Соопштенија
(Видео) Трипуновски: Владата преку „Македонски шуми“ врши поткуп на гласачи
Владата на СДСМ врши поткуп на гласачи и плаќа фирми блиски до себе, со народни пари, преку ЈП „Македонски шуми“, обвини во денешното обраќање дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Според него, јавното претпријатие во државна сопственост преку неколку тендерски постапки во висина од 8,5 милиони евра врши најбрутален поткуп пред избори.
Владата на СДСМ врши поткуп на гласачи и плаќа фирми блиски до себе со народни пари преку ЈП Македонски шуми.Кога ќе ја отвориме листата на фирми, добитници на тендерот ќе видиме фирми на лица блиски до власта. Имено над 3 милиони и 149 илјади денари добила делчевската фирма Алпин Ком, сопственост на браќата Ѕвонко и Миле Лазаревски.Тајсон ДООЕЛ на Кирчо Витанов од село Пиперево, општина Василево, фирма регистрирана годинава, го добива тендерот во Струмица во висина од 1 милион и 965 илјади денари.Ова се само дел од лицата блиски до власта кои се офајдиле од милионскиот тендер. Дополнително ќе бидат објавени и другите лица, блиски до власта.СДСМ троши народни пари за партиски потреби. Македонија не може да продолжи кон провалијата кон која не туркаат СДСМ.
Posted by Цветан Трипуновски on Среда, 10 јуни 2020
„Кога ќе ја отвориме листата на фирми, добитници на тендерот, ќе видиме фирми на лица блиски до власта. Имено, над 3 милиони и 149 илјади денари добила делчевската фирма ‘Алпин ком’, сопственост на браќата Ѕвонко и Миле Лазаревски“, посочи Трипуновски, кој додаде дека Ѕвонко Лазаревски е говорник на партиски митинзи на СДСМ во Делчево.
„Тајсон“ ДООЕЛ на Кирчо Витанов од село Пиперево, општина Василево, фирма регистрирана годинава, го добива тендерот во Струмица во висина од 1 милион и 965 илјади денари. Витанов е близок роднина на пратеничката Катерина Кузмановска и фамилијарно близок пријател на пратеникот од Пиперево, Сашко Атанасов. Дали неговата блискост и врски со функционерите на СДСМ му помогнале на Витанов – сопственик на новоформирана фирма, да добие тендер од ЈП „Македонски шуми“ и притоа да декласира фирми со долгогодишно работење во шумарството од тој регион“, јавно запраша дополнителниот заменик-министер за земјоделство, кој нагласи дека за овој случај дополнително ќе бидат објавени и други лица блиски до власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

