Соопштенија
(Видео) Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот
„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата,“ рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во општина Аеродром.
Тој нагласи дека ова е доказ за неспособноста на власта, која е ненародна влада и нема ништо добро направено во ниту една сфера.
„И тоа е само доказ за една незаинтересираност и неспособност на оваа власт која нема намера да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните или на државата”, истакна д-р Филипче, додавајќи дека нема ниту еден проект за кој оваа власт може да се пофали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.
Соопштенија
Трајанов: Гласај за сигурна победа и убедлив резултат
Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија, вели Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.
Тој ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност, масовно да излезат и да гласаат за кандидатите за градоначалници на Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заокружувајќи го бројот 9.
„Во Скопје со масовно гласање за Орце Ѓорѓиевски (9), ќе ги победиме деструктивните, непринципиелни и подземни коалиции, кои смислено го парализираа градот Скопје. Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија“, вели Трајанов.

