерот Николовски посочи дека со помош на европските фондови и влезот на државата во НАТО и ЕУ не само што ќе се зголемат инвестициите во земјоделството туку ќе се овозможи и инвестирање во нови градинки, училишта, амбуланти, патна и канализациска инфраструктура, што ќе придонесе за подобрување на животот во руралните средини и обезбедување подобар живот за идните генерации.

Соопштенија

Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк

Објавено пред

Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

dobivaj vesti na viber

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.

Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.

„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.

Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

Објавено пред

Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.

dobivaj vesti na viber

ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.

Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.

„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.

Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови

Објавено пред

Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.

dobivaj vesti na viber

Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.

Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.

Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.

Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.

Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион1 час

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет3 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет3 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа4 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет4 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет4 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа4 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион13 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија14 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет16 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија19 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија22 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија22 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија24 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија1 ден

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...