Соопштенија
(Видео) Томовски: Скандалозен тендер од 19 милиони евра на ЕЛЕМ се мести да го добие фирма блиска до власта
Скандалозен тендер од 19 милиони евра на ЕЛЕМ се мести да го добие фирма блиска до власта, обвини Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Објавена е јавна набавка за огромни 19 милиони евра без претходно објавен технички дијалог, односно без проверка на пазарот. 19 милиони евра е голем тендер кој се договара со низа пропусти и низ процедура која отвора сомнеж дека однапред треба да го добие блиска фирма до власта. Дополнително станува збор за јавна набавка со краток период за прибирање на понуди од само еден месец, во кој е опфатен периодот на новогодишните и божиќните празници. Заради краткиот период за подготовка на потребните документи и поднесување на понуди компаниите барале пролонгирање на рокот за поднесување на понуди за 10-20 дена, но од страна на АД ЕЛЕКТРАНИ биле дозволени само дополнителни 6 дена за поднесување на истите“, рече тој.
Она што следи потоа, додаде Томовски, односно на 24.01.2020 година на неполни 7 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите, АД ЕЛЕКТРАНИ направиле измена на тендерската документација и тоа во девет делови на постапката со кои се направени големи промени во техничките спецификации кои биле првично објавени.
„Понатаму селективно е бодувањето кое се бара од најдобриот понудувач што укажува на сомнеж дека се мести тендер за блиска фирма до власта. Од вкупно 20 дела на тендерската документација само за дел 1 и дел 2 е предвидено моторот и хидрауликата да се од еден производител, што значи дека доколку не се од истиот производител понудувачот би добил 0 бодови. Доколку ова барање е битно за да се бодува квалитетот на опремата се поставува прашањето зошто истиот не е поставен и за останатите делови каде што има исто и мотор и хидраулика туку само за дел 1 и дел 2?“, рече тој.
Според Томовски, симптоматично тоа е што наместо да се бара банкарска гаранција на понудата АД ЕЛЕКТРАНИ на Македонија бараат изјава за сериозност на истата.
„Она што заслужува посебно внимание е бараниот услов од компаниите да имаат овластен теренски сервис со сервисна служба и опрема во Република Македонија или истиот да го формираат во рок до испорака на опремата но не подоцна од 6 месеци од потпишување на договор. При тоа треба да се има во предвид дека никаде во Законот за јавни набавки не се пропишани вакви одредби за утврдување на техничката професионалност и способност на компаниите“, рече Томовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

