Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Филипче шест дена знаел за случајот со заразената докторка

Епидемијата со коронавирусот во Македонија се шири, а за тоа најголема вина има неспособноста и неодговорноста на министерот за здравство Венко Филипче, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според него, Филипче со прикривање информации и ненавремено реагирање довел до опасност за неконтролирано ширење на вирусот.
„Според нашите информации, а лесно можат да се потврдат во Министерството за здравство, директорката на кожната клиника, Нина Цаца Биљановска, се вратила од својот одмор во загрозеното подрачје на северот на Италија на први март, недела. Веќе следниот ден директорката била присутна на работа, без претходно никаква контрола на граничните премини од каде што влегла“, нагласи партискиот портпарол.
Како што кажа тој, истиот ден, односно на втори март, доктор од кожната клиника се јавил во повикувачкиот центар на Министерството за здравство за да го пријави нејзиното доаѓање од кризно подрачје и да побара реакција од институцијата.
„Следниот ден, на трети март, директорката веќе била известена дека е пријавена во министерството од нејзини колеги. Таа, пак, утринскиот колегиум го искористила за да се заканува кон докторите од клиниката дека ќе бидат избркани од работа“, кажа Стоилковски.
Тој јавно постави прашање кој ѝ дојавил на директорката дека е пријавена во повикувачкиот центар. Според неговите сознанија, докторите од кожната клиника по ваквиот испад на директорката Цаца Биљановска, истиот ден директно го известиле и министерот Филипче за заканите коишто ги добивале, но и за сомнежот дека директорката може да биде носител на опасниот вирус.
„Тоа значи дека Венко Филипче уште од трети март знаел за опасноста од ширење на опасниот вирус во една здравствена установа, во склоп на клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’“, констатира партискиот портпарол.
Според него, резултат на демонстрираната негрижа од страна на министерот е над 160 медицински лица да бидат во самоизолација, цела една затворена клиника, над 20 пациенти од кожна клиника коишто биле пуштени на домашно лекување во самоизолација и уште стотици и стотици луѓе со кои директорката била во директна комуникација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Трајановски: Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет, се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.
„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија. Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.
Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.
„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.
Тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
Соопштенија
Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.
Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за да има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.
„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.
Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.
„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.
Повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што рече, советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.
Соопштенија
Меџити: Чаир ќе биде лидер во искористувањето на европските фондови

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес конференција истакна дека проширувањето на буџетските извори преку европските фондови, особено преку програмата Horizon Europe, претставува реална можност за одржлив развој и модернизација на општината.
Меџити, придружуван од неговиот советник за финансии и буџет, Бујамин Бела, изјави дека приоритет на неговиот тим е создавање на разновидност во буџетската структура и обезбедување нови извори на финансирање со цел зголемување на капиталните инвестиции и долгорочните развојни проекти.
„Наш приоритет е да создадеме разновидност во буџетската структура и изворите на финансирање, со цел да ја зголемиме можноста за капитални инвестиции и долгорочни развојни проекти. Во оваа насока, постојано истражуваме различни начини на финансирање, со јасна цел, да изградиме поразвиен, иновативен и конкурентен Чаир. Според досегашните податоци, Северна Македонија има добиено нето само околу 12 милиони евра од програмите на Horizon, што претставува само 0.03% од вкупно достапните средства. Овој податок јасно покажува дека има голем простор за напредок, и време е општините, особено Чаир, да преземат поактивна улога во оваа насока“, изјави Меџити.
Тој додаде дека Чаир ќе следи нов пристап во развојот, преку аплицирање за проекти што носат повеќе инвестиции, работни места и поквалитетни услуги за граѓаните, користејќи ги европските фондови и меѓународната соработка.