Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Републичкиот јавен обвинител мора да биде сменет

ВМРО-ДПМНЕ до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај, со основано сомнение дека на изминатиот референдум над 50.000 гласа биле злоупотребени, но и поради полнење кутии, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој додаде дека потребата за смена на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, е неминовност поради неговото нестручно и несовесно работење, односно, како што рече, неработење, со што прави злоупотреба на службената должност.
„Републичкиот јавен обвинител, Јовески, мора да замине заради демократијата во Република Македонија. Референдумот и во кампањата и на денот мина во најнедемократска атмосфера, со поткуп, уцени, закани, лажење и лажно претставување преку кол-центри, до полнење кутии на денот на референдумот. За сето ова време Јовески не мрдна со прст, чекаше и чека поднесување претставки или кривични пријави, кои потоа ги става во фиока чекајќи да мине референдумот оставајќи го да се одвива во иста криминална атмосфера“, истакна Стоилковски.
Портпаролот на опозициската партија посочи дека во случај против криминогени дејства, криминал во изборни цели, републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, е обврзан да дејствува.
„Јовески е човек ставен во глувчешка дупка за да ги аболира, затскрие, скрие и оправда криминалите на власта, да ги скрие и одложи криминогените дејства против изборите, односно против референдумот“, додаде Стоилковски и рече дека со плашлив човек на ваква важна функција демократски избори се невозможни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ружински: Заборавениот бизнис инкубатор ќе го претвориме во модерен младински хаб, каде младите ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина

Нашата визија е едноставна, чесна работа, економски силна Малешевија и достоинствен живот за секој. И тоа не се празни зборови. Тоа е детален план со конкретни проекти. Проекти кои произлегоа од разговорите со вас, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово, Петар Ружински.
На денешниот народен митинг во Берово, во рамките на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за избори кои ќе се одржат на 19 октомври во недела, Ружински ја претстави програмата со која ја бара поддршката на граѓаните.
Посочи дека првиот темел на програмата е современа инфраструктура, и за таа цел ќе се уреди влезот во Берово, за да се стави крај на урбаниот хаос, ќе се донесе нов Генерален и Детален урбанистички план.
„Вториот темел е економски раст и можности за младите. Ќе го претвориме заборавениот бизнис инкубатор во модерен младински Хаб (HUB), место каде нашите млади ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина тука, дома! Ќе го издигнеме туризмот на светско ниво. Ќе изградиме градски базен, ќе ги уредиме спортските терени, ќе ја зачуваме нашата природа и сето ова ќе го направиме со силна поддршка од централната власт. Таа поддршка не е празен збор, таа е реалност. Еве, пред некој ден, со министерот за култура ја потврдивме веста, Владата обезбеди 90 милиони денари за реконструкција на нашата киносала“, рече Ружински.
Тоа е разликата, додаде тој, ние испорачуваме дела, а не само зборови и дека програмата е амбициозна, но остварлива.
„Ветувам чесна, посветена и пред сè, транспарентна работа. Преку дигитализација, секој од вас ќе знае каде оди секој денар од општинскиот буџет. Општината ќе биде сервис кој работи за вас. Мојата сила доаѓа од вас. Од секој човек што вечерва е тука. Од секој збор на поддршка, од секое ракување на чаршијата. Затоа, на 19-ти октомври, изборот е јасен. Изборот е помеѓу минатото и иднината. Изборот е помеѓу празни зборови и реални дела. Ве повикувам да излезете масовно и да го заокружите бројот 9. За Берово во кое младите ќе остануваат. За Берово на кое сите ќе бидеме горди! За нашата заедничка победа“, порача кандидатот за градоначалник, Ружински.
Соопштенија
Каранфиловa-Пановска од Дебар: На 19 октомври да се обединиме за Македонија да го фати вистинскиот правец

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловa-Пановска на граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Дебар ги повика граѓаните на 19 октомври, да гласаат за бројот 5, за обединување, за Македонија да го фати вистинскиот правец, бидејќи по година и половина со ДПМНЕ земјата оди во изолација, во поделби, а народот во сиромаштија.
„Македонија денес е втора најсиромашна земја во Европа според минимална плата. Сите економски параметри се лоши. Во изминативе 14 месеци над 1,8 милијарди евра нов долг има создадено оваа власт на грбот на народот, а највуваат уште 6 милијадри. Инфлацијата е 4%, повратот на ДДВ за фирмите доцни, над 700 милиони евра има државата долг кон фирмите кој не е вратен“, истакна Каранфиловa-Пановска.
Таа нагласи дека нема развој со вакви погрешни политики.
„Секој човек мисли што ќе однесе на трпезата дома, како ќе плати сметки, ова не е живот, ова е преживување. Младите се иселуваат, не затоа што не сакаат да живеат овде, туку затоа што државата им ја одзема надежта“, истакна Каранфиловa-Пановска, додавајќи дека токму затоа е важно во Советот на Дебар да има луѓе што ќе се борат за секој локален проект, за секој инвеститор, за секоја идеја што носи развој.
„Нашата борба за нашиот дом е борба и за заедништво, за општини коишто обединуваат, за Македонија што се гради со љубов, а не со поделби. Нашиот најголем адут на овие избори се чесните луѓе, нашите кандидати. Ние пред граѓаните изгледуваме со чесна понуда. Овде во Дебар тоа се нашите кандидати на советничката листа, кои ќе бидат вистински глас на народот на чело со Мухамед Имеровски!“, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловa-Пановска во Дебар.
Соопштенија
Китански: Пехчево ќе го направиме да биде енергетски ефикасна општина

Александар Китански, кандидат за градоначалник за општина Пехчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека во неговиот четиригодишен мандат и покрај сите опструкции од тогашната централна власт, изградени и реконструирани се многу улици, подобрени условите во училиштата, комуналната инфраструктура, како и реализирани капитални проекти барани од страна на граѓаните.
„Иако, кога станав градоначалник, на почетокот од мојот мандат имав огромни опструкции од тогашната централна власт, со направени технички документации, аплицирани проекти, а не одобрени од страна на тогашните министерства и тогашната влада, сепак успеавме со мојот тим да направиме многу изградивме, обновивме, променивме. Реконструиравме улици, ги подобривме условите во училиштето и градинката, инвестиравме во комуналната инфраструктура, вложувавме во младите и во културата, развојот на туризмот, промоција на градот, благодарение на сегашното раководство на Владата на Република Македонија. Реализиравме капитални проекти кои долги години беа барани од страна на граѓаните и истите се од огромно значење“, рече Китански.
Toj наброи дел од проектите на изборната програма за наредниот четиригодишен мандат.
„За наредните четири години имаме јасна визија и конкретна програма која произлегува од вашите потреби, а не од празни партиски ветувања. Ќе инвестираме во локалната инфраструктура, локални улици, водовод, канализација, поддршка на земјоделството и унапредување на образованието и создавање на нови, современи, модерни и достоинствени услови за нашите деца и за наставниците, унапредување и осовременување на здравството и здравствената заштита со набавка на нова и современа опрема, развој на туризмот нашата општина располага со прекрасни планини, реки, чист воздух и уникатна природа, поддршка на младите и развој на спортот за општина со здрави навики, поддршка на културни настани и развој на културата во Пехчево, ќе се бориме и ќе работиме заедно за чиста и енергетски ефикасна општина“, посочи Китански.