Контакт

Соопштенија

(Видео) СДСМ бара Антонио Милошоски да поднесе оставка

Објавено пред

СДСМ бара оставка од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Како што велат од владејачката партија, тој станал симбол на лажни вести со кои ја срамоти државата.

dobivaj vesti na viber

„Милошоски ја злоупотреби собраниската говорница и пратеничките прашања, за бесрамно да шири лажни вести што и официјално беа демантирани. Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во амбасадата на Република Белорусија во Белград“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

За таквата бесрамна лага на Милошоски, додаде тој, во официјалното известување од почесниот конзулат на Република Белорусија е наведено дека сè што било искажано е лага.

„Ваквото однесување на Милошоски е неодговорно и недостојно на функцијата што ја извршува. Но ова не е првпат Антонио лажни вести Милошоски да ја лаже и манипулира јавноста. Неодамна, тој излажа дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата. Таа лага веднаш беше демантирана од високи претставници на ЕУ“, рече Костадинов.

Соопштенија

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на „Реплек“ прогласена за најдобра HR-практика за вработените за 2024 година

Објавено пред

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на Реплек е прогласена за најдобра практика во областа на човечките ресурси за 2024 година. Највисокото признание за најдобра HR практика, компанијата го доби на годинешното доделување на награди за најдобри практики во оваа област спроведено од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, преку непосредно гласање.

dobivaj vesti na viber

Реплек во изминатите години ги интензивираше активностите за унапредување на условите на работното место, зголемување на задоволство на вработените и подобрување на продуктивноста. Во согласност со потребите на вработените, нивните очекувања и современите трендови, Реплек ја лансираше платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“. Во рамките на програмата се реализираа низа активности и се имплементираа нови модели кои дадоа значајни резултати во зголемување на задоволството на работното место и зајакнување на имиџот на компанијата како солидно место за развој на кариерата.

„Во услови на турбуленции на пазарот на труд и недостиг на специфични професии, клучен предизвик за компаниите е да создадат услови кои, не само што ќе ги задоволат очекувањата на вработените, туку ќе овозможат и соодветен личен развој. За нас е важна продуктивноста, но цврсто веруваме дека најзначајната вредност на секоја компанија се луѓето. Без нив нема напредок. Оваа платформа е резултат на нашите заложби да создадеме цврсти врски со нашите вработени и да ја чувствуваат компанијата како своја. Оттука, оваа награда за нас е од големо значење, бидејќи таа е потврда за тоа дека нашите заложби се видливи“, истакна Тања Иванова Ѓорѓиевска, директор на секторот за луѓе во Реплек.

Преку платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ се реализираат неколку активности за воспоставување нови работни модели, меѓу кои се флексибилното работно време и хибридниот модел на работа. Анализите покажуваат дека на 80 % од вработените чии работни позиции го овозможуваат тоа, ги користат овие модели, а дури 83 % искажале поголемо задоволство на работното место. Голем дел од активностите се посветени на создавање на услови за подобар баланс помеѓу работата и здравјето на вработените. За таа цел се реализираа работилници посветени на женското и машкото здравје – „РЕпродуцирај женско здравје 360 – Здрава жена, среќна жена“ и „Во здравјето е силата“, како и работилница на тема „Континуирана едукација за третман на мускулоскелетни заболувања“. За сите вработени достапни се физиотерапевтски услуги на работното место, а вработените се дел и од работилниците на компанијата кои се отворени за јавноста. Анализите од ефектите од оваа платформа покажуваат дека во голема мерка е намален стресот при работата, а зголемена е продуктивноста.

Годинава Реплек одбележува 80 години од основањето и продолжува активно да работи на спроведување на платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ во насока на создавање на корпоративна култура во која добросостојбата е начин на живот за сите вработени.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Објавено пред

Во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари значително се зголемува, компанијата ОКТА започнува активна соработка со Јавното претпријатие Национални шуми за превенција од пожари на отворено. Во рамки на оваа соработка, ОКТА донира дрон со специјализирана технологија за рана детекција на пожари, кој ќе им биде ставен на располагање на теренските екипи на ЈП Национални шуми. Дронот ќе ја зголеми ефикасноста во мониторирањето на шумите и ќе овозможи брза реакција на надлежните институции во критичните региони. Оваа донација претставува реален придонес за поголема ефикасност во заштитата на шумските ресурси и безбедноста на теренските екипи.

dobivaj vesti na viber

Паралелно, ОКТА, во партнерство со ЈП Национални шуми, иницира превентивни едукативни активности под слоганот „Пази што правиш! За пожар малку треба!“, кои имаат за цел да ја подигнат јавната свест кај граѓаните за опасностите од невнимателно однесување – одложување отпад на отворено, палење огнови, палење стрништа и непочитување на прописите за безбедно однесување во природа.

„ОКТА е компанија која својата општествена одговорност ја практикува преку реални и одржливи активности. Со оваа донација и со кампањата, заедно со ЈП Национални шуми, вложуваме во заштитата и безбедноста на природните ресурси во земјата. Цврсто сме уверени дека преку стратешки партнерства со институциите и активно вклучување во едукацијата за превенција, можеме да постигнеме значајни резултати и да ги намалиме катастрофалните последици по природата и заедницата. Сакаме заедно да испратиме јасна порака дека: Заштитата на шумите е заедничка одговорност, а превенцијата – најмоќното средство против катастрофи“, изјави главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос.

ЈП Национални шуми, заедно со локалните противпожарни единици, Републичкиот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, се во првата линија за справување со пожарите на отворено во државата.

„Соработката со ОКТА претставува важен чекор напред во нашите напори за заштита на шумите и природата од пожари. Новата опрема, особено дронот со напредна технологија, значително ќе ни помогне во раното откривање на пожари и ќе ја зголеми ефикасноста на нашите теренски тимови. Превенцијата е од суштинско значење – затоа, паралелно со технолошкото унапредување, активно се вклучуваме и во едукативната кампања за подигнување на јавната свест. Шумите се заедничко национално богатство и нивната заштита бара заедничка акција и одговорност од сите“, потенцира проф. д-р Здравко Трајанов, в.д. директор на ЈП Национални шуми.

Минатата година ОКТА обезбеди специјализирана опрема за гаснење на пожари на непристапни терени, која ѝ беше донирана на територијалната противпожарна единица од Свети Николе, чија околина минатото лето ја зафатија големи пожари. Истата година ОКТА го отвори и првиот тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати во земјата, наменет за обука и изведување на вежби за гасење пожари во безбедни и строго контролирани услови.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Клиниката „Жан Митрев“ го промовира здравиот начин на живеење преку шутбал – Walking Football

Објавено пред

Клиника Жан Митрев ја презема водечката улога во унапредување на здравите навики во Македонија, преку промоција на спорт што станува се попопуларен во светот – Walking Football, кај нас познат како Шутбал.

dobivaj vesti na viber


Под покровителство на Фудбалската федерација на Хрватска, екипата на Клиниката зеде активно учество на меѓународен турнир на островот Вис, каде што ја претставуваше Македонија со спортски дух и огромна посветеност. Натпреварувајќи се со тимови од Хрватска, Австрија и Унгарија, нашиот тим остави силен впечаток со својата енергија, фер-плеј и професионалност, што резултираше со нови покани за учество на меѓународни турнири.

Шутбалот е повеќе од игра – тој е нова можност за луѓето од сите возрасти да останат физички активни, да се дружат и да се грижат за своето здравје. Се базира на правилата на традиционалниот фудбал, но со клучна разлика: нема трчање, се игра со одење, а акцентот е ставен на рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален спорт за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани, постари над 80 години старост,мешани тимови мажи и жени, како и секој кој сака да води активен и здрав животен стил.

Клиника Жан Митрев е основоположник на Walking Football во Македонија и веќе ја најавува својата заложба за организирање домашни и меѓународни турнири. Целта е да се направи спортот достапен за пошироката јавност и да се поттикне изградбата на заедница која го негува здравиот начин на живот. Спортот бележи експанзија на светско ниво и е препознаен од страна на FIFA и UEFA како здравствено-корисна, инклузивна и безбедна алтернатива на традиционалниот спорт.

Клиниката ја презема одговорноста да ја води иницијативата за официјално втемелување на овој спорт во нашата земја, со јасна визија – да се создаде движење што ќе го негува спортот, здравјето и активниот животен стил, без разлика на возраста.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Откако Институтот за јавно здравје вчера потврди два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници во Македонија, епидемиологот Драган Даниловски на...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна...

Македонија2 часа

Мицкоски продолжува и на јавната сцена да демонстрира одбивност кон Албанците, велат од ДУИ

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во...

Свет3 часа

Европол разби огромна хакерска мрежа: „Го погодивме самиот извор на нападот“

Меѓународната операција против сајбер криминалот, наречена Операција „Endgame“, силно ги погоди глобалните мрежи за хакирање. Во периодот од 19 до...

Свет4 часа

Шефот на СЗО го повика Израел да покаже милост во Газа: Замислете како луѓето страдаат

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже милост во војната во Газа. Во емотивно обраќање на...

Македонија5 часа

Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се...

Македонија13 часа

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox –...

Македонија20 часа

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија20 часа

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Македонија21 час

Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република...

Македонија22 часа

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот...

Македонија22 часа

Поднесени две обвиненија за „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“, со кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор...

Македонија23 часа

(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и...

Македонија23 часа

Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека...

Македонија1 ден

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција, покажа ревизорскиот извештај за Хематологија

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника...

Топ1 ден

24-годишник од Струшко со „мерцедес“ излетал од пат: двајца тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во...

Македонија1 ден

Во Лондон денеска ќе биде потпишан договорот меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија ќе биде потпишан денеска во Лондон. Вицепремиерот и...

Регион1 ден

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано...

Свет1 ден

(Видео) Снимката од апсењето на убиецот на израелска двојка стана вирална на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека го прикажува моментот кога Елијас Родригез, осомничениот за смртоносната...

Свет1 ден

(Видео) Првпат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од...