Соопштенија
(Видео) Стоилковски со 30 прашања за Филипче: Дали му недостигаат седенките со Боки 13 и колку чинат месечните транши рекет?
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, му постави 30 прашања на миистерот за здравство, Венко Филипче.
„До каде е новиот клинички од половина милијарда евра или чекате да дојде до милијарда? Дали до толку им требаат амбулантни возила во Скопје или е само завист за службените џипови за директорите? Колку отсто е маржата за набавка на инсулин, па што се уништува оној со валиден рок?Дали сте единствен министер за здравство кому му се случи, денеска, отворена човек-фирма со нула искуство, да биде единствен понудувач на тендер тежок дури 36 милиони евра и таа да му биде прифатена или еден Жути? Има ли уште некоја донација со кус рок во вашата невладина што може да ја поделите на пациентите како инсулинот во 2018? Имаше ли санкции за набавките на директорката Пановска-Ставрдис од компанијата на татко ѝ тешки над 3 милиони евра или и натаму си пазари дома? А санкции имаше ли за набавките за Онкологија и Радиологија, пак со Пановски, во четири очи за 400.000 евра, сомнително оправдувани како интервентни набавки?“, праша Стоилковски.
Тој постави и прашање дали „мерцедесот“ уште се продава за амбулантни возила или и така редовно се вози пациент? Колку патарини се минуваат за да се однесат транши рекет до благајникот со брада во Струмичко во аферата „Рекет2“?
„Ако сакавте да му ја преземете ‘Дијамед’ пред нос на шведскиот инвеститор, по колку ќе поделевте со Ден Дончев, ќе му кажевте ли на шведскиот амбасадор? Ви недостигаат ли вечеринките со Боки 13, на кои разговаравте за здравствениот систем, јавно-приватно партнерство, колку чинат месечните транши рекет, или кој да ја купи ‘Дијамед’? Дали пак се доведувате во тесно за штипската клиника со само 7 дополнителни милиони евра од буџетот наместо да заокружите на 10, па што ќе остане повторно се ваши? Што ве налути Детската кардиохирургија што толку студено се отарасивте од неа и ја оставивте на приватно? Оперираат ли сега доктори без дозвола за работа или без соодветна лиценца срциња на деца или како министер за здравство не е ваше да се мешате во приватниот сектор?
До каде е, рековте, новиот клинички центар во Скопје? А во Битола до каде е? Требаше да биде готов според „планот 24 месеци“ на Владата? Веќе и онака не е важно, нели? Колку точно доктори и медицински сестри го фатија патот кон Германија со вашите рекетарски реформи? Место нив, преземате ли доктори од приватниот во јавен сектор, вчера вработени и со стаж од еден работен ден?Колку сега се чека за „Мој термин“ за дијагностичките процедури, ортопедијата и урологијата, сте закажале ли за проба? Навистина, Филипче, кој е одговорен за огромната количина отпад во дворот на Клиничкиот центар? Имате член на семејството за фотографирање како прима вакцина против коронавирус, може и со капаче? Зошто нема резерви на адекватни заштитни маски, комбинизони, заштитни очила, дезинфекциски средства и слично за справување со биолошки закани или тука е секогаш сигурниот Пановски?
Ако многуте вработувања во здравството сега пред избори се итност, значи ли тоа дека здравствениот систем е во критична состојба со кадар? Ќе проработи ли еднаш фамозниот акцелератор во Битола заедно со бункерот вреден 8 милиони евра или и натаму само ќе го најавувате? Бесплатното болничко лекување за сите осигуреници во согласност со изборната програма на СДСМ во „планот 18 месеци“, се чека да почне на новиот клинички центар во Скопје? Имате ли табели за споредување на различните резултатите од лабораториите – секоја со свои мерки и апарати? На седенките со Вице Заев за кого сè ви интервенира и ви фаќаше врски, како вели Зоран Заев, може ли да откриете или можеме и сами да ги нагаѓаме? Колку отсто од лекарите специјалисти имаат плата од 100.000 денари? Функционира ли дијабет-центарот, кој помпезно го отворивте во Велес? Зошто прекина секаква едукација на доктори во странство, спонзорирани од Министерството, од кога вие лично ја искористивте? На крајот, што се случи со тендерот за стерилизација тежок над 13 милиони евра, па, министре, ќе се сложите, не е фер Жути да не го земе по 79 милиони евра земени од тендери од кај вас?“, се прашањата што ги постави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

