Соопштенија
(Видео) Николовски: Со маршот „Чекориме за правда“ ќе испратиме порака дека следува прочистување на правосудството

Со маршот „Чекориме за правда“ ќе испратиме порака дека следува прочистување на правосудството, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„Им честитам на пратениците што го поддржаа законот за Јавното обвинителство. Огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики. Нема веќе простор за криминални структури и за политичари што поддржуваат криминални интереси. Тие што се охрабрија да го кочат напредокот на државата – изгубија. Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили, кои и мислат добро на сопствената земја“, рече Николовски.
Тој ги повика граѓаните да му се приклучат на маршот „Чекориме за правда“, кој ќе се одржи денеска од 18 часот.
„Тргнуваме од Собранието и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака. Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да го порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас, од граѓаните“, рече Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Костовски: Нова енергетска фасада на ООУ „Св. Климент Охридски“

„Местото каде што го поминав најубавиот дел од мојот живот, основното училиште „Св. Климент Охридски“, добива нова фасада“, вели актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Овој проект е во вредност од 11 милиони денари. Образованието останува да биде мој врвен приоритет“, додава Костовски.
Соопштенија
Герасимовски најавува бројни капитални проекти во Центар: Повторно имаме победничка програма

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски истакна дека Центар се развива како зелена и еколошки одговорна средина, со урбанизам што обезбедува повеќе зелени површини, безбедни пешачки и велосипедски зони и современи сообраќајни решенија.
Во програмата за втор мандат, тој најавува бројни капитални проекти со кои продолжува развојот на општината.
„Повторно имаме победничка програма која овозможува поквалитетен живот на сите генерации, децата, младите, возрасните и пензионерите. Отпочнуваме со изградба на нов дом за стари лица, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавуваме две цистерни и пет метларки за поголема хигиена, го ограничуваме движењето на возилата во Дебар маало, поставуваме две монтажни катни гаражи, градиме нов административно-граѓански објект со подземен паркинг за 300 возила и градиме два нови покриени базени. Покрај овие капитални проекти, воведуваме и Центарска картичка со која центарци ќе имаат бројни поволности и попусти“, вели Герасимовски.
Герасимовски, порачува дека учениците од прво до четврто одделение добиваат бесплатен оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатни екскурзии низ Македонија за да ги запознаат убавините, културата, историјата на татковината.
Тој, додава дека Центар добива и три слободни Free Wifi зони со што граѓаните, но и туристите ќе користат бесплатен интернет.
„Во недела да излеземе сите масовно и да го заокружиме бројот 5, затоа што само така Центар ќе продолжи да се развива, да живее чисто, зелено и европски. Само оваа опција нуди реални решенија, проекти што навистина се реализираат и грижа за секој граѓанин. Да покажеме дека сакаме Центар да оди напред, а не назад, затоа што иднината на нашата општина е во наши раце. Бројот 5 е глас за чисти улици, модерна и уредна општина“, порачува Герасимовски.
Соопштенија
Александра Цветановска: Центар што се грижи, прифаќа и создава можности за сите

Центар треба да биде општина во која секој човек се чувствува прифатен, поддржан и еднаков – место каде што секој има право да живее достоинствено, да учи, твори и да придонесува кон заедницата, изјави кандидатката за советник во Општина Центар, Александра Цветановска, која ја претстави својата определба за инклузивна општина што не остава никого зад себе.
„Нашата визија е едноставна – Центар да биде општина во која секој човек е прифатен, поддржан и има еднакви можности. Без разлика на попреченост или пак социјалниот статус – секој заслужува шанса да живее достоинствено, да учи, да твори и да придонесува,“ изјави Цветановска.
Во своето обраќање, таа истакна дека инклузијата не треба да биде празен збор, туку реалност што се чувствува во секој дел од градот. Затоа, една од нејзините главни заложби е Центар да стане пристапна и поддржувачка општина, во која лицата со попреченост ќе имаат еднаков пристап до јавните институции, културни и образовни простори, преку адаптирани влезови, рампи и соодветна инфраструктура. Цветановска најави и воспоставување систем на бесплатен превоз за децата со попреченост, како и можност за лична асистенција и дополнителни услуги во заедницата кои ќе им овозможат подостоинствен и активен живот.
Особен акцент таа стави и на поддршката на жените жртви на насилство, кои премногу често се оставени без системска помош. „Ќе воспоставиме телефонска линија, правна и психолошка поддршка, како и програми за нивно економско осамостојување. Жената која излегува од насилство мора да има шанса за нов почеток, за стабилност и независност“, порача Цветановска.
Во планот се вклучува и создавање мобилни тимови за поддршка на семејствата со ниски приходи, кои ќе излегуваат на терен и ќе помагаат таму каде што поддршката е најпотребна. Овие тимови ќе работат со чувствителност и емпатија, за да обезбедат реална, навремена и човечка помош за секое семејство што се соочува со финансиски или социјални предизвици.
„Со овие чекори градиме Центар што се грижи. Центар што прифаќа. Центар што создава можности за сите,“ нагласи Цветановска. Таа додаде дека оваа визија не е само политичка програма, туку лична и човечка определба – за општина во која секој граѓанин ќе се чувствува дел од заедницата, а не нејзин набљудувач.
„Со вакви политики и пристап, Општина Центар има можност да стане пример за тоа како се гради вистинска солидарност, рамноправност и грижа. Тоа е патот кон општина што не гледа на разлики, туку на луѓе – Центар што е топол, човечен и отворен за сите“, рече таа.