Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Власта не заслужува цвеќиња и кафиња од 700 000 евра додека болните чекаат за третман
Човек треба да биде опериран од чувства и да нема грам совест за да не му преседне службеното функционерско кафе додека ги чита набавките на еспреса и цвеќиња вредни над 700 000 додека животи на деца висат на конец поради тоа што државата се премислува дали да одвои евро повеќе за лекување во странство, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој воедно нагласи дека секој владин функционер со малку етичност и човечност во себе би побарал ваквите тендери за луксуз да се поништат.
„Власта бега од одговор велејќи дека 660 000 евра е само проценка, што значи дека сумата може да оди и нагоре. Ќе повториме, власта издвојува 660 000 евра за цвеќиња во владините сараи. Во тие сараи ќе се пијат еспреса и капучина од 45 илјади евра. Во тој балон од сапуница, кланот на власт мора да ужива на грбот и несреќата на граѓаните. Нема 500 евра минимална плата, нема 100 илјади денари за докторите, нема јавно здравство, нема пласман за земјоделците, нема напредок во науката и образованието“, подвлече Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека овие два расипнички тендери веднаш мора да бидат повлечени и поништени.
„Заев, Шекеринска, Анѓушев, Спасовски, Филипче и другите од картелот на власт не заслужуваат цвеќиња и кафиња од 700 000 евра додека болните чекаат медицински третман собирајќи пари од донации“, рече Стоилковски и додаде дека ваквото расипништво заслужува што поскоро да биде жестоко казнето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

