Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Заев да одговори дали соработува со рускиот бизнисмен Иван Савидис
Ниту вчера ниту денес нема одговор од Зоран Заев за наводите во медиумите коишто пишуваат за вмешаност и поврзаност на власта со рускиот бизнисмен Иван Савидис, кој финансира проруски партии, а финансиски е распослан низ соседна Грција, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребен е одговор за пишувањата и сомнежите за можна релација на Заев и владата со рускиот бизнисмен, близок до Москва, распослан низ Грција, Иван Савидис. Потребен е одговор на прашањата: дали и колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија, и дали има поврзаност со Владата, премиерот и висок функционер од ЛДП, којашто е дел од владејачката коалиција? Дали Заев знаел чија компанија посетува кога го посети тутунскиот комбинат во Крушево, којшто е дел од синџирот на компании на Савидис? Дали Заев беше придружуван од Панајотис Теранидис, човек којшто е од доверба на Савидис? Колку се зголемени приходите на компанијата ‘Секе’ на Савидис по 2017 година, односно откако Заев ја презеде власта? Дали поранешниот директор на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски, кадар на приврзокот на Заев ЛДП, е главен потписник, прокурист на компанијата на Савидис? Дали Заев знае дека неговиот пријател, солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, е тесно поврзан со Иван Савидис, којшто веројатно му е и спонзор во политичката кариера? Дали знаел Заев дека хотелот ‘Македонија палас’ во Солун, или како милува Заев ‘Тесалоники’, каде што тој оди на прослави со семејството и советниците од Владата, е токму хотел на Иван Савидис?“, праша тој.
Заев, додаде Стоилковски, и неговата однародена криминогена банда се обидуваат секое спротивставување на насилните политики за обезличување и бришење на македонскиот народ, посебност и историја да ги прикаже како „странска руска интервенција“.
„Заев до сега освен празни флоскули, но и лаги, имајќи ги предвид раскажаните наводни сведочења на малолетници, нема предочено никаков реален показател ни од него ни од полицијата. По дилемите коишто сега ги отворија медиумите, со можност за сомневање таа врска да биде во насока на владиното дејствување, Заев има сериозна обврска да даде одговори на поставените прашања. Во спротивно само ќе ги засили сомнежите“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ја објави листата на добитници на стипендии за учебната 2025/2026
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Фармацевтскиот факултет – Скопје, според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-46/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на студиска програма за магистер по фармација
1. Теа Колевска
2. Каменка Николова
3. Гала Стојановска
4. Христина Марковска
5. Марија Димитрова
6. Евгенија Ристеска
7. Стефан Трајковски
8. Мила Стојановска
9. Адела Маловска
Студенти од четврта година на студиска програма за магистер по фармација
1. Јоана Илиевска
2. Марија Трпеска
3. Андријана Коцевска
4. Ива Јуришиќ
5. Давид Додевски
6. Анастасија Димитријевиќ
7. Ангела Ѓоргиевска
8. Теона Гаџоска
9. Ангела Јованоска
10. Ана Димитриевска
11. Сара Алексовска
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација во состав: Проф. Др. Зоран Стерјев – Претседател на комисијата, Проф. Др. Ана Поцева Пановска, Проф. Др. Ѓоше Стефков, Г-дин Бојан Георгиев, и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Медицинскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-48/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на општа медицина
1. Наталија Николовска
2. Андреј Тодоров
3. Инес Негриеска
4. Моника Нановска
5. Борјана Трајкова
6. Емили Обочки
7. Бистра Младеновска
8. Дијана Пенова
9. Катерина Бицеска
10. Дарко Палиќ
Студенти од четврта година на општа медицина
1. Евгенија Ристова
2. Матеј Јорданоски
3. Славјана Иваноска
4. Софија Тодороска
5. Даниел Зарев
6. Борис Фенев
7. Денис Новчевиќ
8. Петар Стефановски
9. Карла Карина Арнаудова
10. Михаела Слезенковска
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина во состав: Проф. Др. Светозар Антовиќ – Претседател на комисијата, Проф. Др. Јулија Живадиновиќ Богдановскa, Проф. Др. Димче Зафиров, Доц. Др. Васил Папестиев, Г-ѓа Надица Танчева и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.
За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована Цветановска од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено на квалитетното образование, станува пресудна. Затоа, образованието не смее да се сведе само на стекнување технички вештини, туку треба да мотивира, да поттикнува критичко размислување, креативност и способност за решавање комплексни проблеми. Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, особено за младите, вистинска чест е да се биде дел од континуирана позитивна приказна на едукација, научна посветеност и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручен кадар и на континуираните вложувања во развој и едукација, денес ’Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.


Во осумнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 151 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.
Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно на постојните и на новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.
(ПР)
Соопштенија
„Минт инс“ и Болницата „Плодност“ со нова заедничка иницијатива: подарок за секое новороденче и сигурен почеток на иднината
Во време кога секое семејство бара сигурност и стабилност на свој начин, Минт Инс ја претставува својата најнова иницијатива посветена на најмалите и највредни членови на семејствата. Во партнерство со Болницата „Плодност“, компанијата им посветува посебно внимание на моментите кога започнува најважното животно патување: родителството.

Со секое новороденче во „Плодност“, Минт Инс ќе подари меко и квалитетно бебешко бањарче, создадено за првите топли и безгрижни семејни мигови. Но вистинската вредност доаѓа со можноста што следува: детско штедно осигурување кое обезбедува стабилен финансиски почеток.
Како дополнителна поддршка, компанијата овозможува и бонус од 12.000 денари за секое семејство што ќе се одлучи за ова осигурување, како иницијален чекор кон иднината на детето.


„Родителството е најголемата радост, но и најголемата одговорност. Веруваме дека секое дете заслужува сигурен почеток, а секое семејство поддршка во првите чекори. Нашата иницијатива е мал, но искрен придонес кон тоа,“ велат од Минт Инс.
Партнерството со „Плодност“ претставува продолжување на стремежот на компанијата да биде присутна таму каде што се создава нов живот и нови почетоци. Оваа програма ја нагласува визијата на Минт Инс: да стои зад секоја важна животна одлука, уште од првиот ден.


Повеќе информации за детското штедно осигурување и бонус-пакетот се достапни во сите претставништва на Минт Инс и на официјалната веб-страница.
(ПР)

