Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Одговорот на МНР дека редовно исплаќале плата е заобиколување на вистината
Одговорот од соопштението на МНР дека редовно исплаќале плата е заобиколување на вистината. Е па почитувани, МНР треба да запре со, што би рекол господинот Зоран Заев, да кружи како „Киша око Крагујевца“ и да одговори зошто дипломатската мрежа и администрацијата во МНР со месеци немаат беа здравствено осигурани, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Срамно е, додаде тој, дипломати, амбасадори, службеници во администрацијата на македонската дипломатија при посета на лекар да се соочуваат со тоа дека немаат здравствено осигурување.
„Ајде да одиме со факти. Ако се било редовно, зошто тогаш сандачето за електронска пошта во МНР повеќе месеци е преполно со прашања и поплаки од вработени за немање здравствено осигурување? Ова се дел од фотографиите на документи од здравствени установи каде јасно се гледа дека вработени во МНР од 30.04.2019 и таа состојба трае до вчера. Еве што пишуваат во пораките на е-пошта: Денеска при преглед на Клиника утврдено е дека мојата работна организација нема платено здравствено осигурување заклучно 30.04.2019, ве замолувам да проверите што се случува со моето осигурување, па доставуваат документи каде што се гледа дека нема осигурување, а тоа е веќе од крајот на мај оваа година. Потоа друго писмо: Најитно молам да се провери зошто моето здравствено осигурување е заклучно 30.04 оваа година, а системот не дава зашто наводно не се платени придонесите. Молам да се провери и реши, за да не се случат поголеми проблеми во иднина“, рече Стоилковски.
Ако било сè во ред со здравственото осигурување, додаде тој, онака како што велат од МНР, од каде овие писма?
„Ако сè било во ред зошто одговорните за организациски работи, за човечки ресурси, поединечно и групно одговара и се извинува на поставените прашања дека сепак велат, проблем постои со здравственото осигурување на вработените и на дипломатите, и пишува за проблем? МНР е редно да одговори дали имало проблем со којшто од 30 април до вчера вработените беа оставени без здравствено осигурување, а македонските дипломати при посета на лекар морале да црвенеат бидејќи не им било соопштено дека не им било платено здравственото осигурување? И тука повторно се поставува главното прашање каде е и што прави Синдикатот на МНР? Вработените немаат здравствено повеќе од два месеца, а Синдикатот не стори преседан, како велеше самиот, и повторно не организираа протест, но овој пат за вистинско синдикално прашање, за состојба во која повеќе месеци се доведени македонските дипломати без осигурување? Синдикот го нема ниту за овој ниту за друг скандал што го тресе МНР и што ја погазува македонската дипломатија. Дипломатија под Димитров Никола“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

